2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Скалите во Новиот реонски пазар во Битола ќе се обноват со нови плочки штом дозволат временските услови. Изминатиот период поради екстремно ниските температури и солта која беше посипувана за да не се лизгаат минувачите плочките поставени на скалите значително се оштетија, па од ЈП „Пазари“ –Битола велат дека тие се исчистени од искршените делови и наскоро штом се покачат температурите ќе бидат поставени нови плочки.

skali 3

Граѓани на социјалните мрежи деновиве реагираа дека скалите во Реонскиот пазар се во незавидна состојба  и претставуваат ризик за минувачите.  

Лани во април ЈП „Пазари“-Битола, ги реконструираше скалите на надворешните пристапи во Новиот реонски пазар во Битола. Старите, искршени или оштетени плочки на скалите се замануваа со нови и со тоа се реконстуираа сите пристапи со цел да се заштити и обнови комплексот, но поларните температури оваа зима повторно направија проблеми.

skali 4

Градоначалничката Наташа Петровска и денес продолжи со увидот во реконструктивните зафати во битолските градинки, со цел да се видат реализираните проекти и активности, за кои се издвоени средства од буџетот на Општина Битола, но и за тоа како градинките ги трошат сопствените пари.

Директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска информираше дека во изминатите неколку месеци извршени се голем број реконструктивни зафати во износ од 5.230.500 денари, од кои 2.910.500 денари се средства од Општина Битола, а биле наменети за набавка на мебел, реконструкција на санитарни чворови и набавка на паравани.

Оваа недела, на 3 февруари, со почеток во 20 часот во Големата сала на Центарот за култура ќе се одржи хуманитарен концерт „Пееме за Мери“. На концертот ќе настапат Уникат бенд, Марија Цветановска, Кирил Стојчевски, Давид и Димитриј Стојчевски, Христијан Тришоски, Анастасија Центар –ориентални танци. Водител на концертот ќе биде актерот и стенд ап комичар Марјан Георгиевски.

Агенцијата за млади и спорт  ќе гради 15 затворени  базени низ Македонија, а еден од нив ќе биде во Битола. Неофицијално дознаваме дека подготвителните активности се  пред крај , се средуваат и комплетираат документите по што Агенцијата ќе распише тендер за изградба на базените низ повеќе градови во државата.

Што се однесува до Битола дознавме дека локацијата е одредена, иако од Општина Битола се  уште не излегуваат со податоци се додека целата процедура не заврши до крај. Најверојатно истиот ќе се гради во непосредна близина на Градскиот стадион во Битола под Тумбе кафе.

Пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција е изградена, а наскоро се очекува технички прием, потврдуваат за апла.мк од Министерството за транспорт и врски. Но, кога ќе се воспостават првите линии, се уште е неизвесно. Според најавите оваа делница требаше да биде комплетно завршена до крајот на минатата година,а причина за последното одложување  се временските неприлики во овој регион, снегот и поларните температури зимава, поради што не можеше да се постави електричната инсталација, велат  од Транспорт и врски.

Во три детски градинки, „Колибри“ во населбата Стрелиште, „Вангел Мајорот“ во Карпош и „Росица“ во населбата Буковски Ливади, се зголемува капацитет, а со опремување на три нови занимални, наскоро во овие градинки ќе можат да се сместат 75 новозапишани деца.

Членовите на планинарската  еко група „Турни ме да кинисам“ од Битола, го искористија убавиот сончев неделен ден да се искачат преку Маловиште, до црквата „Свети Спас“ и врвот Вртешка на Пелистер.  Уживаа во чистиот воздух, длабокиот снег  и од таму ја донесоа оваа прекрасна панорама од планинскиот убавец.

-На Пелистер, нашето најголемо природно богатство,   има забава, чист пелистерски воздух, здраво тело. Сите упорно одат на кафе на Широк Сокак, а ние предлагаме дневна доза пелистерска убавина, велат од планинарската еко група „Турни ме да кинисам“’. 
Уживајте во 5 минутното видео на Сашо Попоски од  „Турни ме да кинисам“

Со почетокот на второто полугодие, повторно на седница на Совет се актуелизира темата со бесплатниот школси превоз. Од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека прашање е дали по 18 февруари ќе има линиски превоз и обвинија дека до крајот на март учениците ќе бидат без бесплатен превоз. Од локалното мнозинство предводено од СДСМ возвратија дека експертска група работеше за решавање на проблемот, па во тек е тенерска постапка и дека во почетокот на февруари ќе има склучени договори со превозни фирми.

Советот на општина Битола денеска го пренесе правото на одржување и сервисирање на уличното осветлување во централното градско подрачје во Битола на ЈП „Комуналец“, дејност  која во изминатите години беше во рацете на приватни фирми. Со ова треба да се подобри одржувањето на уличното осветлување, а за тоа ќе бидат издвоени средства и дополнително ангажирани вработени во ова јавно претпријатие.

Температурата утрово во Битола достигна 2 степени, а во текот на денот ќе се искачи до максимум 5 Целзиусови степени.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, претежно во источните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови.

Утринските се движат од минус  1 до 5 степени, а дневните ќе достигнат од 2 до 10 степени. 

Во следните два дена (до четврток) ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините (над 1400 мнв) од снег. Денес во текот на ноќта и утре преку денот врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, а локално ќе наврнат над 30л/м2 дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат послаби и поретки и ќе има повеќе сончеви периоди. Во четврток висината на снежната граница ќе се спушти до околу 1000 мнв, но врнежите ќе бидат главно со послаб интензитет. Од петок до недела се очекува стабилно време и значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани