
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Митрполитот Преспаснко-пелагониски, г. Петар им порача на жителите од ресенското село Јанковец да соберат 50 или 100 илјади евра, дел од парите што се потребни за обнова на црквата во манастирот „Успение на пресвета Богородица“, за да ја спасат шумата. Вели дека манастирската црква се распаѓа, а манастирот нема пари за нејзина обнова. Ги обвини жителите дека досега не ги запреле дрвокрадците кои ја соголиле шумата.
Деноноќно, со жив штит, жителите на ресенското село Јанковец ќе ја бранат шумата околу мансатирот „Успение на пресвета Богородица“, доколку Преспаснко пелагониската епрахија ја оставри својата намера за сеча на 70 хектари стара дабова шума. Велат дека тоа ќе предизвика еколошка катастрофа, климатски промени, ерозија на земјиштето, а џаради конфигурацијата на теренот, при секој пороен дожд ќе се полавуваат куќите кои се оддалечани педесетина метри од манасирот. Ја повикаа Преспанско пелагониската епархија да се откаже од оваа намера и да го избегне гневот на мешатаните.
Вртоглава сума од над 800 илјади евра ненаплатени побарувања од граѓани и правни лица толерирало јавното претпријатие „Нискоградба“во Битола, за време на бившиот директор Кире Крстевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Наспроти ваквата практика во 2013 година претпријатието зеде рамковен кредит од 30 милиони денари, и ја покачи цената на услугите за канализација.
Репортажа за тоа како настана и опстои до денес црквичката и ова излетничко место...
Иако на пресот обвинуваше функционер од СДСМ за вработување на роднина, советникот Горан Степановски од ВМРО- ДПМНЕ, запрашан дали нивната партија расчисти со кадрите кои во изминатите години спроведуваа непотизам, за сега да имаат морално право во јавноста друг да обвинуваат за тоа, ни рече дека прашањето било надвор од конкретната тема.
„Извините, ама за прашања што се надвор од конкретната тема обратете се во Центарот за комуникации , па ќе ви одговориме официјално“, рече Степановски.
Почна акцијата „За Зелена Битола“ со која ќе бидат засадени 3000 садници на различни локации низ градот. Јавното претпријатие „Комуналец“ денеска уредуваше простор меѓу згради во Нова Битола, во близина на училиштето „Климент Охридски“. Покрај новите садници, во наредниот период ќе се постави и урбана опрема на оваа локација.
Провокации, барања за прошка, шила, листа со непотистички вработувања, што сѐ не се спомна на долгата седница на Совет денес во Битола, па имаше дури и обраќања од типот „Горномакедонци, Долномакедонци, Северомакедонци“. На дневен ред беа многу сериозни точки како донесување на годишен план за вработување во четирите јавни претпријатија, а дискусијата прерасна во партиски препукувања, со дозна на исмејување и навреди.
Согледувајќи ги тешките состојби во кои се наоѓаат дел од улиците во периферијата на општина Битола, Општината започна со санирање на дел од нив. Во таа насока, на улицата „Лавчански пат“ извршено е чистење и тампонирање, со што неодамнешната слика на каллива, тешко проодна улица, денес прикажува една комплетно нова состојба.
Ако одевме контра и против решението на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на тарифа за водата, ЈП „Водовод“ ќе беше казнет со 30 000 евра, рече Горан Козаров директорот на ова претпријатие, за време на своето обраќање во Советот во врска со цената на водата.
Полицијата поднесе кривична пријава против А.В. (17) и Ѓ.Д. (18), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „расна и друга дискриминација“. На 18.01.2018 година околу 02.30 часот на фасада од зграда на Широк сокак во Битола пријавените испишале графит со недолична содржина на македонски и албански јазик. Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за Криминалистичка полиција, по превземени мерки и активности, го расветли настанот и ги откри сторителите.
Графитот на фасадата на зграда на Широк сокак во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик,е и со додавката „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.
