2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Трибина на ПОДЕМ : Родово-базирано и семејно насилство. 

Препознавање, превенција. 
 IMG 0be10b4a018079f6ac0505d149b27e8b V
Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ, во рамки агендата за надпартиски настани од јавен интерес денеска организираше трибина посветена на семејното и родово базирано насилство. IMG 141c3a32bbf478f66698f6ff4621aa65 V
Основна агол на настанот беше аспектот на професионалците кои секојдневно се соочуваат со оваа болна општествена појава.
Единствен говорник на трибината беше Елизабета Талеска, педагог од Центарот за социјални работи Битола а непосредно пред присутните свое искуство сподели и наша сограѓанка која минува низ овие животни премрежја. IMG 6f99289dcd55968813877f420992a489 V
Главната порака која произлезе од настанот е повикот дека семејното насилство не е семејна тајна. IMG c63d46fde5a68f827e58673575cf2d66 V
Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и
завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година.
Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на
градоначалникот Тони Коњановски.
8, 13, 100, три бројки за весела математика, добра комбинација за
почеток.
Беше 8 март и помина, уште еднаш честитки до припадничките на понежниот
пол, денеска е петок 13-ти и тој ќе помине, а мојата бројка е 100. Таа
ќе ја слушате во голем дел од говорот, но не дека јас така си ја
измислив, туку и самите знаете за што зборувам, а ќе ја игнорирате, но
јас за јавноста да кажам, тоа е процентот на реализацијата.
 
Пред вас денеска е завршната сметка на Општина Битола за 2025 година и
годишниот извештај за истата таа година.
Фокусирани бевме на многу проекти, имаше кочења, имаше избори, но
успеавме да бидеме подобри од било кога и од едно време кога локалната
самоуправа ја водеше сегашната опозиција.
 
А дека тоа е така еве еден податок, пред кој тешко ќе ви биде да кажете
било што и да обвинувате дека не сме работеле, освен ако не сакате
политички овде да профитирате за во партиските дворишта.
 
Имавме градежна офанзива и тоа може да се види дека заклучно со
четвртиот квартал реализирани капитални расходи се во износ од
411.187.922 денари.
 
За да нема нејаснотии, односно критики како што си знаете да кажувате
дека ништо не сме сработиле, еве ви ги фактите:
-изградба на детска градинка во АРМ е извршена со 100 проценти од
планираните фази кои биле предвидени со градежната динамика ( и во други
ставки зборуваме за процент на реализација согласно планираното и
исплатените средства)
-голем процент на реализација имаме кај програмата за енергетска
ефикасност, освен сончеви панели во неколку училишта,  ОУ Стив Наумов
доби енергетски ефикасна фасада,
-реконструкција на уличното осветлување на улицата „Никола Тесла“ со 100
проценти реализација,
-стотка, односно 100 проценти реализација од планираното за одржување и
користење на паркови и зеленило,
-друга стотка и кај реконструкцијата на водоводна мрежа на улица „Нико
Фундали“ и тука 100 проценти реализација,
-100 проценти реализација на реконструкцијата на коловоз на улицата
„8-ми септември“, односно булеварскиот влез на Битола,
-изградба на коловоз на патот до црквата во село Крклино со 100
проценти,
-изградба на коловоз на улица кај Дулие со 100 проценти реализација,
-реконструкција на улица „Солунска“ со 90,70 проценти,
-изградба на атмосферска и фекална канализација на улицата „СТУ 3“ во
АРМ четврт 1 со 100 проценти,
-изградба на велосипедска патека со 100 проценти реализација,
-реконструкција на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе со 99,98 проценти,
-100 проценти реализација на објектот на противпожарната единица во
старата касарна, од предвидените фази со градежната динамика.
 
Пред фактите и боговите молчат. Многу често оваа фраза се користи во
политичкиот речник, па еве и јас денеска сакам да споредам периоди, за
да бидеме начисто кој колку работел и како ги завршувал работите.
 
Во капиталните расходи имаме значително зголемен процент на реализација
во споредба со периодот од 2018 до 2021 година кога реализиацијата била
од 38,17 до максимум 64,21 процент, а во последните години од нашиот прв
мандат се движеше од 71,52 до максимум 77,38 проценти. За 2024 пак
процентот на реализација беше 72,75 години.
Не е оправдување, но е факт дека и 2024 и 2025 година беа изборни
години, а тоа пак значи и намалена активност согласно Изборниот законик.
Но, и во таква ситуација бројките кажуваат дека сме биле подобри од една
друга локална самоуправа што ја водеше Битола.
 
За да ја видиме успешноста на планирањето пред мене се споредбените
показатели кои ги имате и вие во материјалите за оваа седница, а на
старт да си кажеме дека планираните даночни приходи се остварени со над
100 проценти, планираните неданочни приходи се остварени со 76,55
проценти, кај планираните капитални приходи остварувањето е 82,72
проценти, планираните трансфери и донации со 49,69 проценти или вкупните
приходи на општина Битола во 2025 година се реализирани со 73,16
проценти.
 
Законските прописи и програмското планирање се основа за планирање на
расходната страна на буџетот чие извршување на буџетската сметка за сите
програми е 73,16 проценти и е во рамките на процентот во кој се движиме
сите овие години откако раководиме со локалната самоуправа.
 
Расходната страна на основниот буџет прикажана е по видови по сметки и
програми. Согласно програмската класификација во буџетот опфатени се 34
програми.
Вкупните расходи бил планирани на 1.464.825.712 денари, а реализирани се
1.071.722.119 денари.
Позитивните резултати во 2025 година се и благодарение на соработка со
јавните претпријатија, а постигнатото го реализиравме со општинската
администрација, за што ја искажувам својата благодарност за посветеноста
кон работата.
 
На терен веќе се работи и во тек се 10-тина нови проекти (
реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална
инфраструктура, спортски игралишта) кои се реализираат, а со почнувањето
на градежната сезона  допрва ќе има многу работа во оваа календарска
година, во која благодарение и на соработката со владата веќе има
склучени договори и проекти кои почнаа да се реализираат.

СВР Битола информира - 11.03.2026 во 12:41 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода А.П.(40) од с.Лавци, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.П., при што е констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПАТOT ДО МАНАСТИРОТ „СВ. МЕРКУРИЈ“ ВО СЕЛО БАРЕШАНИ
Започна да се реализира уште еден проект од вториот владин повик на кој Општина Битола имаше најголем брод одобрени проекти.
Градежната механизација ја започна изградбата на пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, а увид во работите направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини.
По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, ќе следи и асфалтирање.
Асфалтниот слој ќе биде со дебелина од 7 см, а асфалтната вкупна површина 2029 м2.
Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се преку Министерството за транспорт.
И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани