2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

 

Не ви е добро? Прашајте се дали ги почитувате своите вредности?!

Го знаете она чувство кога внатре имате бура на емоции кои ви се судираат. Тогаш знаете дека сте доживеале внатрешен конфликт. За разлика од другите постоечки овој може да е во директна врска со ,,газењето“ на сопствените вредностите кои ги почитуваме. Дали некогаш сте размислувале за тоа кои се вашите вредности врз основа на кој се мотивирате, донесувате одлуки и живеете? Списокот на вредности е многу долг и кај секој од нас е различен, но прашањето е зошто е важен?

Вредностите одредуваат зошто нешто правиме и зошто тоа ни е важно. Тие делуваат на тоа дали се чувствуваме способни да оствариме нешто или ограничени. Ако ги знаете вашите вредности полесно ќе се разберете себеси, но може и свесно да ги промените нивниот приоритет или значење ако не го постигнувате саканиот резултат.

Во вредности спаѓаат љубов, фантазија, креативност, храброст, идентитет, индивидуализам, дисциплина, семејство, објективност, харизма, еднаквост, искреност, снага, сигурност, пријателство, ведрина, верност,хармонија, мир, ред, речитост, точност, толеранција, слобода, слава, независност, нежност, отвореност, потекло, успех, здравје, животна радост, среќа, свест за обврска, припадност, демократија, чест, безвременост, благост, богатство, почит итн. Ова е само дел од списокот, а ги има уште најмалку стотина. Ако сакате да проникнете во вашите и да одредите зошто ви е нешто важно одберете 10 најважни вредности согласно кои живеете. Потоа нумерирајте ги со броеви од 1 до 10 во кој најважната вредност ќе биде нумерирана со 1. Избирајте помеѓу 1 и 6 (па 2 и 7, па 3 и 8, 4 и 9, 5 и 10 ) и прашајте помеѓу две вредности која Ви е поважна. Така ќе ја добиете листата од 5 најважни вредности за Вас. Продолжете со тоа што на лист хартија ќе запишете до секоја од нив што значи таа за Вас и што Ви пружа?! Па, прашајте се: Како на надворешниот свет му ја покажувам вредноста Х (на пример слобода)?

Оваа кратка, но ефективна вежба може да ви расветли што е она што Вас ве мотивира, зошто ви е тоа важно. Понекогаш се случува да почитуваме исти вредности, но треба да знаеме дека може да имаме сосема друго толкување на иста вредност од две различни личности. Пример: Слободата како вредност за еден е патувања, за друг самостојно носење на одлуки. Најважно е да разбереме зошто нас ни е нешто важно и зошто ние се разликуваме од другите луѓе.

На крајот само да напоменам – водете се од своите вредности и внимавајте да не ги погазувате оние кои ви се значајни, за кои цврсто се држите. На тој начин не само што ќе се демотивирате туку може да се најдете во внатрешен конфликт, по кој може да имате и физички симптоми без присуство на болест. Пробајте да ја разберете различноста на другите, но најважно е да се разберете себеси затоа што вредностите се она што Вас ви манифестира одредено однесување. Кога делуваме согласно нашите вредности имаме мир кој ништо неможе да го замени. Од друга страна не постои нешто што би било апсолутно исправно или погрешно, но исто така треба да ја знаете корисноста од вредноста за која цврсто се држите. Ако не сте задоволни или неможете сами добро е да се знае дека може свесно да се менува, открива, спознава,решава. Индивидуалните коучинг сесии можат да ви помогнат во тоа.

Пишува,

М-р Билјана Галовска, NLP master coach, предавач на Бизнис Академија Смилевски, , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (инфо разговор)

 

Цртежите со вазни на осумгодишната битолчанка Матеја Стевановска ѝ донесоа средбрен медал на меѓународниот ликовен конкурс во Евора, Португалија. Таа е најмладиот награден член на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола и е една од петнаесеттината млади ликовни таленти кои добија награди за своите цртежи на меѓународни колонии и конкурси.

По синоќешниот снег, од ЈП „Нискоградба“ јавуваат дека до 15 часот ќе бидат дочистени улиците од прв и втор приоритет. Локалните патишта до селата во Општина Битола се чисти освен оние што се на патот за браната Стрежево. Но, планираат до 15 часот и тие да бидат исчитени. 

