2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битолскиот валија Абдул Керим паша познат по тоа што ги градел Офицерскиот дом, па објектот каде подоцна бил сместен стариот битолски Народен театар и бројни други инфраструктурни зафати на крајот од 19 и почетокот на 20 век, муслиманското население го нарекувало “Ѓаур паша“, а христијанското „Мајче“.

На вчерашната седница пред советниците на Советот на Општина Битола се најде одлуката за покачување на платите на сите вработени во градинките за 16 проценти. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска ја поздрави одлуката за зголемување на платите, но сепак рече дека ова покачување вработените нема да го почувствуваат.

Советот на Општина Битола донесе одлука за искористување на средства во висина од 7 милиони денари за изградба на пет нови улици во населеното место Долно Оризари, рече советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната прес конференција. Финансиските средства се обезбедени преку грантот за успешност на МСИП. 

Општина Новаци започна со имплементација на основниот проект „Реконструкција на доводен цевковод од “Петте чешми “ во должина од 13 км . Вкупната инвестиција е во вредност од 1.920.000 денари , средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од 1.500.000 денари,  а остатокот од Буџетот на Општина Новаци. Инвеститор е Општина Новаци, а како најповолен изведувач за извршување на градежните работи  избрана е фирмата ЗИМАК ДООЕЛ-Битола.

Жаклина Наумовска е избрана за нов  секретар на ОО на СДСМ Битола, додека  Александар Дракуловски за организационен секретар на партијата во Битола. Ова се новите соработници на првиот човек на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски, кој неодамна ја доби довербата од лидерот Зоран Заев да раководи со општинската  организација во Битола.

Наумовска долги години е  активен член на партијата, а на  битолската јавност и е позната како актуелен советник  во  Советот на Општина Битола.  

Синоќа во партиските простории во Битола се одржа изборна конференција на која присуствуваше новиот генерален секретар, Љупчо Николовски.

На изборната конференција беа избрани членовите на новиот Извршен и Надзорен одбор.

Во новиот состав на Извршниот одбор влегуваат 18 членови мегу нив Панде Богоевски, директор на ЈКП Комуналец, Весна Спиркоска, директор на Здравствениот дом, Зоран Дојчиновски  директор на јавното претпријатие кое ќе управува со паркинзите, Димитар Пипилевски, директор на школото во Бистрица , Бисера Костадиновска Стојчевска  професор на Педагошки факултет и Цветe Димитриевска, професор на Техничкиот факултет во Битола.

сдсм 1

Започна  поставувањето на лед светилките во Градскиот зелен пазар во Битола, и веќе неколку денови пазарот е осветлен навечер каде рабоите се веќе завршени. Шест тимови на фирмата изведувач работата на поставување на светилките за што меѓу тезгите се поставени и монтажни скелиња. Пазарџиите велат дека се задоволни бидејќи лед светилките ќе се палат и дење кога времето ќе биде облачно.

paza1

-Градскиот пазар во Битола ќе светне и во ноќните часови.
ЈП Пазари го заврши тендерот за поставување на нови ЛЕД светилки во градскиот пазар. Промената на старите светилки ќе заврши за десетина дена.
Вкупна инвестиција 200.000 денари се обезбедени од сопствени извори.
Темницата  ќе стане минато, најави неодамна  директорот на ЈП Пазари- Битола Владе Атанасовски.

Не е искосена бујната вегетација која прекрива делови од Историската патека на Пелистер, пешачка зона која ги поврзува Инфо центарот сместен во Вилата на Лазо со месноста викана Бегова чешма. На делови бујната вегетација достигнува висина од две метри и ја има прекриено патеката, па таму е тешко поодна, посебно за мали деца. 

Директорот на Националниот парк Амет Аџиу вели дека моменталната ситуација се должи на недостиг на работна сила. Имено, во моментот во посета на Пелистер се странски експерти вклучени во валоризација на паркот, па дел од вработените се ангажирани во тој процес. Директорот посочува дека ги искосиле ливадите кои се најпосетени од туристи преку лето, како Голема и Мала Ливада, излетничкото место Кај печурката и други  локации кои се приоритетни. Аџиу додава дека за скоро време ќе се искоси и вегетација која покрива делови од Историската патека на Пелистер.65687721 621662181664675 7859887162106314752 n

66479232 460766784481442 8291567762317246464 n

Јавното претпријатие за паркинзи ќе започне со работа веднаш по завршување на тендерските постапки за набавака на опрема, а во меѓувреме ќе течат и огласите за вработување. Се очекува до крајот на месецот да профункционира наплатата на градските паркинзи, а во овој вакуум период пркирањето низ Битола е бесплатно.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани