
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2023 година. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2023 изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:
Согласно склучениот договор помеѓу Општина Битола и „Проветалек“ Дооел Новаци, економскиот оператор, продолжува со заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територија на Општина Битола.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, објави демант на изнесените обвинувања од СДСМ, поврзани со ревизорскиот извештај за ЈП Водовод.
Во прилог Ви ја пренесуваме изјавата на градоначалникот Коњановски:
Изминатата недела битолската шумска полиција во неколку одделни акции против нелегалната сеча и транспорт на дрва одзеде две моторни пили, како и една рачна пила.
Против сторителите на нелегалната сеча ќе бидат поднесени соодветни пријави до институциите.

Повеќе од 20 компании и повеќе од 100 отворени работни позиции беа промовирани на Денот за кариера кој се реализира на 25 април 2023 година на платото во Офицерски дом во Битола.
Основна цел на настанот беше пренос на информации, мотивација и едукација на преку 200 невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места.
Денот за кариера ја поврзува бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со невработени лица. Другиот аспект на овој настан беше мотивирање на младите да останат во РСМ, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој. Дополнително од страна на МКЦ-Битола, на апсолвентите и дипломираните студенти им се понуди и учество во иновативна дигитална онлајн платформа за претприемничко учење која ќе се реализира од јули до август 2023, а ќе финишира со еднонеделна обука во септември 2023 во Солун, Република Грција. Преку ЕНТЕГ програмата за преприемништво имаме слободни места за 24 учесници од Северна Македонија.
Проектот ЕНТЕГ е во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 и е партнерска соработка помеѓу Младински културен центар – Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од страна на Република Северна Македонија и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија (водечки апликант) и Техничката комора на Грција/оддел за Централна Македонија од Република Грција

Интегрален текст од прес конференцијата на Борче Корлевски, советник од СДСМ
