2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Само неколку години по Втората светска војна, на 30 ноември 1948 година, во бурни времиња на  обнова на државата, со висока еколошка свест на тогашните структури, Пелистер е прогласен за национален парк. Тој бил  прв национален парк во тогашна Југославија и 13-ти  по ред во Европа. Ова ремек дело на природата има разновиден растителен и животински свет, а најголема вредност има моликата-автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост,  кој што расте на само неколку планини на Балканот. Најстариот национален парк во државата „Пелистер“, денеска одбележа 70 години од своето постоење.

Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски, денеска на терен направи обиколка на откупните пунктови за тутун.

-Целта на оваа обиколка по откупни пукнтови беше да се види реалната состојба на самите пунктови како и тоа какво е расположението на производитрлите за самиот откуп. Ги посетивме Сокотаб со откупен центар во Битола и Драгожани, СЕКЕ во Горно Оризари и Мисиријан во Лисолај, информираше Илиевски.

На 19 ноември, започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во  регионите  на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше претходно Илиевски.

 Планирани количини на тутун кои треба да се откупат се: 3364 тони.

Вкупно склучени договори со земјоделците се 3408, додека се издадени вкупно 2475 евидентни листови.

Од страна на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола издадено е решение за формирање на второстепена комисија која има обврска, доколку има потреба за дополнителна процена да ја изврши истата на предадените количини на тутун.

IMG 406a7ac65e274dd5864d97c7ebfd2aca V

IMG f81da54e7d6cea2683559924dbffcb75 V

IMG 4492d752bb34ab93497deeee9f71bb44 V

Владо Атанасовски од денеска е директор на ЈП „Пазари“-Битола . Атанасовски е магистер по менаџмент во образование и е од редот на вработените.

Предавање за доброволно дарување крв одржа докторката Дијана Димитрова од Регионалниот центар за трансфузиологија од Битола пред членовите од Здружението „Порака“ и други млади битолчани. Целта на предавањето што се одржа во Социјалниот клуб Порака, беше да се запознаат младите со основните елементи на доброволното дарување крв и да се поттикнат да станат идни крводарители. Беше истакнато дека крвта е лек за кој што нема соодветна замена и само една дарувана кеса крв можете да спасите и до три или четири животи.

Предавањето беше најава за престојната крводарителска акција која во соработка со Црвениот крст од Битола на трети декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби ќе се одржи во просториите на „Порака“ во Битола на улица „Борко Левата“ бб, Дрвен пазар кај старото Орбис. 
Акцијата во понеделник започнува од 13 и ќе трае до 17 часот.

Познато е дека Битола и Прилеп се ривали од памтивек,  а сега некој се обидува да им продава прилепски фори на битолчани. Во продавница за облека во центарот на градот, чиј сопстевник е прилепчанец, на излогот се залепени натписи за попуст, каде со познатото прилепско “ЧЕ“, трговците  се обидуваат да привлечат повеќе муштерии.

Спомен обележје за загинатите војници и цивили во Македонискиот фронт по повод сто години од крајот на Првата светска војна беше отскриено денес во новачкото село Брод.

Градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски рече дека споменикот ќе биде сведоштво за минатото, но и потсетник за во иднина заеднички да градеме мир.

Триесетишестгодишниот Б.М. од битолското село Гермијан  ги поместил и оштетил граничните камени меѓници меѓу Македонија и Грција и во полиција го признал делото, соопшти Министерсвото за внатрешни работи. Нема информација кои биле неговите мотиви за инцидентот.

Двајца битолчани и двајца скопјани биле уапсени откако полицијата кај нив пронашла паковки со хероин, информира СВР Битола.

На уапсените им е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а судија за претходна постапка од Основен Суд Битола им одреди притвор од 30 дена“, соопшти портпаролот на  СВР Битола, Сања Стаматова.

Завчера кај месноста Стрежевски пат, во близина на селото Могила, полицајци од ПС Битола и од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје ги уапсила З.Б.(25) и Ѓ.Ч.(30) од Битола и С.М.(38) и Р.Б.(26) од Скопје.

Кај нив биле пронајдени и одземени 89 грама хероин.

До средината на декември годинава, Битола ќе добие полигон за практична обука и полагање на практичен тест на идните возачи од нашиот град и регионот.  Зоран Кузмановски, управител на Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола за апла.мк изјави дека проектот  за полигонот  е завршен и за десет од петнаесет дена ќе се изгради и полигонот. Локацијата на полигонот е одредена во близина на селото Долно Оризари и според Кузмановски тој ќе се простира на површина од 5 илјади квадратни  метри.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани