2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Младинската невработеност е речиси двојно поголема од просечната стапка на невработеност во Македонија, што е висок процент и покрај мерките што државата ги презема години наназад преку плаќање на придонеси за вработување на млади, субвенционирање и друго. За овој горлив проблем зборуваше Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум од Скопје на панел дискусијата „Младите и политиките за вработување “што денес се одржа во Битола во организација на МКЦ и Фондацијата за претприемачи-сервис за млади.

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, изјави дека немале никакви можности да го спречат бегството на екс премиерот Никола Груевски додека минувал низ нивната држава.

„Ние не, ние немавме никакви можности , дејствувавме исклучиво според законите и прописите. Кога поранешниот македонскиот премиер ја поминуваше црногорската територија во автомобил со странски дипломатски таблици, тој не беше лице надвор од законот, имаше уредни патни исправи и нашите служби на безбедноста и полицијата,кои за тоа ги известија во партнерски однос и службите за безбедност на Македонија, немаа никави овластувања да делуваат поинаку отколку што делуваа. Сѐ друго би било пречекорување на овластувањата и веројатно нешто што тешко би го оправдале“, рече црногорскиот министер.

Локалната власт од Битола одлучи да ги раскине договорите за општински линиски превоз и за превоз на учениците со линискиот превоз што ги имаше потпишано со превозници од Битола. Значи превозниците ќе возат уште три месеци по старите договори додека не им истече отказниот рок, по што ќе се бара ново решение.

Новинарот Кенан Хасани од Битола на 78 години почина вчера по кратко боледување, а беше погребан денес. По професија беше учител и новинар, пишуваше за весниците на албански јазик „Коха“, „Фљака, а работеше и во Радио Скопје во програма на албански јазик. Беше познат новинар чии текстови оставија белег во битолското, а и македонското новинарство. Иако пензиониран, до последно ги следеше настаните во Битола. Своето долгогодишно искуство нескржаво го споделуваше со помладите колеги. Беше член на Здружението на новинари на Македонија.   

Завршија градежните работи за поставување на шините на пругата од Битола за грчка граница, а до Нoва година останува да се довршат другите делови околу пругата, тоа се сигнализацијата, струјата, информатичкиот систем, железничката станица и паркингот. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешниот увид на градбата рече дека пругата ќе биде пуштена во употреба до Нова година.

Симеон Бундалевски ја донел електричната светлината во Битола уште пред 94 години. Овој битолски Никола Тесла немал ни дозавршено технички факултет, но успеал градот да го електрифицира во 1924 година, само три-четири лета по Скопје. Неговата заслуга е уште поголема зашто може да се каже дека минал низ иглени уши за да изгради првата битолска електроцентрала. Породилните маки на битолска Дистрибуција од пред еден век слични се на некои настани од поновата историја. И во тоа време имало корупција, алчност и опструкции.

Снегот предизвика големи проблеми и оштетувања на повеќе места низ градот на  преку 300 дрвја и садници. Од ЈП „Комуналец“ соопштија дека нивни екипи постојано се на терен и превземаат активности за расчистување на настанатите проблеми.

Во Битола има од 10 до 15 деца заболени од дијабет тип 1 кои се на инсулин. Помалите деца се праќаат на лекување во Детската клиника во Скопје, па не се знае точниот број, но здравствените работници велат дека во просек се од 10 до 15. Воедно, од Битолската болница велат дека за 10 проценти од лани до годинава е зголемен бројот на лица заболени од дијабет.

Расте бројот на сообраќајни несреќи во Општина Битола, соопштија од Општински совет за безбедност на сообраќајот на манифестацијата Денови на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи. Во првите седум месеци од годинава на територијата на Битола се случиле 176 сообраќајни несреќи од кои три со смртни случаи. И на ниво на држава бројот на сообраќајни незгоди се зголемува. До овој месец во Македонија имало 160 жртви и 6000 тешко поврдени лица во сообраќајни несреќи.

Од вчера започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во  регионите  на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион ќе се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше подрачниот раководител на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани