
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипи на ЈКП „Комуналец“ од утрово се во акција за собирање и расчистување на скршените гранки од уличните дрвја. Вработени со трактори ги собираат гранките и ги расчистуваат пешачките премини и паркинг местата вдолж сообраќајниците и помалите улици во градот.
На интернет страницата на Дирекцијата за заштита и спасување објавена е вест дека вчера во 00.30 часот во Дирекцијата во Битола од СВР Битола стигнало известување дека четири лица биле завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден.
Веднаш по добивањето на информацијата биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.
Не само што го читаат „Белото Циганче“ од познатиот детски писател Видое Подгорец, ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола ја посетија и неговата родна куќа во струмичкото село Колешино. Тие учествуваа на литературната манифестација „Средба под јаворите“, во рамки на која на поетскиот конкурс „Денови на Подгорец“, осум годишната ученичка Леона Марковски од ОУ „Елпида Караманди“, под менторство на наставничката Гордана Угриновска, освои втора награда во категоријата на ученици од второ и трето одделение. На конкурсот имаше околу 600 пријавени творби во три категории од ученици од второ до деветто одделение.
Во организација на танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола, вчера на 18.11.2018 во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола се одржа четвртиот по ред Бодовен натпревар во стандардни, латино-американски и модерни спортски танци. На натпреварот учество зедоа сите 7 клуба кои што се членови на Танцовата Спортска Федерација на Македонија со над 200 члена, а клубот домаќин се закити со 19 први места, 7 втори, 5 трети места и пласман во неколку финалиња.
Битолската полиција поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службената положба“ против советник градежен инспектор З.С. (64) од Општина Битола затоа што на инвеститор му дозволил да продолжи со градба и покрај тоа што претходно било донесено решение за уривање на бесправно изграден објект.
Согласно Оперативната програма за одржување на улици во зимски услови од вчера попладне до денес во утринските часови исчистени се улиците од прв и втор приоритет , а исто така се исчистени и приодите кон сите села што се дел од Општина Битола, информираше за апла.мк Методи Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.
-До денес наутро се исчистени улиците од прв и втор приоритет , исто така и патиштата до сите села во рамките на нашата општина , само приодите кон селата Ореово и кон Кукуречани се исчитени до денеска напладне. Што се однесува до споредните улици во градот тие се чистат од утрово и чистењето е се уште во тек, изјави Силјановски.
Кубанците од танцувачката компанија „Фламенко Екос“, ѕвездите на Фестивалот на музика од светот што викендов се одржа во Битола, ја изненадија публиката со инструменталната изведба на македонската патриотска песна „Слушам кај шумат шумите, буките“. По ова кубанците заедно со битолчани заиграа оро низ слата на Центарот за култура.
Цане Леков од Кратово стана милионер. Најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна видеолотарија на РМ му донесе 1.653.877,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 16.11.2018 во Бет ту мар во Кратово.
Вчерашното невреме проследено со силни врнежи од снег најголеми проблеми во снабдувањето со електрична енергија предизвика во Битолскиот регион, информираат од ЕВН. И натаму без струја се неколку градски населби, како и повеќе села во Општина Битола, а струја нема и во селата во Новаци, Демир Хисар, Прилеп, Маврово, Кичево.
Обилните врнежи од снег во Битола предизвикаа проблеми во снабдувањето со електрична енергија во градот и околните села.