Поради топењето на снегот, на дел од коловозите се задружува вода, посебно во уличните дупки, па движењето на пешаците е отежнето.   

51405645 530348797374222 410024314247577600 n

„Јас сум Македонка и сум горда на тоа. Не убив никого, но се борам еден ден Грција да стане слободна татковина за сите Грци и Македонци. И ние, Македонците да бидеме слободни, да го зборуваме својот мајчин јазик, да имаме свои училишта, да нема повеќе затвори и рициново масло. Може ќе ме стрелате, но не се плашам“, рекла во 1946 пред судот во Ениџе –Вардар антифашистичка хероина од Егејска Македонија, Мирка Гинова.

-Салата за свадби во Центарот за култура во Битола е простор кој што е предвиден за угостителски објект. Бараме некој кој што би бил заинтересиран да го работи како ресторан, бидејќи Центарот за култура нема лиценца за угостителска дејност.

Демант на менаџерскиот тим на Клиничката болница од Битола на објавата на господинот Иван Чулаковски, претставник од советничката листа ПОИНАКУ. Соопштуваме дека денес е извршена промена на регулациониот притисочен вентил на пламеникот со подесување на издувни гасови од страна на овластен сервис од Скопје, Термоплан. Затоа многу краток период во текот на денот беше таква состојбата во нашата установа која, за жал беше искористена од одредени структури за ширење дезинформации. Напоменуваме, дека оваа болница се грижи за здравјето на битолчани затоа и го даваме овај демант бидејќи никој за ништо не смее да ја замајува битолската јавност најмалку со дезинформации околу здравјето на битолчани, а да се користи за свои лични цели.

Со почит, Клиничка болница- Битола

Богата програма, со голем број настани најави на денешната прес конференција директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски. Концерти, изложби, гостување на МОБ, ревија на филмови и дуги настани ќе има можност да проследи битолската публика во организација на оваа национална установа.

Почитуван Министер,

Пред неколку часа добив повик од мојата колешка-наставничката во с. Меџитлија кој многу ме израдува; добила повик од Министерството, од извесен г. Вулнет, дека нашето училиште ќе биде посетено и Министерствотот ќе се заложи за реновирање и средување на училишните згради (шеснаесет на број)

.           Имам „камен во градите“ кога ќе погледнам во каква состојба се нашите училишта, па така веста од колешката бескрајно ме израдува. Си реков, дочекавме време каде што некој ќе интервенира наспроти ужасната состојба во образованието. Мојата радост ќе траеше сѐ уште доколку тука завршеше разговорот. Но во целата моја радост и благодарност ми „провеја“ и информацијата дека посетата ќе биде само во подрачните училишта на албански јазик, а исто и интервенциите.

Почитуван министер, работам во училиште со мешан етнички состав и секогаш мојата заложба била сите да сме рамноправни (и како директор и како наставник). Долго размислував дали да реагирам, но моите принципи и мојата професија не ми дозволуваат да останам „нем“. Министре, сите Ве доживувавме како млад, напреден, способен човек кој ќе може да ги сфати и да ги реши нашите проблеми. Но оваа постапка оди против сѐ за она за кое сум се борел, се борам и ќе се борам.

Нашите деца најдобро ги учиме преку сопственото однесување и пример.

п.с. Знам дека по оваа моја реакција единственото нешто што ќе се промени ќе биде мојата позиција како директор, но сѐ уште имам и „капка“ надеж дека сето ова е без Ваше знаење и дека ќе постапите правилно.

Со почит,

 Димитар Пипилевски

Директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица

Под тежината на снегот и од  дождот падна еден од оџаците  во ОУ „Даме Груев“-Битола, додека пак  од пукање на замрзната цевка од водоводна мрежа се случи поплава и во Земјоделското училиште во Битола.  Од средното училиште велат дека се работи на проблемот и до вечер ќе биде решен.

Од Општина Битола,  извршија увид  во ОУ „Даме Груев“ и за апла.мк велат дека засега не е возможна санација на оџакот поради временските прилики, но дека тој не е во функција за затоплување на школото.

По поларниот студ во изминатите дваесетина дена, конечно денеска во Битола огреа сонце, а според УХМР температурата во 13 часот беше 9 степени.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани