2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Јавното претпријатие „Водовод“ воведува нови практики во работењето со цел да ја подобри комуникацијата со граѓаните, сметките што ги доставуваат  да содржат точни податоци за потрошената вода, но и да се подобри водоводниот систем и снабдувањето со вода од секој аспект. Во наредниот период претпријатието ќе инвестира и во проект за електронско читање на водомерите, со што воведува современи  стандарди на работа, кои веќе се применуваат во други градови. Со тоа ќе сите состојби и промени  за секој водомер ќе бидат евидентирани во база на податоци , а ќе се следи и ангажираноста на секој инкасант. Оваа инвестиција е околу 2 милиони денари. 

Балканската рок легенда „Психомодо поп“ ќе го има првиот настап во Битола на концертот во недела во рамки на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола. Ова ретко музичко уживање битолчани, а и другите посетители ќе имаат можност да го доживеат со почеток од 21 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола. Харизматичниот фронтмен Давор Гобац ќе ги испее незаборавните хитови "Ја волим само себе", "Секси магазин", "Фрида", "Рамона", "Кад сам имао 16", песни кои ги пеат различни генерации веќе 35 години.

Возила паркирани на пешачки премин, паркирани на двете страни од улицата, возила оставени среде улица, ваква е состојбата денеска  во центарот  на градот додека рампите на определените паркинзи се кренати, и во овој преоден период од речиси две недели паркирањето во градот ќе биде бесплатно.

Апла. мк дознава од полициски извори дека се работи за убиство и  самоубиство, на двајца сопружници во зградата број 19 во комплексот Стара болница. Нивните иницијали се М(1962) и С(1957)  Ѓоревски.

Од полицијата за апла.мк потврдија дека од Итната медицинска помош во полиција пријавиле дека по претходна семејна расправија сопругот ја убил сопругата со пиштол ЦЗ 7, 62 па се самоубил.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител денеска попладнево изврши увид во  стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место, стои во соопштението.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

 

Маж и жена попладнево се пронајдени починати во стан во Битола.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител изврши увид во  стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место, стои во соопштението.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

 

Со победата на екипата НИКС од Битола и освоеното прво место по дваесеттина дена фер игра синоќа се затвори 6-от по ред Меморијален турнир Пеце Матичевски во Општина Новаци .
Градоначалникот Љубе Кузманоски ги додели пехарите за освоеното I , II , III место како и за најдобар голман и најдобар стрелец .
I место освои екипата НИКС од Битола, 
II место освои екипата Здг Валентин Стефановски од Демир Хисар,
III место освои екипата Бучин.

За најдобар голман беше прогласен Александар Станковски,  а за најдобар стрелец Ѓорѓи Стрезовски.  

Генерален покровител на турнирот беше Општина Новаци,  а во пресрет како и секоја година  излегоја  Спортските обложувалници Евротип , Голд Слот Клубовите  Гермина и Анаис.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани