2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Околу осумдесет книги донираше Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во битолскиот затвор „Црн мост“ за затворениците да имаат поразновидна литература за читање.

„Зошто не може да се топлифицира Битола или подалеку? Затоа што од Битола до РЕК има 12 километри. И мое мислење е дека за да се загрева Битола треба од РЕК еден блок да не проиведува струја, туку да произведува само топлинска енергија. Во овие моменти кога државата кубури со производство на електрична енергија, кога се очекува 70 проценти производство на струјата да даде РЕК за потребите на Македонија, мислам дека нема никој да си дозволи еден блок да се исклучи од мрежа заради топлификација на Битола.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Јануари 09, 2018

На денешен ден, 10 јануари, во 1928 година во селото Дихово, Битолско, е роден Јонче ЃОРЃИЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.


Сообраќајот на  патишта во државата се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има во Битола, Прилеп, Ресен до150м и Тетово до50м.

 

Во битолскиот затвор ќе биде формиран оддел каде што ќе бидат сместени книги кои затворениците ќе можат да ги позајмуваат за читање.

Вчера околу 18 часот младо момче од Битола на 23 годишна возраст си го одзело животот. Според податоците од СВР-Битола,  несреќата се случила  во семејната куќа на момчето М.А на улицата Булевар 1-ви Мај.  Тоа било само дома , па членови на семејството го затекнале  со прострелна рана во главата. Основното јавно обвинителство наредило  обдукција.  

До јануари 2020 година гасот треба да стаса до Битола, вели  Благојче Котески директор на МЕР.Тој  вели дека иако е „неблагодарно  да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси“.

Со утрински литургии по црквите, денес започнува празнувањето на Божиќ, празник посветен на раѓањето на Исус Христос. Верниците денес се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, а се одговара: „Вистина се роди“.  .

Стотици деца од Битола утрово и пееја коледарски и црковни песни на градоначалничката на Битола , Наташа Петровска. Настанот се случи пред општинската зграда, а Петровска им посака многу здавје и безгрижно детство. Дечињата носеа икона спилион која ја симболизираше пештерата  каде е роден Исус во Витлеем, а Петровска им подели коледарски кеси. 20180106 114615

Вечерва низ битолските маала пламнаа коледарски огнови. Ова е традиција со која се најавуваат престојните празници- Бадник и Божиќ. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани