2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Градскиот часовник во Битола два дена не работеше, а денес надлежни екипи од Општина Битола го поправија. Сказалките беа застанати на десет минути до четири часот. Неофицијално дознаваме дека дефектот бил предизвикан од влага која настанала од студеното време и врнежите снег.

Сообраќајната полиција продолжува со контроли на возачите на територијата на Општина Битола.

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола, Прилеп, Плетвар и на патните правци крак Маврово, крак Стража, информираат од АМСМ.

Студот, снегот и маглата на овој битолчанец не му можат ништо. Тој денеска се прошета по Широк Сокак по куси панталони и ракави, спремен за џогирање, како на среде лето.

Вчера била  пријавена тешка кражба во црква „Св.Архангел Гаврил“ во Битола, откако  непознат сторител  со употреба на физичка сила го скршил цилиндарот од влезната врата од црквата и влегол внатре при што од касата одзел пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Црквата Св Архангел Гаврил се наоѓа во населбата Довлеџик , на излезот од Битола.

И во продолжениот распуст битолчани на планина . Ски центарот Нижеполе и денеска се капе во сонце додека Битола е заробена во магла.

2

 

 1

 

4

 

5

6

 

За празничниот викенд битолската полиција при контрола открила 18 пијани возачи. Контролите биле извршени за  зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици на 828 возачи и возила.


При контролата кај 18 возачи откриено е присуство на алкохол и истите се  исклучени од сообраќај. Две  лица не користеле сигурносен појас , а 2 други возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возило.
Еден возач  непочитувал првенство на минување и 2 други направиле прекршок при неправилно престигнување. Осум  возачи се  писмено опоменати ,а за неправилно паркирање издадени се вкупно 11 мандатни платни налози.
На 46 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 33 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 30 видови останати прекршоци.                  
  На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден има случено 5 сообраќајни незгоди  од кои во една незгода едно лице се здобило со телесни повреди , а во другите сообраќајни незгоди причинета е само материјална штета.

  •  

Битола  денеска е под магла и намалена видливоста од 50 до 100 метри , а утрово темпаратурата се спушти до  -4степени Целизиусови.

Претежно облачно, сончеви периоди ќе има во крајните западни и источни делови. По котлините ќе има појава на магла, која по одделни котлини ќе се задржи во текот на целиот ден со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата на воздухот ќе достигне од 1 до 10 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. Во втората половина од следната недела врнежите се очекува да бидат пообилни.

Густа магла вечерва падна над Битола. Видливоста е намалена на неколку метри. Маглата не дозволува проветрување на воздухот и сите загадувачки честички остануваа да лебдат над земјата.

Битолчани викендов побегнаа од загадениот воздух  искачувајќи се на Пелистер. На паркиралиштата пред Информативниот центар и хотелот Молика немаше слободно место од паркирани возила. Коли имаше паркирано дури и по патот. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани