
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот и признат македонски дипломат, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, поранешен Амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) , Австрија (2010-2015), Јапонија и Словачка, за апла.мк потврди дека најверојатно ќе поднесе кандидатура на отворениот повик на СДСМ за претседателски кандидат. Ова е првата официјална потврда, откако владеачката партија вчера одлучи на јавен оглас да го бара претседателскиот кандидат.
ЈКП „Комуналец“ од денеска започна со кастрење и уредување на дрворедите низ градот . Напочеток се работеше на улицата Васко Карангелевски.


Денеска е пазарен ден во Битола, а тезгите на Градскиот зелен пазар тежат од свежи земјоделски производи, зеленчук и овошје. Повозрасните битолчани пазаруваат , додека помладите го пијат претпладневното кафе на Широк Сокак и уживаат во прошетките на Градското шеталиште.








По улиците од прв приоритет во централното градско подрачје продолжува крпењето на ударните дупки настанати поради поларните температури и мразеви во изминатиот период , а ЈКП „Нискоградба“ ја следи временската прогноза на УХМР и се подготвува за справување со евентуално нови врнежи од снег.
-Имаме доволно количини на ризла и сол за да се справиме со новиот снег кои метеоролозите го прогнозираат за утре навечер и четврток во раните утрински часови, вели Методиј Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба„ –Битола.
Во Битола утрово се измерени 6 степени, а во текот на денот температурата ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
Сообраќајка во која според читатели на апла.мк се судриле два камиона и еден автомобил утрово после седум и пол часот предизвикала долга колона на возила и застој во сообраќајот на патниот правец Ресен –Охрид пред превојот Буково.
Читатели на апла.мк утрово ни испратија фотографии со забелешка дека патот бил блокиран подолго време и дека во сообраќајката има и повредни.
АМСМ пак на својата веб страна пишува дека сообраќајот на патниот правец Охрид - Ресен, кај м.в. Буково се одвива наизменично по една коловозна лента.

Битола и оваа зима со гуши во загаден воздух.
Шеснаесет возачи возеле под дејство на алкохол за време на изминатиот викенд и истите биле исклучени од сообраќај, додека 24 лица управувале без возачка дозвола. Тринаесет возила биле технички неисправни, а пак 84 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената.
Добар дел од сообраќајните знаци на патот Битола- Ресен се полегнати. Се работи за понови знаци кои го регулираат сообраќајот. Најверојатно знаците не ги преживаја последните снежни врнежи, па неопходно е наново да се прицврстат.



Над 20 искусни планинари и рекреативци од повеќе планинарски клубови од Битола, го искористија денешниот неделен ден да се искачат на врвот Пелистер и покрај силниот ветер од 120 км на час. На одредени места ударите од ветер достигнувале до 150 км на час, а планинарите тргнале кон врвот и покрај тоа што ја знаеле временската прогноза. Исто така, снежната покривка на места достигнува и до два метри, велат планинарите
