
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За над 40 проценти зголемен е бројот на ноќевања на странски туристи во Битола за месец август 2018 година во споредба со истиот месец лани, покажаа податоците на Заводот за статистика.
Во осми месец оваа година во Битола регистрирани се 11 396 ноеќвања, а истиот период лани 6822, во 2016 година пак, 4797.
Градоначалничката Јасмина Гулевска после една година од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Могила, во соопштение до јавноста откри дека за една година власт успеала да исплати повеќе од половина од наследениот долг на општината.
-Пред да ја преземам функцијата градоначалник бев свесна дека ќе се соочам со финансиски проблеми и долгови на општината. Ја презедов таа одговорност и се задолжив да работам чесно и транспарентно, граѓаните имаат право да ја знаат вистината за фактичката состојба на нашата општина.
По извршената внатрешна финансиска ревизија висината на долгот изнесуваше 30.437.408,00 денари.
И покрај малиот буџет со кој располага општината со гордост можам да кажам дека исплативме 17.141.726,00 денари.
Зелено знаме добија основните училишта од Битола, „Гоце Делчев“, „Коле Канински“, „Тодор Ангелевски“,„Св. Климент Охридски“ , Ѓорѓи Сугарев“ , додека ОУ„Даме Груев“-се здоби со статус бронзено ниво. Овие училишта учествуваа на објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Училиштата и градинките од државата кои ги задоволуваа предвидените критериуми и услови, се наградуваат со соодветниот статус за кој аплицирале на овогодинешниот конкурс.
-Зелено знаме за ОУ„Гоце Делчев“-Битола. Честитки и благодарност до сите учесници во реализацијата на активностите од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, вели директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола, Билјана Стојковска.
Директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева“,смета дека „највисоката еко награда ја добиваме потврдено, ние сме вистински екологисти, честитки за координативниот училишен еко тим“.
Официјалното доделување на зелените знамиња и сертификатите за соодветниот статус традиционално ќе биде реализирано на седмиот по ред Еко-самит,за што дополнително ќе биде одреден терминот.
Булук кози слободно пуштени да пасат без придружба на козар и тоа пред зградата Јури во поранешнара Касарна, фотографираше денес читател на нашиот портал Апла.мк и ни ги испрати фотографиите до редакцијата. Козите пасат во Касарната, населба која е во изградба и се најавуваше како елитна. Читателот вели дека го изеле посаденото зеленило и покрај повеќето жалби упатени од жителите до надлежните служби да се спречи испаша на добиток во урбаниот дел од касарната.



Битолчанецот Т.Б (51) во три дена украл 53 илјади денари.
Кабинетите по физика и практична настава - електроенергетика во Техничкото училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола кои се опремени со грант од германската амбасада, денеска ги посети заменик амбасадорот на СР Германија во нашата држава , д-р Петар Шалер, симболично предавајќи ги во употреба.
Врз основа на Основниот договор за изработка на колектор за фекални отпадни води за Бегова чешма ( од Шумски фенери до Шаторот) кој го има склучено КЈП „Нискоградба“ Битола со Општина Битола, а врз основа на сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, известуваме дека сообраќајот на потегот од ресторанот Шумски фенери до ресторанот Шаторот ќе се одвива отежнато со кратки прекини од 20 минути и тоа во периодот од 07.11.2018 до 16.11.2018 година.
ЈКП „Нискоградба“ Битола
Боксерскиот клуб „Пелистер 2007“ од Битола е шампион во првата лига на Македонија за 2018 година. За Денот на ослободувањето на Битола , тие го донесоа најубавиот подарок за градот, шампионски пехар.
Александар Најдовски-Сканта, Јове Петровски, Денис Муаремовски и Никола Бубевски се шампиони во сениорска категорија. Тие на 3 ноември во Штип се покажаа во најдобро светло и издоија победи.
- Нашите боксери во оваа лига се натпреваруваат во текот на целата година, од почеток бевме први и тоа го потврдивиме и на крајот од шампионатот. Работиме континуирано, а кога имаме натпревари тренираме и по два пати на ден, и ете тоа ни донесе високи резултати, изјави за апла.мк Александар Најдовски-Сканта, боксер, претседател на боксерски клуб „Пелистер 2007“ од Битола.
На денешната седница на Владата на РМ беше прифатена информацијата за отворање на граничниот премин Маркова нога во Преспа, по доставен предлог меморандум за реализација на заеднички интегрирана интервенција во пограничниот регион помеѓу Република Грција и Република Македонија.
Споменикот на бранителите„ Ангел“ кој се наоѓа во паркот кај градскиот часовник деновиве е сквернавен со графит на кој е испишан бројот 420 кој всушност е код на марихуаната. Битолчани реагираат што на ваквов начин се уништува спомен обележјето подигнато во чест на 7те мина бранители кои ги положија своите животи на браникот на татковината во конфликтото во 2001 година, а кои потекнуваат од Битола и битолско.
