
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управата за јавни приходи ја продолжува кампањата со која ги анимира граѓаните да ја исполнат својата законска обврска електронски да се регистрираат во системот е-персонален данок на доход во УЈП, најдоцна до 31 декември годинава. Членовите на Советот на Општина Битола денеска со помош на мобилен тим од Регионалната дирекција на УЈП во Битола се регистрираа на e-pdd.ujp.gov.mk, како дел од оваа кампања.
Соопштение од ЈКП „Водовод“
Ве известуваме дека на ден 07.11. 2018 година (среда) од 09-14 часот поради реконструкција на водоводна мрежа, работи на регионален цевковод од средна зона, ќе има прекин на водоснабдувањето во населбите; „Брусничка“, „Брусничко-Лавчанска“, високиот дел од „Буковска населба“ населба „Недопирливи“, „Ремо“ , „Бадембалари“ и „Смилевски Баир“ (горниот дел) Улиците; „Довлеџик“ „Паца Мирчева“, „Тодор Паница“, „АРМ “, „Младински Бригади“, „Димче Лахчански“, „Ружа Делчева“ , „Лавчански пат“, „Анести Пановски“ „Игњат Атанасовски“ како и дел од „Партизанска“ (од Бадо маркет нагоре).
Општина Новаци е на вистински пат, цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата , локалниот економски развој , руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темпо , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани, рече градоначалникот Љубе Кузмановски на отчетот што денеска го даде пред граѓаните за една година раководење со пелагониската општина Новаци.
Во последните години се повеќе млади се одважуваат да започнат свој бинзис, но сепак не е лесно зашто Македонија е земја сѐ уште во транзиција, излегуваме од еден минат систем каде имате пред сѐ родители дома кои викаат дај да ве вработиме некаде плата да се земате и осигурување. Ова го кажа Димитар Ристосвки, извршен директор на Европска бизнис асоцијација на денешната јавна дискусија по повод Европската недела на претприемништвото. Јавната дискусија беше во организација на МКЦ Битола, а на тема „Претприемничкиот дух кај младите, можност за развој на нови бизниси“.
Ученичката Ана Долевска од ОУ „Трифун Пановски“освои најмногу поени на 18. Општински натпевар „Млади библиотекари“- 2018 што на 2 ноември се одржа во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. На натпреварот зедоа учество ученици од основните училишта од Битола и по еден ученик од училиштата во с. Бистрица, с. Новаци, с. Могила, с.Добрушево и с.Долно Српци, со вкупно петнаесет претставници.
-Според утврдените правила за овој натпревар на 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Народната библиотека „Илинден“ – Демир Хисар на 16.11.2018 г., ќе учествува ученичката од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, која освои најмногу бодови, а тоа е: Ана Долевска со освоени 105 бодови од вкупно 117, информираат од Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Тричлената комисија што ги оценуваше натпреварувачите беше во состав: претседател Илче Стојановски, виш библиотекар, член Гордана Пешевска, библиотекар советник и член Александар Крстев, библиотекар.
„Ќе доаѓам почесто за да видам како расти дрвото“, рече доајенот на македонската народна песна Виолета Томовска откако денеска во Градскиот парк во Битола засади симболично „дрво на животот“ како годинешна добитничка на наградата за животно дело „4-ти Ноември“ на градот Битола.
-Многу сум среќа што прва меѓу добитниците на оваа награда „4-ти Ноември“ за животно дело сум дел од оваа прекрасна иницијатива и верувам дека дрвото ќе ме надживее и мене.
Оливер Змејковски од Виница, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.712.603, 00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 26.10.2018 во Делта Бет Моцарт во Виница.
Заедно со битолчаните сонот ќе го издигнеме до јаве. Енергијата ја црпам од промената на она што заедно сме го направиле зашто тоа не се моите туку нашите пари. Имав неспани ноќи заради немир, не од направеното, туку имав неспани ноќи за тоа што треба да е направено особено во испроблематизирани затекнати ситуации“, рече градоначалничката Наташа Петровска во својот говор при свеченото доделување на наградата „4 Номеври“’.
Добитничката на наградата за животно дело ,,4 Ноември", Виолета Томовска, на свечената церемонија на доделувањето на наградите во Центарот за култура, рече дека не би сакала да зборува многу, туку да ги поздрави битолчани со песна. По ова ја испеа песната што композиторот Кире Костов ја има напишано за Битола.
