
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пожар избувнал вечерва покрај патот Битола - Ресен, во близина на битолското село Ротино, откако во текот на денешниот ден во повеќе наврати жителите потпалувале стрништа.
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Фондацијата „Чекор по чекор“ и „Сумнал“ – Здружение за развој на Ромите заеднички го одбележуваат 2 Април -Светскиот ден на книгите за деца и 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите
Настанот ќе се одржи во понеделник со почеток во 11 часот и ќе трае до 14 часот.
За таа цел, ќе биде промовирана кампањата „Прочитај ми сказна за да го разберам светот”, со цел да се популаризира читањето книги кај ромските деца од најмала возраст, како и кај сите деца.
Кампањата ќе опфати средба со писатели, читање на книги од познати личности, едукативни работилници за деца и родители.
Ќе бидат присутни ученици од основните училишта од Битола „Стив Наумов“, “Гоце Делчев“ , децата од градинката „Естраја Овадија Мара“ – Битола, „Сумнал“ – Здружение за развој на ромската заедница.
„Следењето на модерните текови е резултат на нашите настојувања, библиотеките да работат во пресрет на потребите на заедницата, особено на најмладите учесници како наши идни корисници.Со цел да се популаризира книгата и читањето од најмала возраст потребно е примена на нови форми и методи кои се прифатливи за нивната возраст, причинувајќи им задоволство и воодушевување и тоа преку игра и забава и користење на соодветен дидактички материјал“, велат од Библиотеката.
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во рамки на компонентата „Вклучување на семејството и заедницата“, која има за цел да го подигне интересот кон читањето и математиката кај најмладите ученици и да ја вклучи целата заедница во овие активности со децата, најавува и посета со „Библиотеката на тркала“ во училиштата . „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика со кое ги посетуваме училиштата од сите региони во државата за да им овозможиме пристап до материјали за учење на учениците од 1 до 3 одделение.
Oсвен во областа на образованието, Сумнал големо внимание осврнува и стреми кон зајакнување на капацитетите на ромската заедница преку подобрување и развој на ромската култура, јазик и традиција како и промоција на позитивните вредности на културата на Ромите како услов за унапредување на современото македонско општество и рушење на стереотипите и предрасудите.
„Во однос на културата и негувањето на традициите, мораме да напоменеме дека Сумнал секоја година традиционално го одбележува денот на Ромите, кој секогаш е на 8 Април. По тој повод се организираат различни активности и работилници на кои се зборува и твори за овој многу значаен ден во историјата на Ромите“, посочуваат од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола
Општина Новаци денеска прослави 22 годинa од своето основање, а Советот одржа свечена седница на која свое обраќање имаше градоначалникот Љубе Кузмановски.
Претседателот на Здружението на пензионери- Битола, Томе Илиоски, после два мандата раководење не сака да си замине од функцијата, тука бара начин да си го продолжи мандатот за уште десет месеци, обвинуваат група на пензионери од градот. Илиоски е татко на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски. Тој тврди дека статутот е сменат е дека има право на продолжување на мандатот .
Во просториите на битолското Здружение на пензионери денес пред да се одржи седница на Собрание, атмосферата беше тензична, со расправии на повисок тон.
Ставени се во функција семафорите на обиколницата над Битола. По поставувањето и вклучувањето на семафорскиот систем се очекува до вторник да биде донесено и решението за пуштање во сообраќај на обиколницата над Битола, а со тоа и растеретување на сообраќајот низ градските улици од тешките товарни возила кои само транзитираа низ Битола.
Веста ја потврди Зоран Илиоски, технички директор на фирмата изведувач „Илинден “ од Струга која работи на санирање на свлечиштата на обиколницата.
Како кристалниот лустер од Офицерскиот дом да можете да го нарачате на кинескиот сајт Али Експрес. Ете, такво чувство добив додека ја слушав одбраната на Талески за време на судскиот процес за негрижата на движното и недвижното наследство во споменичната целина, позната меѓу битолчани како Офицерски или битолски Версај. Одбраната рече „лустерот како да бил непроценливо богатство, тоа не е така, тој е како и секој, но погломазен и поукрасен, денес такви се наоѓаат во слободна продажба“. Овој секојдневен лустер 43 години ја красеше балската, најакустичната, концертаната сала, ги осветлуваше забавите, матурските, концертите, настапите, ги восхитуваше генералите, виртуозите, државниците. Беше величенствен, проткаен со спомените на битолчани како гроздовите кристали.
На литературната и ораторската средба што вчера се одржа во НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола беа избрани најдобрите поетски творби и ораторски настапи од ученици кои се пријавија на конкурсот „Чист воздух за сите“. Конкурсот беше во организација на ОУ „Св. Климент Охридски“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод одбележувањето на Месецот на екологијата.
Алал
Акцијата за разеленување на Битола продолжува. Шеталиштето е збогатено со нови садници. Деновиве екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“ засадија дрвца на местата каде недостигаа или вандали ги имаа откорнато.
Ј’зк
Додека едни садат, други јадат. Некој без ронка совест го пушти стадото кози да се напасува низ градското шеталиште. Ова не е првпат и време е да се преземат мерки за казнување на несовесните граѓани кои придонесуваат да се уништи јавното зеленило.
Мислејќи дека сака да и’ го одземе зборот од советничката говорница, денеска на седницата на Совет жестоко реагираше независната советничка Габриела Илиевска, барајќи од Валентин Груевски, да се определи дали е претседател на Советот или советник.
-Не можете да ми го земите зборот, значи ми упаѓате! Колега Груевски, вие сте претседател на Совет изигрувате овде и советник и претседател . Ако не, ставете друг претседател, бидете советник, па ќе се расправаме. Не можи на сред збор да ми кажувате, не можи, рече на повисок тон Илиевска, пред да разбере дека претседателот Груевски, кога и побарал минута пауза сакал само да го предупреди советникот на СДСМ , Борче Корлевски да не и упаѓа на Илиевска во говорот од место и да не и пречи во дискусијата, зошто тоа не е деловнички, ни пак статутарно.
-Значи не мора да викате толку, и рече Груевски на Илиевска, а таа веднаш го праша – А како да викам?