
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Препознатливиот далматински мелос, на 2 јуни во петок во Офицерскиот дом во Битола ќе го донесе далматинската машка клапа „Жрновница“, а по повод Денот на државноста на Хрватска. Настанот е со почеток од 19 часот. Оваа манифестација веќе традиционално е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом.
Клапатa „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит, Хрватска. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин. Имаат учествувано на многу фестивали, концерти во Хрватска и во странство, настапувале во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, на Хрватскиот музички фестивал во Виена, Австрија, Словенија, Чешка и со задоволство како што ни изјавија, настапуваат на бројни хуманитарни и други културни настани.
Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас. Изведуваат композиции од духовен карактер, класични композиции, аранжмани на популарни композиции, а негуваат и традиционално народно пеење.

Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја, народниот театар од Сињ ќе ја изведе претставата „Семејна идила“ од М.Ненадовиќ, адаптација и драматизација на Жељко Вицулин. Премиерата на оваа претстава беше минатата година, а по барање на публиката досега е изведена над 20 пати во Хрватска. Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година. Во сите овие години од нивното постоење подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби. Овие бројки покажуваат дека овој театар и покрај кратките прекини, е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска. Во последните 10 години, со континуирана и професионална работа, театарот се издигна на едно повисоко ниво по бројот на поставени премиерни претстави, како и во учества на фестивали. На одбележувањето на нивното 60 годишно постоење ја добиваат Наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот во Хрватска и странство.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес на прес конференција и со писмена иницијатива, ја повика претседателката на Советот, Габриела Илиевска, да започне со работа во интерес на граѓаните кои и ја дале довербата, а со тоа да запрат кочниците и блокадите на општината.
Изјава на градоначалникот Тони Коњановски (видео):
Почитувани граѓани,
Моја должност, но и обврска на сите нас кои сме ја добиле довербата од Вас, е да работиме, да се фокусираме на проекти и одлуки, со кои Битола ќе напредува, со кои ќе се реализираат активности и ќе се подобруваат условите во општината.
За жал, како никогаш досега, имаме ситуација во која, претседателката на Советот, во континуитет, веќе 2 месеци, личните желби и интереси, ги става над потребите на граѓаните. Искажувајќи некакво незадоволство од локалната самоуправа, останува на функцијата за која е платена со пари на битолчани и се обидува да докаже некаква своја правда, дури и кога не само јас како градоначалник, советниците и општинските служби, туку и повисоките државни институции и укажуваат дека постапува погрешно.
Покрај донесеното решение од државниот инспектор за локална самоуправа, претседателката одбива да постапи по истото и да ги стави на дневен ред точките со кои:
- Пред почетокот на летото кога постои најголема опасност од пожари, ќе се усвои Програмата за работа на ТППЕ Битола
- Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови, што е директно поврзано и со потребите на бизнис секторот од Битола
- Измената на Програмата за развојни планови, со што ќе се овозможи уредување на просторот кај поранешен ЈАТ
Блокадите и кочниците всушност покажуваат дека да се работи ПОИНАКУ, значи да се покажува самоволие,ароганција и фрустрации и сето тоа на штета на сите нас,Битола и битолчани.
Ваквата ситуација мора да се промени.
Затоа, до претседателката на Советот испратив иницијатива за брзо постапување по забелешките на државниот инспектор и ставање на наведените точки на дневен ред, меѓу кои е и точката за донесување на одлука за утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на јавни површини.
Општина Битола, мора да продолжи да функционира, а секој кој не е подготвен за одредена функција, треба да најде начин тоа да им го образложи на граѓаните.
Проектите ќе продолжат, а Битола ќе напредува. Очекувам ова да биде желба и начин на делување и на претседателката на Советот, зошто на тоа јавно се обврзала.
Учениците од Гимназијата „Јосип Броз –Тито“ уште еднаш ја потврдија својата драмска и театарска умешност, подготвувајќи театарска претстава во која режијата, сценариото, улогите, кореографијата, костимографијата и другите пропратни елементи ги подготвија и ги изведуваат учениците. Претставата „Далеку, а сосем тука“ е под менторство на професорката по клаични јазици Софија Бејковска. Режијата и сценариото се на матурантката Бисера Стефановска, а како асистен на режија и сценарио се јавува Ангела Цветковска и асистент на сценарио Ана Марија Петровска.
Премиерата за вработените од Гимназијата е закажана за 31 мај, на летната сцена во Тумбе кафе, а следните два дена, на први и втори јуни, ќе има реизведби за учениците од Гимназијата.
