2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По повод новогодишните празници, Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, одлучи да додели новогодишни подароци на 40 деца од посебните паралеки во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“. На овој начин пензионерите сакаат да им ги разубават празниците на дел од децата со посебни потреби од ова училиште, меѓу кои има и социјални случаи.

Ова беше една од одлуките што ги донесе Извршниот одбор на денешната седница под претседателство на Томе Димитровски. На седницата беа разгледани повеќе прашања од доменот на активностите на пензионерите. Оценето е дека досегашната соработка со Здруженијата на пензионери од другите градови низ Македонија добро се одбива, а и во иднина се планираат активности за понатамошно интензивирање на соработката. Воедно, прифатено е и барањето на хорот „Сирма Војвода“ на 23 декември годинава да одржи  целовечерен концерт во Центарот за култура. 

Битолчани не покажаа голем интерес да ја искористат мерката за субвенционирање на велосипеди, средства издвоени од општинскиот Буџет. Иако често на социјалните мрежи многумина бурно реагираат за аерозагадувањето кое , меѓу другото, доаѓа и од густиот сообраќај, 40 проценти од парите останаа неискористени, а останатите ќе бидат пренасочени за субвенционирање на печки на пелети.

 Филип  Грозоски од Прилеп, заедно со неговиот пријател, ја освоија најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ.МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката вредна 1.454.620, 00 денари,е освоена на 01.12.2018 во Делта Бет Моцарт во Прилеп.

Советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ делеа маски на денешната седница на Совет сакајќи да  укажат на енормното загадување на воздухот. Претседателот на Советот Валентин Груевски прво се заблагодари, а потоа на опозиционерите им рече дека маските ќе им ги вратат зашто кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт им велеле да дуваат во воздухот за да се расчисти. 

Фотографиите со зајдосонцата на битолчанецот Коста Ќука од денес ќе ги краст и ѕидовите на Клиничката болница во Битола. По повод Денот на лицата со посебни потреби Коста донираше пет од фотографиите од неговата прва изложба насловена „Кога заоѓа сонцето“. На фотографиите тој уловил прекрасни зајдисоцна. Преку нив и руменилото на небото ја прикажува надежта дека ќе се избришат разликите меѓу луѓето и ќе се урнат ѕидините од предрасуди.

Советот на Општина Битола денес едногласно го прифати предлогот на независната советничка група „Поунаку“ да побара од Владата на првата следна седница Битола да добие субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпи од комбинатот РЕК кој е во близина на градот.

Советот  на Општина Битола на денешната седница донесе одлука да ја прифати донацијата од Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола, за изградба на полигон во Битола. Полигонот ќе биде лоциран на излезот од градот кај населбата Горно Оризари.

-Носиме одлука за примање на донација за изградба на полигон за полагање на возачки испит. Тоа е работа кој Битола ја немаше во последните осум години. Ние кога бевме опозиција се залагавме дека ќе го направиме. До крајот на годината  Битола ќе има полигон, изјави денеска претседателот на Совет, Валентин Груевски.

Земјиштето каде ќе биде лоциран полигонот  од државно е префрлено во сопственост на Општина Битола.

Министерството за правда обезбедило над милион евра , средства за  реконструкција на  затворот „Црн мост“во Битола, а во овој процес ќе учествува и Општина Битола. Денеска Советот  на Општина Битола  донесе „Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште на Министерство за правда-Управа за извршување на санкциите-КПУ Затвор Битола“.

13 крвни единици беа собрани при вчерашната крводарителска акција што по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби се одржа во просториите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Битола. Во акцијата учествуваа 25 дарители, а целта беше членовите на Центарот и други млади битолчани да се запознат со основните елементи на доброволното дарување и да научат за хуманоста на дарувањето кое може да спаси животи.

47353120 376888179544799 8686249491310837760 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани