
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ако продолжеше да емитува програма, деновиве ќе славеше 68 години постоење во македонскиот медиумски простор. Радио Битола, најстарото јавно локално радио во државата не работи веќе седум години, но неговиот дух не умира.
По пет години чекање, Општина Битола конечно обезбeди терен за изградба на полигон за полагање на практичниот дел од возачкиот испит. Од Општината за апла.мк соопштија дека локацијата се наоѓа во Горно Оризари и дека државното земјиште е пренаменето во општинско со намена таму да се направи полигон.
Битола сеуште нема полигон за полагање на возачки испит, пет години инструкторите и кандидатите возат до полигоните во соседните градови. Оние кои се засегнати од овој проблем велат дека Битола има полигон во близина на селото Поешево, но се чека дозвола за негова употреба. Владата донесе одлука да се изврши пренамена на земјоделско земјиште за полигон во близина на Битола, а веста ја потврди и градоначалничката Наташа Петровска на својот фејсбук профил. Локацијата не се откри, ниту други детали.
Фондацијата „Тома Фила“ објави конкурс за доделување на стипендија за студент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Стипендијата е во бруто износ од 10.000 денари и се доделува за стипендирање и поддржување на еден талентиран студент од Правниот факултет - Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии.
Под тежината на снегот што наврна во текот на ноќта попушти и се сруши тенда на Широк Сокак. Воедно, врнежите предизвикаа и проблеми со струјното напојување во делови од месноста Бела Чешма и населбата Ушици во Битола..
Снежен старт на пролетта или како што некои напишаа на фејсбук „Дедо Мраз ја заборави Баба Марта“ и „цела зима пролет, а сега цела пролет зима“. Битола под снежна покривка од пет сантиметри и температура до нула степени. Снег и на Пелистер, а од утре продолжува ски сезоната на „Копанки“. .
Поради врнежите од снег на планинскиот премин Ѓавато од 19,20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила.
Почнаа да се вршат нови анализи на Одделението за лабораториска дијагностика при Клиничката болница од Битола, соопшти портапролката Сузана Конеска.
По повод Светскиот ден на поезијата во салата за промоции на НУУБ„Св. Климент Охридски“ се одржа поетска манифестација, на која учестуваа млади поети од основните и средните училишта од градот, како и други млади таленти, кои претходно се пријавија на отворениот распишан повик за учество на манифестацијата со свои поетски творби.
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“и ОУ „Даме Груев“ - Битола го одбележаа Светскиот ден на водата со тоа што учениците и наставникот Митко Јанески поставија упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот.