
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ловџии денеска откриле угинат рис на патот Преспа-Ресен, по што го известиле Македонското еколошко друштво (МЕД). Станува збор за едно од најретките и најзагрозените животни во македонската природа, а според проценките, во дивината има само педесетина единки од балканскиот рис. "По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Вработена во Управата за водење на матични книги во Битола била физички нападната на своето работно место, а осомничената жена е приведена, информира полицијата.
На 23.02.2026 во 17:10 часот во СВР Битола, Џ.М.(33) од Битола, вработена во Управата за водење на матични книги Битола пријави дека на работното место била физички нападната од Љ.С.(44) од с.Могила, општина Могила. Љ.С. е приведена во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка.
Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, додека со него се вршел службен разговор, оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија
Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола. На 21.02.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Од страна на судија на предходна постапка на Л.Б. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
