
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Св.Климент Охридски“ од Битола е единствено од Македонија вклучено во Ерасмус+проектот „Учење за надминување на елементи на насилство“ или во оригинал "Learning to Overcaoming Violence Elements"- L.O.V.E. Проектот започна годинава и ќе трае до август 2020.
Сигурно сте слушнале за амнезија. По дефиниција е губиток на пoмнењето на одреден временски период, а ретко и трајно. Најчесто се јавува како последица на трауми на мозокот или патолошки промени во некои негови делови. Еден вид на амнезија е и неможноста да се замисли иднината. Тоа се случува затоа што ни недостигаат минати искуства за да предвидеме нешто кое треба да се случи. А, кога го немаме искуството од минатото не сме во можност да ја предвидиме иднината.На пример, луѓето кои се обидуваат да замислат што ќе им се случува на закажаниот деловен состанок се потпомагаат со своите претходни искуства за да ги исконтруираат потенцијалните идни случувања.
Кога имаме претходни искуства најчесто тие ни влијаат да замислиме нешто што ќе се случува во нашата иднина. Во многу ситуации е добро, затоа што ни дава соодветни информации за тоа како да се однесуваме, облечеме, дискутираме, на кои способности да работиме, со кои уверувања настапиме таму итн итн. Така најчесто креираме настан врз основа на нашето минато искуство и сеќавања, настани кои треба да се случат во иднината. Иако тоа е корисно во многу наврати не ограничува ако дадена ситуација која треба да се случи е обоена со негативни емоции во минатото. Тоа најчесто не спречува да се ослободиме и бидеме оптимисти, а истовремено и зрачиме добра енергија. Нашето размислување едноставно оди во насока на генерализирање, па може тоа да ни искреира неуспешно интервју уште 3 дена пред да дојдеме до него. Но, не е крај на светот. Понекогаш постојат методи кои сме ги слушнале или прочитале некаде и дале баш добри резултати за нас. Еден од нив за мене е ,,методот на амнезија,,.
Вештачки створената или ако сакате наречената ,,глумење амнезија,, е метод со кој можеме многу да си помогнеме. Пример, кога сме на некого лути и сакаме да му ,,траснеме,, в лице се што ни тежи може свесно да се натераме да ,,паднеме во амнезија,, и да пристапиме кон таа особа како да не ја познаваме. Тогаш незнаеме зошто сме таму, љубезни сме затоа што не ја познаваме, љубопитни сме затоа што можеби и незнаеме кој сме, се прашуваме која е личноста наспроти нас, зошто така ни зборува, дали нас ни се обраќа и сакаме да разбереме што точно ја поттикнува да постапува на таков начин? Ние при тоа ,,немајќи,, претходно искуство остануваме фокусирани да разбереме, љубопитни и збунети. Со нашата ,,намерна конфузност,, својот фокус го ставаме на оној што е спроти нас сакајќи преку него да научиме за себеси : Кој сме ние? Како сме се однесувале? На кој начин овој човек е одраз на мене? На што треба да сум благодарна во овој момент? Што сака да ми каже? Зошто сум тука? Во каква релација сме? Дали постои нешто што го боли, а јас сум допринела за тоа да е така? Што мисли тој за ситуација за која не ни знам дека се случила?
Кога ,,амнезијата прави да незнам,, тогаш ми се отвора видикот да научам повеќе за себе и за другите. Оној што ќе ја примени оваа метода треба да знае дека таа бара голем психички напор, но да се ставиш во ,,вештачка амнезија,, создавајќи ја свесно понекогаш не само што го менува фокусот, туку и ни помага да добиеме нов увид за себе, за другите и за околностите во кои сме. А, многу често и да решиме некои од нив.
Ако ви е тешка примената тогаш пробајте ја неколку пати како на шега. Ако не за друго можеби ќе биде забавно, а ако го промениме нашето расположение, надворешниот свет сам ќе се промени.
Пишува,
М-р Билјана Галовска - Професонален коуч и НЛП практикант
Инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со повеќе активности СВР Битола го одбележа Денот на превенцијата, 9 Декември. Во посета на полицијата денеска беа ученици и децата од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“
Средношколците Мила Ивановска од Битола, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола, Димитар Џорлев од Струмица и Дарко Стојчев од Кавадарци се закитија со бронзени медали на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Габароне , Боцвана, што се одржува од 2 до 11 декември, годинава. На Олимпијадата од Република Македонија учестуваа шест деца Мила Ивановска од Битола, Димитар Џорлев од Струмица, Дарко Стојчев и Мајкл Георгиевски од Кавадарци, како и Дамјан Јанчевски и Бисера Јанчевска од Скопје.
Учениците се натпреваруваа во области од физиката, хемијата и биологијата.
Со бехатон плочки извршена е реконструкција на улица во селото Градешница, Општина Новаци. Реконструкцијата е во вкупна должина од 640 метри,а се одвиваше во две фази со средства обезбедени од Бирото за развој на планските региони во Р. Македонија.
-Ги подобруваме условите за живот на жителите од селото Градешница како и условите за развој на руралниот туризам, велат од Општина Новаци.
Општина Новаци започна со изградба на атмосферска канализација во населеното место Новаци во должина од 450 метри .Средства се обезбедени по договорот за отстапување на средства од фосилни горива со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Деновиве интензивно се работи на терен за подобрување на условите за живот на граѓаните на населено место Новаци.
Времето утре вторник, 11 декември, ќе биде променливо облачно и студено, а на места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура во Битола ќе се спушти до -4 а максималната ќе биде 2.
Пишувам јас, Златко Самарџиев, викан Кекел, ама ако ме викаат од подалеку, тогаш викаат КЕКЕЕЕЕЛЛЛ!
Здраво убај љуѓе на планетава Земја, честитки до земјата шо не крепи вакви какви шо сне! Битолцизми ти се зборој шо се користат само во Битола. Добро де, можи не само и само во Битола, ама само битолчани можат да ги разберат ко шо треба.
Здружението на пензионери од Битола им соопштува на своите членови – корисници на старосна, семејна и воена пензија дека започнува упис на млечни производи:
1.Кравји кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 310 денар/кг.
2.Кравји кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 320 денари/кг.
3.Мешан кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 330 денари/кг
4.Мешан кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 340 денари/кг
5.Кравјо бело сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 220 ден.
6.Мешано бело сирење вакум ( парче околу 300 гр.) за 250 ден.
7.Биено сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 320 ден/кг.
Француското и македонското знаме деновиве се веат едно крај друго во градот Епинал, семестен во областа Лорена, кој важи за еден од најцветните и комунално најуредени градови во Франција. Епинал деновиве го слави својот заштитник Свети Никола, а заедно со делегацијата од Општина Битола беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града.