
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Реконструкцијата на шадрванот пред Јени џамија во Битола и партерното уредување на просторот се целосно запрени, откако при изведување на градежните активности, случајно се пронајдени нови делови од црквата Св. Ѓорѓи, која за првпат е откриена под џамијата пред 15 години. Од Завод и музеј , велат дека пред да продолжат активностите потребно е да се изврши археолошко истражување на новопронајдените остатоци, за што побарана е финансиска поддршка од Министерството за култура, Управата за културно наследство и општина Битола.
Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда на Широк сокак во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.
15 годишниот Петар Атанасовски го фати крстот во осветените води во базенот на храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. По крстот скокаа десетина момчиња и една девојка. .
Поранешната пратеничка од Ресен, Дивна Јовковска Ефтимовска, на социјалните мрежи испрати повик за помош на трите семејства од Ресен кои останаа без покрив над главата по вчерашниот силен пожар кој ги зафати нивните домови.
„Кога се работи за хумани цели, Македонија знае да биде хумана. Да им помогнеме на ресенските семејства, чии куќи беа опожарени вчера претпладне. Помошта е потребна најитно, независно од видот„, напиша таа на фејсбук.
За сите оние кои сакаат финансиски да помогнат можат да уплатат средства
Банка на примач: ХАЛКБАНК
Примач: Сибел Дафтовска
Бр. на Сметка: 270-7000-395-058.18
Пожарот избувнал вчера утро во куќите сопственост на 51-годишниот М.Д., 43-годишниот В.А. и на Н.З. во Ресен во кој биле опожарени покривните конструкции, собите и покуќнината, а при неговото гаснење биле оштетени дел од ѕидовите и покуќнината.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.Увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен. Пожарот, како што соопшти МВР, најверојатно настанал на покривот, односно на оџакот на една од куќите. 
Искршени прозорци, дотраен паркет, изронета фасада, ѕидови и скали, немолерисани простории, напукнати тавани... Вака изгледа подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во битолската населба Горно Оризари. Фотографии од затекнатата состојба во школото на својот фејсбук профил објави новата директорка на ОУ„Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева. Сликите покажуваат дека на школото во Горно Оризари потребна му е итна реконструкција.
На 18 јануари 1914 година во село Канино, битолско, роден е Никола ТОДОРОВСКИ-Коле Канински, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
По професија бил правник. Основнотои средното образование ги завршил во Битола. Во октомври 1933 г. заминал на студии по право во Белград. Тука се истакнал со дејноста во прогресивното движење.
Станал член на КПЈ во 1936 г. По завршувањето на факултетот во 1938 г. се вратил во Битола и продолжил со својот политички ангажман. Во 1940 г. станал член на Месниот комитет на КПЈ-Битола. На теренот бил многу популарен.
Во септември 1941 г. станал член на првиот Битолски месен воен штаб, што значи дека непосредно раководел со организирањето на партизанската борба во Битолско. Поради својата револуционерна активност во време на окупацијата бил неколкупати затворен, а есента 1942 г. се приклучил кон партизанските единици.
Во април 1943 г. станал началник на штабот на Партизанскиот одред "Даме Груев". По формирањето на Партизанскиот одред "Гоце Делчев" на 20 мај 1943 г. станал негов командант. Подоцна бил именуван за политички комесар на Вториот баталјон на Третата оперативна зона, познат и како Битолско-мариовски баталјон на Втората македонска бригада.
Бил избран за делегат на Првото заседание на АСНОМ.
Загинал како политички комесар на Првата македонско-косовска народноослободителна бригада, во несреќен случај на 22 јули 1944 г., при испробувањето на минофрлач кај селото Буринец на планината Караорман.
подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
Графит со фашистичка порака испишан е денеска на фасада на битолски Широк Сокак. Графитот е на македонски и албански јазик, што алудира на Законот за употреба на јазиците.
Работници барајќи си ги заостанатите плати од фирмата „Трансмет“, чиј поранешен газда беше бизнисменот Сеад Кочан, четврти ден штрајкуваат во РЕК „Битола“. Фирмата им должи од една до три плати, а револтот одлучија да го изразат преку блокада на механизацијата што „Трансмет“ ја има во рудникот Брод Гнеотино за ископ на јаглен и јаловина.
Студено време утрово во Битола. Снегот кој падна синоќа во Битола не се задржа на коловозите. Снежна покривка има на Пелистер и во Пелагонија. Минималната температура измерена во шест часот утрово беше еден степен под нулата, а во Пелагониско и пониска. Максималната температура денес ќе се искачи до четвртиот степен над нулата. Сепак, овие температури може да се каже и дека не се многу ниски ако се имаат во предвид сибирските зими кои Битола ја зафајќале во изминатите години, кога се случувало температурите околку христијанскиот празник Водици да паднат до минус 30 степени Целзиусови..

