2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Полицијата сѐ уште не го фатила крадецот кој пред шест дена го ограби битолчанецот Пеце Ангеловски –Пецката, неуморниот продавач на салфети од Битола коj низ градот се движи со велосипед. Од СВР Битола велат дека го истражуваат случајот. Ангелевски кој е омилен меѓу битолчани, на изненадување на цела Битола, пред шест дена беше ограбен додека со велосипедот на мотор одеше од дома кон градот за да продава салфети и цевки по угостителски објекти. Кражбата се случи на сред бел ден, на петстотини метри од неговата куќа во населбата Нова Битола.

Општина Битола ангажира екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“ да ги отстранат сите греди и градежен материјал од објектот  на Домот за млади што би можел да биде закана по безбедноста на учениците во ПОУ „Крсте Петков- Мисирков“ во Бистрица. Акцијата следуваше откако минатата  недела од временските услови се сруши дел од покривот на објектот кој е прилепен до училиштето.

Димитар Пипилевски, директор на училиштето „Крсте Петков- Мисирков“ од Бистрица веднаш реагираше до Општина Битола која испрати  екипа за увид на состојбата и за преземање на мерки.

Штитениците во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин“ од Битола денеска се израдуваа со нов телевизор кој сите заедно ќе можат да го користат во занималната во која минуваат дел од слободното време. Донацијата е од Општина Битола по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби , 3 Декември, што  предизвика голема радост кај овие деца, а градоначалничката Наташа Петровска рече дека ова е најмалку што може да се направи за штитениците во Заводот

Граѓани, активисти за правата на животните  денеска се собраа пред Општина Битола,  барајќи подобри права за бездомните животни. Протестот беше организиран од „Независни активисти за права на животните„ со цел  подигање на свеста за оваа проблематика и конечно решавање на проблемот.

Протестот започна на пладне од пред  Офицерскиот дом, а активистите се движеа пеш по Широк Сокак се до општината. Речиси сите активисти со себе ги носеа своите домашни миленици, кучињата.

Тие на транспарентите порачаа ; „Стоп за  труењето на кучиња“, „Бездомни , а не безвредни“, „Хуман третман на животните“,  потоа учесниците транспарентите ги оставија и ги залепија на главниот влез на општинската зграда.

Советници, НВО активисти, актери, уметници, адвокати, планинари, спортисти и други битолчани ќе добијат субвенции за велосипеди од страна на Општина Битола. Општината на својата веб страница вчера го објави списокот со имиња и адреси на граѓаните чии апликации се прифатени. На списокот се 193 лица од Битола, Кравари, Буково, Крклино, Лопатица, Долно Оризари.

 

Со презентација на проекти подготвени на германски јазик, 111 ученици од битолски училишта предводени од нивните професори го прославија 22 роденден на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола. Малата сала во Центарот за култура беше преполна од ученици кои учествуваа во манифестација и други гости кои дојдоа да ја проследат програмата. Учениците на сцената покажаа солидно говорење, читање и разбирање на германскиот јазик како да им е мајчин, што пак беше резултат на нивното интересирање за него и заеднички вложениот труд со нивните професори.

Пред неколку дена во дворот на училиштето „Крсте Петков Мисиров“ во Бистрица се случи незгода предизвикана од временските услови, но и од запуштеноста од страна на надлежните во изминатите години. Имено, покривот на Домот на млади, кој е припоен до училишната зграда се сруши и дел од него падна во училишниот двор. Веднаш беше реагирано од Општина Битола и беше испратена екипа за увид на состојбата и преземање мерки. Во понеделник наутро договорено е средување и обезбедување на остатоците од покривот или делумна санација со цел отстранување на опасноста. Од страна на училиштето, околниот простор беше обезбеден со црвена лента и беа назначени дежурни наставници и технички персонал да го обезбедуваат просторот за време на одморите, изјави Димитар Пипилевски, директор на училиштето „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица.

На обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека урбаните заедници се оставени на забот на времето тој рече дека ваквата реакција во најмала рака го изненадила и зачудила.

„Сите претходни директори реагираа на овој проблем, а беше изработен проект за пренамена во спртска сала, ветено од градоначалникот Талески. Но, веројатно поради немањето на личен интерес не беше никогаш ни саниран. Зарем кога во склоп на училиштето имаше партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ не бевте загрижени дека ќе ве повреди? Зарем ви беше проблем во претходните 12 години да издвоите средства за санација на покривот или да испративте екипа да го обезбеди?  Верувам дека со средствата одвоени за филџанот на кружниот тек, мостот, спомениците, киното лименка и ред други несфатливи вложувања сите училишни објекти ќе беа санирани. Но, наместо тоа успеаја да го уништат образованието комплетно, да ги блокираат сметките, па самата набавка на греди да биде мисија тешка како наоѓањето на светиот грал“, рече Пипилевски.

Тој додаде дека сега дошле луѓе и градоначалник кои се сериозно заинтересирани и ангажирани за надминување на проблемите и поранешниот Дом на млади во Бистрица ќе биде саниран и за брзо време и реновиран.

Наташа Петровска ги заборави урбаните и месните заедници во Битола. Ветувањата на Петровска дека Битола ќе има моќни урбани месни заедници кои ќе служат како катче за дружба на граѓаните останаа празни ветувања, обвини Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес- конференција во врска со рушењето на покривот од Домот за млади во Бистрица, настан за кој Апла.мк пишуваше уште пред четири дена.

(http://www.apla.mk/index.php/ifrit/item/1912-se-srushi-pokrivot-na-nekogashniot-dom-na-mladi-vo-bistrica-objekt-prilepen-do-shkoloto)

„ Неспособното и неодговорното работење на Петровска ги остави урбаните и месните заедници под клуч, оставени на забот на врмето. Јавноста секојдневно слуша како објектите на урбаните и месните заедници се распаѓаат и уриваат. Последен пример за тоа е објектот на некогашниот Дом за млади во Бистрица кој остана пропаднат и без покрив што ја загрози безбедноста на учениците на што реагираа и нивните родители. Дали Петровска заборави на ветувањата за овој објект дека ќе биде изградена спортска сала за потребите на училиштето кое е во близина? Исто така ја прашуваме Петровска дали после една година урбаните и месните заедници ќе добијат претседатели? Ваквото неодговорно и неспособно работење на Петровска е недозволиво, па затоа ја повикуваме градоначалничката веднаш да поднесе одговорност за празните и погубните политики кои ги води во Битола“, рече Горан Степановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен на 8 ноември на Пелистер, во изминатите три недели регистрираше срни, елени, волци, а вчера пред камерите, за првпат застана и мечка, која најверојатно се разбудила од првиот зимски сон.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани