
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна унифицирањето на оградениот простор пред кафулињата на Широк Сокак. Одлуката што ја донесе Советот на Општина Битола за унифицирана ограда пред кафулињата е во сила, а надлежните се надеваат дека сопствениците на локалите ќе ја почитуваат.
Деновиве две кафулиња на Широк Сокак поставија огради кои наликуваат на пропишаните услови од одлуката, односно се малинесто зелени со рамки со валкано бела боја.
Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен минатата недела на Пелистер, утрово регистрираше срна која се шета на првиот снег во Националниот парк.
По пауза од три години, откако беше затворена единствената специјализирана продавница за книги во Битола, од денеска во градот повторно е отворена книжарница, овој пат на Литература.мк. Во простор од 20 м2 на Широк Сокак бр. 40 со модерен, артистички уреден ентериер, од „Литература.мк“ велат дека ги носат светските книжарски трендови и во Битола.
Деновиве се затворија неколку кафулиња на битолски Широк Сокак, а сé погласно се зборува дека ваквиот тренд нема да запре тука.
Ова видео е прозвод на големата љубов и поддршка кон учениците од ОУ „Климент Охридски“ од Битола кои се борат со Дијабтесот тип 1. Во нивната борба, се вклучени нивните соученици од II-4 одделение заедно со наставничка -Весна Аврамовска Димитровска.
Во депонија се претворени некогашните простории на Дирекциите на Министерството за финансии и на Управата за имотно-правни работи во Битола. Просториите кои се во распаѓање се наоѓаат во центарот на градот кај Дрвен Пазар. Освен лошата слика, од внатре се шири и лоша миризба. Украдена е целата дограма, уништени се покривите и подот, а ѓубриште е расфрлено на сите страни. Службите одамна се иселија, а местото прерасна во збиралиште на бездомници, зависници на дрога и нужник на случајни минувачи. Ваква е состојбата подолго време, па дури и некогашното службено возило е обраснато со коров.







Аждерот замина, а аждеримзот преживеа, вака режисерот Владимир Милчин преку една реченица ја претстави темата на новата премиера „Аждер“ што на 20 ноември ќе се игра на сцената на Народниот театар во Битола.
Во сабота на Широк Сокак во Битола ќе се отвори книжарница на „Литература.мк“. Отворањето е закажано за 12 часот. Стартот на новиот продажен простор ќе биде одбележан со концерт на познатата битолска група „Фолтин“, коктел-забава, како и многубројни изненадувања за најмладите.
На денот на отворањето во книжарницата ќе има специјален попуст од 30 отсто на сите изданија на „Арс Ламина – публикации“.
Во простор од 20 m2, со модерен, артистички уреден ентериер, книжарницата „Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови и во Битола. Со ова, градот на конзулите конечно ќе добие книжарница по светски терк. Во неа ќе биде застапена литература за целото семејство. На полиците на книжарницата ќе може да се најдат познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Ќе биде понуден голем избор од белетристиката, стручната литература, книжевност за деца и едукативни материјали.
Како веќе препознатливо место за страсните љубители на книгата, вљубеници во пишаниот збор и талкачи низ бескрајниот литературен простор, „Литература.мк“ ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели.
Почнувајќи од 17 ноември продажниот простор на „Литература.мк“ сместен на Широк Сокак 40, во Битола ќе работи од 9 до 21 часот, од понеделник до сабота.
