
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По традиционалните обичаи, битолчани денеска ги закројуваат лозовите насади.На празнувањето на Св. Трифун, лозарите симболично го полеаа лозјето со вино и ракија за богат род и молба за заштита од град и суша. Го направија адетот, закроjувајќи ги лозите во чест на светителот кој според верувањето е заштитник на лозовите насади и земјиштето што се обработува. Лозарите се молат на Св. Трифун да имаат многу род и здраво грозје, велат битолчани.

Во голем дел од земјава утрово се измерени температури под нулата. Минус 6 степени се измерени во Битола.
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.
Откажано е гостувањето на Македонската опера и балет со балетот „Либертанго“, кое беше предвидено за вечерва 14 февруари во Центарот за култура –Битола. Од Центарот за култура за апла.мк велат дека настанот се откажува поради тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 14 лица, но дека се преговара со Македонската опера и балет, балетот да се изведе во недела на 17 февруари, во 19 и 30 часот на истата сцена.
.
И на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница, попладневно променет е натписот на таблата при влез во државата, каде сега на англиски и македонски јазик е напишано Република Северна Македонија.
ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола се вклучи во меѓународен проект „Innovate your dreams-2019“ кој има за цел да им помогне на учениците да разберат и да се подготват за работните места во иднина.
Капаци од шахти низ битолските улици и натаму се мета на несовесни граѓани и крадци . По реакции на битолчани дека недостасуваат капаци од шахти на Булеварот 1-ви Мај , кај Музичкото училиште и Историскиот архив , ЈКП „Водовод“ги санира и соодветно ги обезбеди истите .
-По забелешки на загрижени граѓани, веднаш се испратени екипи на терен за санација на истите, велат од ЈКП"Водовод".
Кражбите на шахти во Битола траат со години, така што пред десеттина години се случуваше да бидат украдени дури и по 200 кражби месечно , по што решението се бараше во бетонски капаци.
Сега ЈКП „Водовод“ ги охрабрува битолчани да реагираат и да пријават доколку забележат дека на одредена позиција нема шахта или инвентарот со кој стопанисува претпријатието, доколку се оштетени, прават проблем или се евентуална опосност за минувачите или возилата.


Граѓанската иницијатива БИСТА од Битола изработи проект на соларна централа за производство на електрична енергија по ист принцип на работа како РЕК Битола, но како извор на топлина се користи сонцето, наместо јаглен. Според проектот соларно-термалната електрана е со капацитет од 40 MW/h
Суденото време не ги поколеба битолчани да излезат на вообичаената вечерна прошетка на Широк Сокак. Снегот го исчисти воздухот на задоволство на сите. Па една „волта“ од плоштадот Магнолија до Шеталиште не е на одмет велат повозрасните , додека помладите ги обиколуваат продавниците и кафичите на најпрометната улица во градот.






Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот кој што беше земен од Светска банка од претходната локална власт.
„Со оваа исплата за само шест месеци,заедно со првата рата во вредност од 7.840.623 денари, општината покрај тековните обврски, успеа да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра“, соопштија од Општина Битола.
