2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Спогодбено раскинување на петгодишните договори за бесплатниот школски превоз со Општината и средни  училишта во градот бара превозникот „Боби Турс“ од Битола. Од оваа фирма за апла.мк велат дека  денеска преку архива лично до Техничкото училиште во Битола, Економското и Земјоделското училиште како и гимназијата „Таки Даскало“ и до Општина Битола доставиле барања во кои стои дека бараат предвремено и спогодбено  раскинување на договорите кои имаат важност до 2020 година за бесплатниот школски превоз.

-На четири средни училишта во градот и до општината денеска преку архива им ги доставивме барања, во нив бараме спогодбено и пред време да ги раскиниме договорите за школскиот превоз, од причина што сметаме дека тоа не доведува до нерентабилно работење. Очекуваме дека училиштата и Општина Битола ќе одговорат  позитивно на нашето барање, велат од „Боби Турс“за апла.мк  и додаваат дека  доколку спогодбено не се раскинат договорите тогаш тие се решени да го почекаат рокот кој го диктира договорот, а тоа е три месеци однапред да ги известат барателите на услуги дека се откажуваа од договорот.

Јавното претпријатие „Комуналец“ го презема одржувањето на уличното осветлување на териториите на поранешните општини Кукуречани, Цапари и Бистрица, вака одлучи Советот на Општина Битола на вчерашната седница на Совет.

Претседателот на Советот  Валентин Груевски изрази надеж дека во следниот период „Комуналец“’ ќе го преземе одржувањето на уличното осветлување и на подрачјето на општина Битола, со што како што рече, парите на граѓаните ќе остануваат во јавното претпријатие.

Бескрајно поучна и емотивна е вистинската приказна за учениците од II 4 одделение од основното училиште „Климент Охридски“ во Битола, каде учат и две деца кои боледуваат од дијабетес тип 1. Второоделенците заедно со нивната одделенска наставничка Весна Аврамовска Димитровска, споделија со јавноста за сите предизвици со кои секојдневно се соочуваат во борбата со болеста на нивните другарчиња.

Со лаптоп компјутери денес се подновија сите советници во Општина Битола. Набавени се 31 компјутер со цел Советот да биде елетронски, а работата на советниците побрза и поефикасна. И изминатите состави, советниците во неколку наврати добиваа лаптоп компјутери како средство за работа.

За да им бидат надоместени парите на учениците кои во изминатиот период патувале на сопствен трошок до училиште, ќе треба да бидат заведени во извештаите на директорите дека присуствувале на настава и да ги зачувале фискалните сметеки. Вака денес одлучи Советот на Општина Битола за учениците кои патуваат од места каде нема линиски превоз или се од други општини.

Благодарение на поволните временски услови, продолжува санацијата на патот  од Битола кон село Бистрица, а деновиве  „Македонија пат“ како изведувач, работи на инфраструктурни зафати во должина од 4 километри. Активностите  започнаа во април со асфалтирање на патот од излезот на Битола кон селото Бистрица, а долколку дозволат времеснките услови, асфалтирањето ќе продолжи до село Драгош. Исто така, од страна на екипите на „Македонија пат“ се санираат и неколку улици во селото Бистрица.

Општина Битола го задолжи инспекторот за животна средина да испрати допис до ресорното Министерство за да се стави во функција мерната станица Битола 2 во центарот на градот.

Основното јавно обвинителство од Битола води нова истрага во врска со петгодишните договори за линискиот превоз, односно бесплатниот школски превоз потпишани со Општина Битола.

Веста за апла.мк ја потврди обвинителката Лиле Талевска од ОЈО во Битола, но не даде дополнителни информации во интерес на истрагата.

-Да, има такво нешто, но во таа насока јавноста ќе има официјални и прецизни информации за многу скоро, односно за кратко време обвинителство ќе излезе со соопштение, потврди за апла.мк обвинителката  Талевска.

Договорите што Општина Битола и училиштата  ги потпишале  со превозниците  се со важност до 2020 година.

До 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар  во градот, предупреди независната советничка Габриела Илиевска на последната седница на  Советот  на Општина Битола, поставувајќи прашање  до градоначалничката Наташа Петровска .

-Се сеќава јавноста, се сеќаваат сите дека во март месец напишавте статус дека ќе има полигон. Дали некој ви има кажано дека до 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар во градот ?  Доколку имате таква информација ,ме интересира каде ќе биде полигонот, дали ќе го стопанисува општината, какви ќе бидат обврските?, праша Илиевска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани