
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Чест ми е што наградата ‘Златна рамка’ од Друштвото на филмски работници доаѓа токму во година кога славам јубилеј од четири децении професионална актерска дејсност“, изјави легендарниот битолски актер Петар Мирчевски- Пепи за Апла.мк откако ДФРМ соопшти дека тој е добитникот на наградата за филмски актер.
На барање на СОТУ "Ѓорѓи Наумов"-Битола , ЈКП "Нискоградба" постави тампон слој со кој се олеснува движењето на учениците и граѓаните кои го користат дворот на училиштето како шеталиште и скратен пат до Новиот градски пазар во дождливите денови.
Искрена благодарност до јавното претпријатие „Нискоградба“, вели директорот на Техничкото училиште Владимир Роме.
Техничкото училиште од Битола денеска упати писма до Одделението за комунални дејности до Општина Битола и јавните претпријатија „Пазари“ и „Комуналец“ да се најде заедничко решение на проблемот. Училиштето бара начин како да изнајде решение за отпадот кој се создава од страна на пазарџиите кои го користат паркинг просторот на Новиот градски пазар како простор за тезги на отворено.
-Имено непосредно до дворот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ се лоцирани импровизирани тезги на пазарџии кои продаваат земјоделски производи. Во летниот период тука се продаваат лубеници и грозје, а пазарџиите околниот простор го користат за фрлање отпадоци и вршење нужда. Дворот на нашето училиште во кое учат 680 ученици е во непосредна близина на новиот градски пазар и истиот од страна на жителите на околните згради се користи како скратен пат за нивно одење до градскиот пазар, наведуваат од школото.
ОД ЈКП „Комуналец“,пак училиштето побара да се зголеми бројот на контејнери за отпад на паркингот кај новиот градски пазар доколку постоечкиот не е доволен за отпадот што го создаваат пазарџиите.

Претходно училиштето со општината , јавните претпријатија и Ротари клубот учествуваат во чистење на овој простор од сметот, но несовесните пазарџии не дозволуваа да биде чисто повеќе од еден ден. Од Техничкото училиште апелираат за изрекување на казни од страна на комуналната инспекција.
РЕК Битола ја информира јавноста дека во текот на денот планирано е исклучен Блок 1. Постројката повторно ќе биде вклучена на мрежа в понеделник. Овој период ќе биде искористен за зајакнување на неговата оперативност.
Во меѓувреме, продолжува производството на електрична енергија од останатите два Блока на РЕК Битола. Целокупните потреби од електрична енергија во периодот додека Блок 1 е икслучен, АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи и од хидроенергетскиот потенцијал, како и останатите производствени капацитети на компанијата.
-Градскиот превоз останува 20 денари, тоа е цена што ја донесовме со тарифите пред два месеца. Тој може да се користи од понеделник до сабота и дел од линиите кои се во недела од градскиот превоз. Ако градскиот превоз го користите двапати денот билетот ќе чини 16 денари. Што се однесува до другите линии ние се обидуваме со одлуките што ќе ги донесеме за населбите кои се блиску до градот, Логоварди и другите да воведеме превоз и во текот на школскиот распуст , односно автобусот да се обраќа секој ден од понеделник до сабота, а досега имаа во вторник и петок.
Новите порти на манастирскиот комплекс „Св. Јован Бигорски“ ги изработија вработените од Фабриката за опрема и делови од Новаци. Портите деновиве беа поставени на влезот од храмот. Својата умешност и креативност ФОД ја покажа во повеќе наврати во изминатите месеци, покрај работните задачи изработувајќи и донирајќи и влезни врати и огради за повеќе битолски училишта, градинки и други институции.
Најубаво се твори, говори и слуша на мајчиниот јазик! Со една ваква порака и креативно изразување на најмладите генерации, низ богата програма исполнета со сценска изведба и рецитал во ОУ „Св. Климент Охридски“ беше одбележан 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој од 2000 година е промовиран и како Ден на лингвистиката, културната разновидност и мултилингвизам.
Убавината и звучноста на нашиот јазик создадоа атмосфера во која многубројната публика имаше можност да се воодушеви на моќното ученичко изразување, зад кое видлив беше и големиот успех на наставничкиот кадар кој низ своето несебично ангажирање, овозможи детскиот талент, пред присутните да го долови секојдневието на секое семејство, соочувајќи ја публиката со предизвиците и ризиците на модерното време.
„Парк на социјална инклузија“, „Регионално осветлување“ и “Реконструкција и модернизација на НУ Завод и музеј“-Битола“, се трите предлог концепти за приоритетни проекти што ги изгласаа учесниците на денешниот трет форум, организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
ЈП „Пазари“-Битола ќе произведува електрична енергија преку фотоволтаични панели за сопствени потреби. Советот на Општина Битола донесе одлука ЈП „Пазари“ да ја прошири својата дејност, да го измени и дополни Статутот на претпријатието со што за сопствени потреби да може да произведува струја. На овој начин „Пазари“ ќе биде и првото општинско јавно претпријатие во државата од оваа дејност кое само ќе произведува струја за покривање на своите потреби.
Директорот на ЈП „Пазари“ –Битола, Владо Атанасовски вели дека панелите ќе бидат поставени на кровот на постоечките настрешници во Градскиот пазар што служат за заштита на тезгите.
Пожар денеска избувна во гаражата на поранешната амбуланта во Новаци, објкет лоциран на излезот од селото кон РЕК Битола. Огнот се проширил кон објектот, откако засега непознато лице го запалил стрништето на десетина метри од амбулантата.
„Депонија Мегленци во Битолско е на површина од шест хекатри и е тешко проодна, па не ќе може да се одбрани макар и со десет стражари. Ако се стават во смени тоа би било 30 стражари, а Јавното претпријатие ‘Комуналец’ не е толку богато да постави толку голем број стражари“, рече директорот Панде Богоевски околу предлози на советници да се вработат повеќе чувари за да се стави крај на влегувањето свињи и диви собирачи на депонијата.
