
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Човечко невнимание и занемарување на оперативните потреби во подолг период во минатото, се причините за оштетување на дел од металната конструкција на претоварен уред на багерот СРС 2000/2, ангажиран на ископ на јаловина во рудникот Брод-Гнеотино, соопштија денеска од РЕК Битола. Дефектот се случил во саботата на 10 ноември, при што е прекинат ископот и транспортот на јаглен од овој површински коп.
Одводните канали во Пелагониското поле во делот на Општина Новаци се чистат пред есенските дождови. Денеска механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ чистеше на потегот кај селото Рибарци, а екипи од претпријатието повеќе од 30 дена е во атарот на Општина Новаци.
По повод сто години од Денот на примирјето во Првата светска војна, комеморација се одржа и на Германските гробишта во Битола каде се закопани илјадници жртви од германските воени трупи од војната.
Меѓу битолчани владее незадоволство од неисполнетите ветувања на локалната и централната власт, рече при денешната посета на Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Вчера во руникот Брод Гнеотино багерот СРС 2002 при пренесување ја оштетил транспортната лента ТЗ и носечката конструкција. Од раководството велат дека повредени работници нема, а дека се работи за мал дефект.
„Таков еден мал дефект се случи вчера , се прават анализи во однос на штетата , првичните анализи покажуваат дека штетите не се големи, санацијата на тој дефект ќе трае од пет до седум дена, системот нема да биде во функција овој период, меѓутоа овој период ќе го искористиме за санација на други делови од самиот систем од рудникот Брод Гнеотино. Повеќе детали би оставил да кажат стручните служби и извештајот што ќе го подготвуваат , па ќе пренесеме која е причината, дали е човечки фактор, дали е дотраеност на опремата и неинвестирањето досега во така опрема“, рече директорот на ЕЛЕМ, Драги Миновски.
Македонија се помирува со соседите и таа поставува камен темелник на новата изградба на Европа, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние од комеморацијата по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, што се одржа на на Фрнцуските и Германските гробишта во Битола.
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицковски, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски денеска во Битола на француските гробишта присуствуваат на чествувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.
По повод Денот на примирјето од Првата светска војна ("Commémoration du 11 novembre 1918") и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно го одбележуваат споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи. Комеморациите денеска се одржуваат на француските воени гробишта во Битола и на германските воени гробишта во Битола.
АД ЕЛЕМ денеска започна голема акција за подигање на заштитен појас околу РЕК Битола во која се садат 50 000 багремови садници. За две години според најавите од менаџментот ќе бидат засадени 150 000 садници од багрем.
Канализацијата во индустриската зона Жабени била пуштена во употреба без технички прием, соопштија од Општина Битола. Формирана е комисија која треба да ја согледа цела ситуација зошто било тоа така и зошто од 2013 година до сега немало технички прием.
Веќе не мора да патувате, да се ограничувате со термини и класично да го изучувате германскиот јазик. Преку училиштето за германски јазик „Делфин“ од Битола , кое опстојува 13 година, можете да го совладате јазикот он- лајн, односно по електронски пат. Ова е прво училиште во земјава кое нуди ваков метод на изучување преку платформата за електронско учење МУДЛ, која пак е многу проширена во европските земји за изучување на било кој наставен предмет. Овозможува курсистите да го изучуваат јазикот и од дома, што предизвика голем интерес не само кај битолчани и другите граѓани во Македонија, туку и кај нашите иселеници во Австрија, Германија и Швајцарија да станат курсисти во „Делфин“.
