
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нова детска едукативна патека на Пелистер - Изминатиот викенд целосно е исчистена кружната патеката која води до Видиковец(2000мнв) и отстранети се околу 30тина дрвја од патеката. Активно работевме на уредување на детската патека наменета за еколошка едукација, а на дел од инфоцентарот поставуваме подно греење кое треба да овозможи попријатен престој за сите посетители. Подготовките за претстојната сезона веќе се во полн ек, изјави Иванчо Тошевски директор наНП Пелистер Битола.

Книжевниот клуб Утопија овој четврток ќе биде домаќин на еден од најзначајните современи македонски писатели, Венко Андоновски, на книжевна вечер посветена на неговото творештво и на најновата книга „Александар јава на запад“.
СВР Битола информира - На 27.03.2026 во 17:30 часот на патот Битола – Ресен, кај место викано „Билбил камен", полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.М.(21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хонда" без регистарски ознаки, при што било констатирано било дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
НЕМА ПОВЕЌЕ ПАТУВАЊЕ ДО СКОПЈЕ ЗА ПРЕГЛЕД НА ДЕЦАТА СО НЕВРОРАЗЛИЧНОСТИ, објави Клиничката болница Битола, најавувајќи го неврологот д-р Данило Нонкуловски!


Битолското Основно јавно обвинителство ги координира дејствијата за целосно испитување на сомненијата за труење со храна во РЕК „Битола“, поради што лекарска помош од вчера до денеска претпладне побарале стотина лица. Дека ОЈО Битола е известено за случајот информираа од Јавното обвинителството на Република Северна Македонија, откако претходно беше соопштено дека Државниот санитарен и задравствен инспекторат (ДСЗИ) привремено ја затворил кујната во Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) „Битола“. „Во однос на сомненијата за труење со храна во РЕК ‘Битола’, Основното јавно обвинителство Битола е известено и ги координира дејствијата за целосно испитување на настанот“,велат од Јавното обвинителството. Надлежните испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби на кои вчера се пожалија работници во комбинатот. Тие тегобите ги пријавиле откако јаделе лазањи со сос во мензата на комбинатот.
