
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Повеќе населени места и делови од Битола утре, 13 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат надлежните служби.
Според објавениот распоред, првиот прекин ќе трае од 06:30 до 16:00 часот и ќе ги опфати селата Брод, Сливица, Скочивир, Бач, Гермијан, Живојно, Кременица, Меџитлија, Егри, Гнеотино, Тепавци, Гнилеж, Ивени, како и индустриската зона Жабени и повеќе стопански објекти и компании во регионот.
Дополнителен прекин е најавен и во делови од градот Битола во периодот од 09:05 до 13:00 часот. Без струја ќе бидат улиците „Сисак“, „Епинал“, „Блаже Конески“ и дел од улицата „Круме Кепески“ со околните станбени и деловни објекти.
Екс директорот на РЕК Битола и подоцна на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, се спаси од прогон за случајот со набавка на мазут во ТЕЦ Неготино. Пропадна еден од најголемите случаи, во кој имаше сомнеж за криминал од над 160 милиони евра, бидејќи по сериозните сомнежи на МВР од пред околу една година дека се злоупотребувале тендери за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, денеска од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека предметот се затвара, бидејќи не биле утврдени злоупотреби.
Во фокусот на истрагата беше фирмата РКМ која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Меѓу осомничените беше и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски. Сулкоски е поранешен вработен во Пуцко Петрол, а потоа стана еден од сопствениците на РКМ заедно со Капушевски.
Во истрагата беше опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бараше со меѓународна потерница за случајот Адитив. Опфатен беше и уште еден поранешен директор на ЕСМ, Адријан Муча. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена должност.
„Во текот на постапката е анализирана обемна материјална документација, финансиски и договорни документи, вешт наод и мислење, како и искази од повеќе сведоци, претставници на АД ЕСМ, ТЕЦ Неготино, како и претставници на економските оператори кои во критичниот период имале лиценца за трговија со течни горива-мазут. Од доказите произлезе дека предметните постапки за набавка на мазут се спроведувани во услови на прогласена енергетска криза од страна на Владата на РСМ и согласно законските исклучоци предвидени во член 23 од Законот за јавни набавки, со цел обезбедување непречено производство на електрична енергија.
Истрагата утврди дека постапките биле спроведувани транспарентно. ЕСМ имало за цел да ги вклучи сите оператори што имале лиценци за трговија со мазут во интерес на побрзо испорачување на мазутот, при што биле контактирани сите економски оператори кои поседувале лиценца и тоа во дел од јавните повици со известување биле повикани да учествуваат, а во дел јавните повици биле објавени и во дневни весници. Од исказите на претставници на економски оператори произлезе дека дел од компаниите не учествувале во постапките поради деловни и економски проценки, односно поради високите количини, потребните банкарски гаранции и ризиците поврзани со тогашната состојба на енергетските пазари“, велат од Обвинителството.
НОВ ЛИК НА СТАРИТЕ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА ВО УЧИЛИШТЕТО ВО ГОРНО ОРИЗАРИ
ЗБОГУМ НА ЛИЧНОСТА ШТО ЈА ГРАДЕШЕ АТЛЕТИКАТА ВО БИТОЛА
Денеска беше свечено откриен споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа. На настанот присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски.

Битолските планинари во чест на МУРАТОТ! Планинарски Спортски Клуб Пелистер во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест денес го организира 37-тиот Традиционален планинарски марш. Истиот се одржува на Пелистер. 
Муратот е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.
Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија (А. Б)
