2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во 19.48 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул."Васко Карангелевски" во Битола помеѓу се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус "исузу", кој превезувал вработени за РЕК Битола, управуван од Т.Т.(54) од Битола и патнички возило "шевролет" управуван од Д.Ј.(19) и сопатник Б.А.(19), двајцата од Битола, и двете возила со битолски регистарски ознаки. По незгодата возачот и сопатникот во возилото "шевролет" се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на помош и утврдување на карактер на повредите. Се врши увид 

Неофицијaлно, во автобусот имало двајца патници, но не се повредени

На 88 години по кратко боледување денес, на 25 јуни 2023 година, почина Трпе Маринов, првиот дипломиран професор по математика во Битола. Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 26.06.2023 година, во капелата во Света Недела, а опелото и погребот ќе се одржат во 12,30 часот во храмот на Светонеделските гробишта.

Маринов беше признат и докажан професор по математика во Битола, кој предаваше скоро во сите средни училишта во градот. Воедно беше и професор на Техничкиот факултет по нацртна геометрија. Како просветен работник изваде многу генерации на интелектуалци кои и ден денес со гордост се сеќаваат на својот професор.

Покрај математика, предаваше и старогрчки јазик во Гимназијата „Јосип Броз-Тито'' , а грчки јазик во приватните училишта во Битола.

Трудови од областа на математиката остави и во пишана форма со цел да им ја доближе оваа научна област до идните генерации.

Семејството раскажува дека пензијата за него беше само ливче хартија зашто со книгата и науката се дружеше до последен здив.

Во рамки на 22 издание на фестивалот „Битола отворен град“ вчера летната сцена во МКЦ – Битола беше простор за изложба на цртежи, графики и фотографии од младите уметници: 

 
ДИМИТАР РИСТЕВСКИ
МИЛА ПЕТКОВСКА
АНГЕЛА ШАПАРДАНОВА
ТАТЈАНА ЈОВАНОВСКА
ДАРКО ГУЛЕВСКИ
САНДРА КОРЛЕВСКА
МИХАЕЛА ВЕЛЈАНОВСКА
АНАБЕЛА МАРКОВСКА
 
353465850 599728102302208 4243950126437944812 n
Истовремено течеше и проектот „Our NATION is imagiNATION“ – графити работилницата со
АНГЕЛА ШАПАРДАНОВА
ДАРКО ГУЛЕВСКИ
САНДРА КОРЛЕВСКА
ГАБРИЕЛА ЛАЗАРЕВСКА
НАТАЛИЈА ДИМОВА
353408193 599736558968029 1284882909573678475 n
 
DJ КИКЕЦ  беше музичка поддршка во вчерашниот убав летен на стан 
фото | Ивона Кочов
356337105 599734338968251 1006463304903151464 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани