2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Наредната учебна година во седумте средни државни училишта во Битола, се отвараат вкупно 1966 слободни места за полуматурантите, јавува ТВ „Тера“. Бројката во Конкурсот на Министерството за образование е поголема од минатите години. Годинава во средносто Економско училиште е предвидена уште една паралелка. Ако минатата година со 4 годишно образование имаше 3 паралелки, годинава има 4 паралелки , и плус една паралелка со тригодишно образование.

Од Европската унија стигнаа добри вести за нашата Македонија. Имаме чиста препорака за почетокот на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ, вели во честитката Александар Кирацовски од СДСМ.

Започна реконструкцијата на делот од Булеварот „Први Мај“ кај старата битолска чаршија. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот кај Безистенот до Ленски мост. При зафатот се остранува старата коцка.

Градоначалничката Наташа Петровска на својот фесјбук профил вети дека активностите ќе се одбиваат ударнички и квалитетно во интерес на граѓаните, дуќанџиите и посетителите на Битола.

Професорката од Факултетот за информатички и комуникациски техологии од Битола, д-р Мимоза Богдановска Јовановска, е избрана за член во Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор оформен по иницијатива на Генералниот секретаријат на Владата на Македонија. Професорката од Битола беше предложена како член од Научното друштво на Македонија со седиште во Битола, со што за првпат во историјата на Друштвото се случува директно на национално ниво да биде вклучено во креирањето на јавните политики поврзани со граѓанскиот сектор.

На 17 април 2004 година во Скопје почина најмладиот народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  и Министерството за локална самоуправа потпишаа два договора за финансирање на конкретни активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.

Првата влада на Македонија  е избрана на 16 април 1945 година, на Третото заседание на АСНОМ. Со нејзиното формирање, таа ги презема извршните ингеренции на дотогашниот Президиум на АСНОМ . Основна преокупација на извршната власт е политичката, стопанската и образовно-културната обнова и изградба на НР/СР Македонија.

Служителот Ј. Т. удрил ученик во Основното училиште „Коле Канински” во Битола, потврдија од битолската полиција. Инцидентот се случил во саботата, кога училиштето одработувало работен ден, и тоа при крајот на големиот одмор..

Камерниот оркестар на Битола најавува уште еден спектакуларен настан со наслов "Broadway во Битола", кој ќе се одржи на 22 април.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, за обвинувањата на првиот човек на Електрани на Македонија, Драган Миновски, се огласи преку својот ФБ профил. Тој напиша дека денешната прес конференција на  Миновски има цел да го одвлече вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во 4 очи во оваа компанија. 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани