2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Се поклопува отворањето на едни од двете најголеми културни манифестации во Битола, и тоа 9.издание на „Битола Шекспир фестивалот“ со она на 15 културно лето „Бит-фест“. До лани „Битола Шекспир фестивалот“ кој е во организација на Народен театар Битола беше редовно во рамките на „Бит фест“, а годинава на плакатот само пишува дека е финансиски поддржан од Општина Битола која го подготвува културното лето.

Двете манифестации започнуваат на 23 јуни, овој петок, со големи настани. Шекспировиот фестивал се отвора во 20 часот на големата сцена на Народен театар Битола со претставата „Макбет“ во режија на Никита Миливојевиќ, голема копродукција на Шекспир фестивалот од Србија, Будва град театар, СНП и Ујвидеки Шингаз од Нови Сад и БДП Белград. Бит-фест пак, се отвора во 21 часот во Хераклеја со „Вива Верди“, претстава со над 130 учесници меѓу кои Симфонискиот оркестар, хор, оперски солисти кои ќе изведат извадоци од најубавите опери на Верди. Солисти се Горан Начевски, Наде Талевска, Христијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и Зана Абази Рамадани.

Претходно градоначалникот на Битола, Тони Коњановски најави дека годинава во рамки на „Бит-фест“ ќе се најдат традиционалните фестивали меѓу кои и Шекспир.

Директорот на Народниот тетар од Битола, Иван Јерчиќ рече дека претставата „Магбет“ која е во копродукација на неколку театари можеше само на овој датум да гостува, а од претходно искуство знаеле дека „Бит-фест“ започнува на денешен ден со фестивалот „Солстис“.

„ Напревен е некаков превид и се надевам дека секоја од двете маниофестации ќе си најде своја публика и се надеваме на полна сала“, рече Јерќич.

На денешната прес конференција од Народниот театар од Битола најавија дека фестивалот ќе трае од 23 до 29 јуни. На програмата се документарен филм „Во чест на великанот Шекпир“ на конзулката Лилјана Спировска, „Лејди Макбет“ на Танцов театар Скопје, Шекпир караоке Реквием- испит по авторска игра од класата на Дејан Пројковски, Универзитет Еуропа Прима и за затворање концерт на Мариа Жуао и „Електрик квартет“ од Португалија. Фестивалот ќе има и втор дел во октомври со претстава на Народен театар од Битола и „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Јерчиќ изјави дека иако беа најавени три македонски претстави работени по Шекпир, беа откажани, па и годинава фестивалот е без домашна театарска претстава работена по дела на авторот.

„ Не знам во што е проблемот. Мое лично мислење е дека тоа не е репертоарска политика, можеби прашање на некаков буџет. Јасно е дека едно дело на Шекспир не може да се постави со ограничен буџет, станува збор за многу ликови, костими, сценографија, претпоставувам дека во тоа е проблемот“, рече Јерчиќ.

Илина Чоревска, програмски директор на Народен театар Битола, пак вели: „ Кога младите режисери ќе се зафатат да го работат Шекпир, се зафајќаат со целиот текст. А толку актуелни му се репликите што суштината на една претстава може да се извлече од само една реплика. Не сум сигурна дали сакаат доволно да експериментираат, не само македонските режисери и странските зашто кога се работат вакви култни дела ние имаме некакво очекување. Не треба да имаме очекување, едно дело на Шекспир може да има сосема различна конотација од некогаш и денес.

Идејното решение за овогодишниот плакат е симболична претстава на оваа традиционална манифестација изразена преку орнаментиката и колоритот на македонскиот народен вез од Битолското Поле. Доминира црвената боја која во традицијата на народниот вез означува живот, здравје и со преносно значење во овој случај на богат и исполнет фестивал., информираат од Оптшина Битола

Оваа година Битолско културно лето започнува на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди“.

Локалниот лидер на СДС во Битола, конечно да одговори за состојбата во Затворот во Битола, побара на прес конференција Виолета Ковачевиќ, член на ИК УЖ ВМРО ДПМНЕ. 

Пресот го пренесуваме во целост: 

„Кулминацијата на траумата од долгиот опозиционерски стаж и екстремно лошото, за среќа, кусо практикување локална власт, колку што се поизвесни парламентарните избори станува поекстремна и кулминираше деновиве. И повторно, исклучиво со лаги, манипулации и лични дискредитации. Господо од СДС, немојте да мислите дека граѓаните и јавноста имаат кратко памтење. Цело време зад партиската говорница фрлате отров и чисти лаги и инсинуации, а Вашиот локален лидер, Драган Крајовски, остана нем и затворен, скриен и не се одважи да им одговори на ниту едно поставено прашање на граѓаните. Ако, во меѓувреме е променет од позицијата, барем тоа требаше да го обзнани. Така е чесно и одговорно. Ама, ајде што да правиме кога тоа не е ваша одлика.
 
И во оваа прилика, во името на вистината, повторно го прашуваме претседателот на СДС Драган Крајовски:
- дали тој лично одлучува кој ќе ги користи бенефициите и кој ќе престојува во отвореното одделение?
- дали е вистината дека дисциплината во Затворот е катастрофална?
- кој е исходот од контролата од Управата за извршување санкции?
- дали и натаму го оштетува буџетот на Затворот, заради тоа што вработените своите прекувремено одработени саати се принудени да си ги наплаќаат преку суд?
За вас едно дополнително и клучно прашање:
- директоре Крајовски, дали е во функција пречистителната станица во Затворот и дали тоа значи очигледна еколошка катастрофа за Битола и битолско ? Крајно време е да одговорите на поставените прашања“, рече Ковачевиќ
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани