2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

КЈП Нискоградба Битола ја известува јавноста дека утре 6 мај ќе работи на изведба на пруклучок за вода на улицата "Љубојно" во Битола  пред куќниот број 35. За време на изведбата на градежните работи ќе има прекин на сообраќајот од 7 до 15 часот. ЈКП Нискоградба апелира до граѓаните да покажат разбирање за ситуацијата се до изведување на градежните работи. 

ПЕЛИСТЕР-ЧЕТИРИСЕЗОНСКИ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

 
Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“.
На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна на домашни и странски експерти кои доаѓаат од Франција, Андора и Словенија. FB IMG 1777981017729
 
„Пелистер да биде четирисезонски туристички центар, не само од регионално, туку од национално значење. Условите се одлични, треба да се направи туристичка инфраструктура која ќе им овозможува на сите луѓе да имаат пристап на Пелистер“ рече Франц Фурлани, експерт од Словенија.
 
Анализите покажале дека средствата кои би се вложиле брзо може да се вратат. Вредноста на изградбата на гондолата би чинела околу 58 милиони евра. Почетната точка е некаде кај Цапари до Ловечка куќа, а другата траса од Ловечка куќа до Антена.
Едната гондола би била за 10 луѓе до Лочевчка куќа, а поголемата за 80 луѓе до врвот на Пелистер.
 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кажа дека изградбата на гондолата би била само еден дел во системот на четисезонскиот туризам на Пелистер како национален парк.
 
„И овој проект како што слушнавте и самите, не е само локален, општински, ниту регионален, туку можеби треба да биде национален, што ќе значи многу за развојот на овој прв национален парк во Македонија, што ќе го заживее регионот и државата во секој случај, станува збор за голем проект“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Тој кажа дека основно е да се зачува животната средина, да се зачува биодиверзитетот, но секако да се даде нова содржина во делот на развојот на туризмот, што овој регион го нуди.
 
Директорот на националниот парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски кажа дека експерската група составен од домашни и странски стручњаци цело време беше во соработка со националниот парк „Пелистер“. FB IMG 1777981012919
 
„Ова што денеска го гледаме како финален документ, како финална верзија е во рамки со светските трендови, значи она што е во делот на развојот на еко активниот туризам, а од друга страна во содејство со она што беше кажано дека туристичките економски зони ќе се развиваат надвор од националниот парк,  додека ќе се планираат само активностите кои што ќе бидат сериозна туристичка понуда би се реализирале внатре во националниот парк“ рече Тошевски.
 
Експерите кажаа дека подготовката на  планската документација бара неколку години, а реализацијата на терен покусо време.

Битола - Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола. 

 
Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски настан што треба да ја надополни културно-забавната понуда на Битола и да создаде уште еден повод за дружење, дегустација и уживање во отворена фестивалска атмосфера.
Деталите за првото издание ги соопштија, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, директорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темовкако и претставник на бендот Паркети, кој е дел од музичката програма на фестивалот.
 
„Очекувам прекрасни фестивалски денови, се надевам дека и времето ќе не послужи. И со ова Битола на туристичката мапа на Македонија уште еднаш се етаблира како град на културата, отворен град и за посетителите кои што ги очекуваме во голем број со една новина за градот Винскиот фестивал“ рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
 
Директорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, посочи дека Офицерски дом е простор кој има посебна симболика за Битола. 
 
„Затоа ни е важно тука да ги привлечеме новите настани кои ја зближуваат публиката. Винскиот фестивал Битола носи токму таква енергија, културна, музичка и градска“ истакна директорот Михајловски.
 
Според Пане Темов претставникот на организацијата на Вински фестивал,  амбицијата е фестивалот да прерасне во препознатливо случување за Битола.
 
„Сакаме да ја презентираме винската култура во Македонија, бидејќи во светот сме познати како винска земја, мислам дека во Македонија треба да го прошириме овој културен момент. Ова го сметаме како една додадена вредност за културата и туризмот во Битола“ рече Темов.
 
Фестивалската програма е замислена како спој на различни музички вкусови и генерации. На сцената пред Офицерски дом ќе настапат повеќе домашни изведувачи, меѓу кои резидент диџеј, B52, „Пауза за ракија“, DJ Александар Јорданов,„ Lockdown“, „Оркестар DIVA“, DJ Гоце Саф, „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“. 
 
Претставникот на бендот „Паркети“ најави дека настапот на фестивалот ќе биде дел од финалната вечер и дека публиката може да очекува концертна енергија што одговара на отворениот, градски карактер на настанот.
 
Новиот директор на КИЦ најави дека кон крајот на мај ќе организираат саем на средните училишта и музички хепенинг, наменет за полуматурантите и нивна поддршка во полесен избор кон средното образование.
 
Градоначалникот на Битола соопшти дека Културниот и информативен центар КИЦ Битола годинава ќе биде за прв пат организатор на Битолското културно лето Битфест кое ќе се одржи по 18-ти пат.
 
„Досега организатор беше Општина Битола со своите партнери, односно културни институции, а ова година, односно ова лето Битфест ќе биде прв голем настан за Културниот и информативен центар како организатор и реализатор на Битолското културно лето“ рече градоначалникот на Битола.

Во врска со реакциите во битолската јавност околу прекинот за упис на смерот Традициски играч-пејач во Државното музичко училиште во Битола за учебната 2026-2027 години, со изјава до јавноста се обраќа директорката Марија Шамоска - Буџакоски. Во појаснувањето директорката Шамоска - Буџаковски вели дека упис на профилот Традициски играч-пејач ќе има секоја втора учебна година. Изјавата на директорката на Државното музичко училиште во Битола Марија Шамоска Буџаковски дадена за АПЛА ви ја пренесуваме во целост.  "Како директор на Државно музичко училиште - Битола, во врска со информациите кои се појавија во јавноста, а се однесуваат на статусот на профилот Традициски играч-пејач во Државното музичко училиште – Битола, сакам да дадам појаснување со цел точно и навремено информирање на родителите, учениците и пошироката јавност.

 
Разбирливо е што кај дел од родителите се појави загриженост околу можностите за упис, имајќи го предвид значењето на овој профил за нивните деца. Токму затоа, сакам јасно да истакнам дека профилот не е затворен ниту пак укинат, туку неговото реализирање се одвива согласно утврдена динамика, односно истиот се отвора за упис преку една година.
 
Овој пристап овозможува подобра организација на наставата и одржување на висок квалитет на образовниот процес, што е особено важно во музичкото образование, каде е вклучена и индивидуална настава, па квалитетните услови играат клучна улога. Станува збор за воспоставена практика која има за цел да обезбеди најдобри услови за учениците.
 
Свесни за значењето на овој профил и за негувањето на културниот и музичкиот идентитет, функционирањето на профилот Традициски играч-пејач во нашето училиште беше овозможено од минатата учебна година во рамки на образовните политики на Министерството за образование и наука, при што со одлука на актуелната министерка беше овозможено негово отворање и континуитет, за што најискрено се заблагодаруваме.
 
Во таа насока, сакам да ја истакнам благодарноста за поддршката од Министерството за образование и наука за подобрување на условите за работа во училиштето, преку обезбедување средства за санација на објектите во кои е сместено, од реновирање, санација на подови, инсталација на парно греење кое треба да следи, па се до набавка на нови музички инструменти и модерни средства за настава како што се интерактивни табли и панели, со што директно се придонесува за поквалитетен наставен процес за наставниците и учениците во ова училиште.
 
Значи во однос на уписот во нашето училиште за сите заинтересирани да потсетам, во следната учебна 2026/2027 година во ДМУ-Битола ќе се запишат 68 ученици во 2 паралелки Музичар изведувач - 34 ученици и Музичар теоретичар - 34 ученици. Профилот Традициски играч-пејач оваа година нема да е дел од конкурсот на МОН, но ќе го имаме повторно во учебната 2027/2028 учебна година, па повелете, учениците ги очекуваме во што поголем број !
 
Државното музичко училиште – Битола останува посветено на својата мисија – создавање, негување и унапредување на музичкиот кадар, како и зачувување на културните вредности. Во таа насока, ние како училиште со поддршка на МОН ќе продолжиме да работиме во интерес на учениците, родителите и пошироката заедница, стои во изјавата на Шамоска - Буџаковски    текст - Апла

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани