2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Имајќи предвид дека изведената градба „Доводен цевковод и нов резервоар за село Лавци“ е ставена во пробна функција, ЈКП. „Водовод“ – Битола како надлежен општински давател на услуга Ве известува за следното:

Доводниот цевковод и нов резервоар за селото Лавци ќе се одржува во пробна функција се додека не се изврши целосно испитување на инсталираната опрема во истиот и хиперхлорирање на мрежата, а потоа треба да се направи официјално и целосно примопредавање на водоснабдителниот систем помеѓу Општина Битола и ЈКП. „Водовод“ – Битола. Во вакви околности, крајните потрошувачи водата можат да ја користат како необработена (техничка вода), се додека не добијат поинакво писмено известување.      

Општина Битола ќе го побара во владение и во најбрз можен рок ќе го обнови планианрскиот дом „Копанки“, рече денеска на прес конференција советникот од СДСМ, Методија Иииевски.

-Општина Битола покрена постапка за поништување на незаконското приграбување на државниот имот на планинарскиот дом Кoпанки, сопственост на граѓаните, од страна на здружението ПСК Пелистер. По завршување на постапката и впишувањето на планинарскиот дом Копанки водржавна сопственост општина Битола ќе го побара во владение. Општината на својата сметка има доволно пари да го обнови планинарскиот дом Копанки во најбрз можен рок за што има и одлука на Советот, рече Илиевски.

Иливески рече дека Здружение на граѓани може да биде само закупец на државен имот, а тврди дека некој сакал да го приграби планинарскиот дом на штета на сите граѓани.

-Јавноста треба да знае, здружението ПСК Пелистер има извршено незаконско приграбување на сопственоста на планинарскиот дом Копанки на 10.11.2016 преку негово впишување како таков во Агенцијата на катастар и недвижности. Ова е во директна спротиставеност со членовите 105 и 106 од Законот за утврдување на правен статус. Согласно овие членови Здружение на граѓани не може да биде сопственик на имот кој до 1991 година и припаѓал на државата, односно планинарскиот дом Копанки бил и морал да остане во државна сопственост. Здружение на граѓани може да биде само закупец на овојимот, што било и случај до критичниот 10.11.2016 година кога со помош на тогашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ, незаконски, преку ноќ, планинарскиот дом Копанки станал приватна сермија на неколку поединци, посочи советникот Методија Илиевски на денешната прес конференција, додавајќи дека Копанки ќе остане на сите граѓани и нема да се приватизира.

-Битолската јавност многу добро знае дека претседателотна ПСК Пелистер е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник во општина Битола во периодот 2009-2013. Само овој факт е доволен доказ за тоа дека со политички игри планинарскиотдом Копанки некој сакал да го приграби, на штета на граѓаните. Се обврзуваме Копанки да го изградиме, да го обновиме, да биде планинарски дом  кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени. Конечно, планинарскиотдом Копанки ќе им го вратиме на Битолчани, рече Илиевски .

„Јавното претпријатие за паркинзи се подготвува за официјален почеток со работа. Денес интензивно се бележат паркинзите, а објавен е и тендерот за набавка на софтвер за управување со паркинзите. На крајот на месецот се очекува дека Советот на Општина Битола ќе го донеси ценовникот, а очекуваниот старт би бил после Илинденските празници. Се очекува претпријатието да понуди пониски цени и подобра услуга од досегашната“, изјави за Апла.мк претседателот на Советот Валентин Груевски. 

66458870 2651991854860151 3629724819454427136 n

Факт е дека имавме страшно невреме во Преспанскиот Регион, сите надлежни владини и локални служби се на терен за да се санира состојбата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот увид во Преспа.

„Сите служби се на располагање, расчистени се сите патишта. Владата ќе ги ангажира сите можни капацитети да се проценат штетите, и на земјоделски производи и на објекти, за да видиме колкава штета е направена. Стапивме во контакт со ЕВН за жителите да добијат електрична енергија и да имаат чиста вода за пиење. Треба време да се санираат сите состојби, важно е дека државата заедно со локалната самоуправа е целосно подготвена да помогне”, рече Спасовски.

Невремето ги сакати јаболкниците во Преспа.

„Долна Препа ја зафати силно невреме, буквално ни се случи водопад од град и дожд. Пороен дожд проследен со многу силни  ветрови однесе се пред себе. Сите јаболка и лисја се на земја, штетите се сто проценти“, рече Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен. 66388553 469417093869658 3336281808999284736 n

Низ вистински хорор поминаа и жителите на село Наколец, каде откорнати се бандери, искинати електрични жици, испаѓани керамиди од покривите на куќите, оштетен е дури и покривот од помошните објекти на црквата, а на едно место дрво се струполило врз куќа. 

66509664 2052338388407361 1959626404152737792 n

66775130 2341982329403157 2733899352811503616 n

66319373 384597268859719 5627479890266685440 n

66503724 842703586101378 7193324794866040832 n

Силното невреме го зафати и село Стење и тоа за време на  туристичка сезона. Весна Арсовска Митревска, жителка на Стење,  вели дека толку силно невреме не паметат со години наназад. Бурата ја споредуваат со ураган. Селото нема струја. Низ улиците испаѓани се искорнати дрвја, искинати електрични кабли, на сите страни има паднати керамиди, дел од куќите се без оџаци, а огромна е и штетата врз овоштарниците и другите земјоделски култури.  

 

Ураганско невреме ја зафати Преспа вечерва,  а жителите од овој крај на социјалните мрежи споделуваат видеа и фотографии од дождот, градот и силниот ветер кој  корнел дрвја, бандри  и носел покриви од куќи. Најпогодени биле селата во  Долна Преспа, каде невремето направило пустош во овоштарниците. 

Познатиот режисер Јане Бојаџи на својот ФБ објави видео со невремето во Преспа и напиша: Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу "природа"!

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани