2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Автобусите на ЈСП Скопје кои беа дадени на припомош во Општина Битола за школскиот превоз, денеска се вклучуваат во сообраќај. Така еден автобус ќе вози за попладневната смена од Ношпал –Новаци кон Битола.  Два автобуси ќе бидат вклучени вечерва од 19 и 45 минути и тоа  една линија кон Бучин и другиот автобус ќе вози кон  Могила и Радобор.

Од Општина Битола информираат дека ова е преземно со цел да им се излезе во пресрет на учениците да не губат настава, бидејќи во вечерните термини нема соодветен општински линиски превоз.   

-Користењето на автобусите е решение кое се употребува како привремена мерка, додека не заврши постапката за преговарање со превозниците, која е во тек.Општина Битола има сопствен тендер за нафта и течни горива.Со самата регистрација на возилата и поминат технички преглед, автобусите добиле дозвола за сообраќање.

По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието на Р.М., со кој учениците ќе можат да се возат во меѓуопштинскиот и општинскиот линиски превоз, Општина Битола е во постапка на изнаоѓање начини за надминување  на негативните состојби со превозот на ученици, стои во информацијата од општина Битола.

Реплики на ретки икони кои го краселе само манастирот во Слепче насликал познатиот ликовен уметник од Демир Хисар, Љубе Неделковски –Бобек. Меѓу нив се иконите на Богородица Троеручица, која пак ја има само на манастирот во Хилендар и во Слепче. Но, македонската икона е однесена во Музејот во Скопје и таму се чува, а Бобек насликал икона како онаа слепченската, давајќи свој уметнички белег во сликањето..

Зелениот отпад во Пелагонија ќе се користи за биогориво од кое ќе се добива топлинска енергија.  Трската и други нискостеблести растенија во руралните средни предизвикуваат сериозни еколошки проблеми. Неконтролираното растење на оваа вегетација во каналите и речните корита е причина за поплави во Пелагонија, а земјоделците често пати од овој отпад се ослободуваат со палење и освен што е опасно, предизвикува и загадување на животната средина. Општина Новаци и грчката општина Аминдео се вклучени во проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка, а со производство на биогориво ќе се затоплуваат општински згради од двете страни на границата. 

Градоначалниците на општините Битола, Тетово и Гевгелија, Наташа Петровска, Теута Арифи и Сашо Поцков ја оценија како многу важна финансиска поддршка на Владата на Република Македонија, за покривање на заостанатите долгови на општините.  Градоначалниците сметаат дека се отвора  фискален простор со кој општините ќе можат полесно да планираат и реализираат развојни проекти во интерес на граѓаните.

„Ќе се ослободи фискален простор со кој општината ќе може средствата понатаму да ги насочи во подобрување на услугите кон граѓаните. Со подмирувањето на дел од долговите од страна на Владата, конечно, во образовните институции ќе може да се вложува за нормални услови во воспитнообразовниот процес“, рече градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

Министрите и градоначалниците дадоа поширок осврт за позитивните апсекти од новата мерка планирана во ребалансот на Буџетот за финансиска поддршка од 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови на општините односно 51% од пријавените обврски како и за заштитните механизми предвидени во Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа со кои ќе се воспостави ред во планирањето на општинските буџети.

„Граѓаните и стопанството ќе имаат бенефит од владината помош за отплаќање на дел од натрупаните, а неплатени обврски на локалната самоуправа. Граѓаните ќе можат непречено да ги добиваат општинските услуги. Фирмите ќе може да наплатат дел од своите побарувања, со што ќе се зголеми ликвидноста на стопанството. Владата ќе активира и заштитни механизми, за да не се трупаат нови долгови“, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битола денеска организираше едукативно предавање на тема „ Современа опрема  за сточарство и начини на финансирање на истата“. Предавањето беше наменето за сточари и сите оние што се занимаваат со фармерско млекопроизводство. Млекопроизводителите во голем број го посетија настанот кој се одржа во конференциската сала на СИНПЕКС -Битола.

-“Современа опрема за сточарство и начини на финансирање на истата “ беше најпосетен наш настан до сега. Преку 100 гости-земјоделци и уште 20тина учесници. Благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците и Директорот Никола Бабовски кој даде комплетна поддршка на сточарите, ЛАГ ЛИДЕР од Прилеп , Агенцијата за поддршка на земјоделството , БИМИЛК Битола , КУРТСАН Турција, КВС-Бугарија, БРАЗДИ, СИНПЕКС- Битола , АЛБИ КОНСАЛТИНГ -Битола и сите други кои со своето учество им помогнаа и објаснија на сточарите како на најлесен начин можат да добијат квалитетна опрема и квалитетен семенски материјал за сточна храна, кои грантови постојат , како да се аплицира во новиот ИПАРД ,а и кои се другите начини на финансирање, велат од здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“.

Марјан Танушевски, член на ЛК „Битола“ го доби највисокото европско признание – медал за лидерство, а одличјето лично му го врачи претседателката на Светската лајонс федерација, Гудрун Ингвадотир од Исланд, во присуство на нејзиниот прв заменик меѓународен претседател Јунг Јул Чои од Јужна Кореа и вториот заменик меѓународен претседател на светската Лајонс федерација, Хајнес Таунсенд од САД.

Постои нешто кое знаеме дека сакаме да го направиме, а не сме направиле ништо во врска со тоа. Mожеме, а само одолговлекуваме или бараме изговори.

Певница во длабок дрворез, вистинско уметничко дело, изработија познатите битолски копаничари од Ателје „Маке Битола“ за црквата „Св. Наум Охридски“ во Виена, Австрија. Резбаниот дел е работен пет месеци од страна на м-р протомајстор Јане Крстески, а зографскот три месеци од страна на м-р зограф Ленче Крстеска. Певницата е напревена по специјална нарачка и веќе е дел од резбаниот црковен мебел во „Св.Наум Охридски“ во Виена.

30 годишен битолчанец со  иницијали А.С. е осмничен дека преку социјалните мрежи им се заканувал на пратеници во Собранието на РМ. Полицијата ќе му поднесе кривична пријава поради споделена објава на ФБ со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратениците и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Во строгиот центар на Битола, позади зградата на  Библиотеката и во целиот комплекс Стара болница, секој викенд е истата слика. Нема зелена површина, ќоше, скали, каде не е расфрлано со празни шишиња од алкохолни пијалоци и остатоци од храна.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани