2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ЈКП Водовод Битола информира дека е дел – од проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Република  Македонија“, финансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, како и општините и комуналните претпријатија вклучени во проектот.

 
Во рамки на проектот, од страна на ЈКП Водовод – Битола се доставени повеќе проектни предлози и инвестициски мерки насочени кон подобрување на ефикасноста, одржливоста и ефективноста во работењето на претпријатието.
 
Предложените активности опфаќаат модернизација на системите за мониторинг и управување, намалување на загубите на вода, подобрување на енергетската ефикасност, надградба на SCADA системот, имплементација на современа мерна и контролна опрема, како и дигитализација на деловните и оперативните процеси.

ОФИЦИЈАЛНО: НОВИ ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ ВО ХОТЕЛ МОЛИКА И СКИ ЦЕНТАРОТ КОПАНКИ

ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола продолжува со реализација на значајни проекти насочени кон унапредување на туристичката понуда, подобрување на условите за престој и развој на современа инфраструктура во Националниот парк Пелистер.
 Во рамки на развојот на Ски центарот Копанки, официјално е планирана изработка на физибилити студија и проект за изградба на мини акумулација и систем за водоснабдување и техничко оснежување на дел од скијачките патеки.
Овој проект ќе овозможи: Стабилни количини на вода за ВЕШТАЧКО ОСНЕЖУВАЊЕ
Подолга и посигурна зимска сезона
Подобри услови за рекреативци и спортисти
Подигнување на атрактивноста на Копанки како современ зимски центар
 Во текот на минатата година, на долната скијачка патека беа поставени рефлектори со што се создадоа услови за ноќно скијање, а оваа година активно се разгледува можноста за воведување на систем за вештачки снег. 
 Паралелно со овие активности, во фаза на изготвување е проектна задача за изградба на современ СПА и велнес центар во Хотел Молика, со цел дополнително подобрување на квалитетот на услугите и зголемување на удобноста за нашите гости.
 Во текот на оваа година е планирано и сеопфатно реновирање на хотелот, кое опфаќа:
• Реконструкција на задниот дел од објектот
• Обнова на фасадата и замена на надворешната дограма
• Реконструкција на водоводната и канализационата мрежа
• Целосно освежување и модернизација на хотелските соби
• Уредување и модернизација на летната тераса на ресторанот за уште попријатен престој во летниот период
Во изминатиот период успешно реализиравме повеќе инвестиции, меѓу кои:
• Поставување нов поден тепих на сите катови, прва целосна замена по повеќе од 30 години
• Замена на постојниот систем за хлорирање со современа автоматизирана опрема за дозирање и дезинфекција на водата, со што се обезбедува повисоко ниво на хигиенска исправност, стабилен квалитет и дополнителна безбедност на водоснабдувањето
Со овие инвестиции, Хотел Молика и Ски центарот Копанки продолжуваат да се развиваат како современа туристичка дестинација која нуди врвен комфор, безбедност и незаборавно искуство во срцето на Националниот парк Пелистер. 

На 15 и 17.05.2026 на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, при што биле констатирани 104 прекршувања кои ги прават мотоциклистите. На подрачјето на Битола санкционирани биле 53, а на подрачјето на Прилеп санкционирани биле 47 мотоциклисти, додека 4 на подрачје на Македонски Брод. Од нив, вкупно 47 прекршоци биле констатирани за некористење на заштитен шлем-кацига, 28 санкции за управување без возачка дозвола, девет прекршоци за нерегистрирани моторцикли, мопеди. Притоа, констатирани биле четири прекршоци за измината важност на осигурителна полиса, два прекршоци за управување под дејство на алкохол, како и12 останати прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

ЕДНОГЛАСНО УСВОЕН ПРЕДЛОГОТ НА БОЈКОСКИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕТО НА РАКОМЕТНАТА ПЛАТФОРМА

 
Како дополнителна точка на дневниот ред на денешната 12-та седница на Советот на Општина Битола, претседателот на Советот Бојан Бојкоски ја предложи одлуката за давање согласност за продолжување на периодот на времетраење на Договорот за уредување на капиталната и управувачка структура помеѓу РК „Еурофарм Работник“ АД Битола и РК „Пелистер“ АД Битола, односно продолжување на ракометната платформа чекор кој значи континуитет, стабилност и понатамошен развој на ракометната платформа која донесе резултати, успеси и гордост за нашиот град.
 
„Битола живее за ракометот. Оваа платформа покажа дека со визија, партнерство и посветеност може да се создаде силен и конкурентен клуб, препознатлив и дома и на европска сцена. Очекувам поддршка од сите советнички групи, затоа што кога станува збор за интересот на Битола, спортот и младите генерации треба да бидеме обединети. Ракометот не смее да биде тема на поделби, туку заедничка инвестиција во иднината на Битола. Ракометот е гордост на Битола, заеднички да продолжиме да го градиме успехот“ рече Бојкоски во објаснувањето на предлог точката.
 
Советот едногласно го усвои овој предлог за продолжување на ракометната платформа.

Силениот ветер скрши дрво зад Саат Кулата во Битола, блокирани се возила. Брза интервенција на битолските пожарникари, за среќа нема повтедени и поголеми штети. Граѓани за АПЛА.мк

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на градот, откако бил осомничен дека се обидел да изврши разбојништво под закана со огнено оружје во канцеларија за кредитирање. Случајот брзо бил расчистен по интервенција на полициските службеници и извршен претрес во неговиот дом.

Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека лицето М, Ѓ. (36) е пријавено за кривично дело „разбојништво во обид“, а по инцидентот било лишено од слобода околу 1 часот по полноќ. По обезбедена судска наредба од Основниот суд Битола, бил извршен претрес во неговиот дом, при што бил пронајден и одземен пиштол за кој постои сомнение дека бил употребен при обидот за кривичното дело.  Инцидентот се случил на 30.04.2026 година околу 18:10 часот во објект за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола. Според информациите од полицијата, осомничениот со закана со огнено оружје се обидел да изврши разбојништво, но откако не успеал да ја реализира намерата, побегнал од местото на настанот.

По преземените мерки и активности, случајот е целосно расветлен, а против лицето е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола.

Ана Бучуковска од Битола е државен победник на натпреварот "Млади библиотекари"! Ана е ученичка во ООУ"Коле Канински" Битола и денеска го освои првото место на Републичкиот натпревар ,,Млади библиотекари'' кој се одржа во Дом на културата ,,Драги Тозија" во Ресен. 

Нашата Ана Бучуковска вештините на млад библиотекар ги стекна под менторство на Наташа Лозановска и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски  и ја донесе победата на нашата библиотека, објавија од НУБ " Св.Климент Охридски" Битола. FB IMG 1778873567510

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани