2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство

Повеќе населени места и делови од Битола утре, 13 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат надлежните служби.

Според објавениот распоред, првиот прекин ќе трае од 06:30 до 16:00 часот и ќе ги опфати селата Брод, Сливица, Скочивир, Бач, Гермијан, Живојно, Кременица, Меџитлија, Егри, Гнеотино, Тепавци, Гнилеж, Ивени, како и индустриската зона Жабени и повеќе стопански објекти и компании во регионот.

Дополнителен прекин е најавен и во делови од градот Битола во периодот од 09:05 до 13:00 часот. Без струја ќе бидат улиците „Сисак“, „Епинал“, „Блаже Конески“ и дел од улицата „Круме Кепески“ со околните станбени и деловни објекти. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани