
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со црн спреј вчера исцртан е објектот на поранешниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Објектот се наоѓа на улицата „Рузвелтова“ во центарот на Битола.
„Македонија на Македонците“ и исцртани машки полови органи на влезната врата.
Фотографии објавија поранешните членови на клубот, а здружението „Балкански мост“ – Битола најостро го осуди чинот пишувајќи -„Сметаме дека ваквите постапки се штетни за општеството, за меѓуетничката доверба и за европската перспектива на нашата држава. Насилството, омразата и уништувањето никогаш не можат да бидат средство за изразување на ставови и тие директно го нарушуваат духот на соживотот, почитта и толеранцијата меѓу народите во Македонија.“
Бугарското Министерство за надворешни работи го објави коментарот на заменик-министерот Марин Рајков, во кој стои -
„Очекуваме официјалните власти во соседната земја да реагираат во согласност со обврските утврдени во Европскиот консензус од јули 2022 година и во одговор на европските стремежи на поголемиот дел од општеството во Република Северна Македонија.“
А.Б
Водовод Битола со соопштение
Ски центарот Копанки на Пелистер официјално ја заврши скијачката сезона, информираа од раководството на центарот. Причина за затворањето се високите температури и недостигот на соодветни услови за скијање на патеките.
Од Ски центар Копанки им се заблагодарија на сите посетители кои оваа зима ги посетија падините на Пелистер и беа дел од скијачката атмосфера. Како што велат, сезоната беше исполнета со дружење, спортски дух и љубов кон скијањето.
„Ви благодариме на сите што ја поминавте оваа зима со нас и што создадовте прекрасна атмосфера на Копанки. Се надеваме дека следната сезона ќе донесе уште повеќе снег и уште повеќе убави моменти на стаза“, порачуваат од ски центарот.
Со ова официјално се затвора скијачката сезона на Копанки, а љубителите на зимските спортови повторно ќе се вратат на падините на Пелистер следната зима.
Центарот за управување со кризи објави дека вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, животот го загубил нивниот колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.
Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството Бучукоски. Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно. Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста, објавија од ЦУК.
СВР Битола информираат дека во 12:20 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот на местото викано Крбла.
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦИ ВО БРАТИНДОЛ
Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика



СЕ ОБНОВУВА ВОЗНИОТ ПАРК ВО ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ БИТОЛА
