2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО-ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО
Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, Марина Крстиќ денеска имаа средба со извршната директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“, Елена Димушевска, на која се разговараше за продолжување на досегашната соработка и овозможувањето поголема грижа за жртвите на семејно насилство.
649179881 957031936679688 8809428474205367685 n
Општина Битола продолжува да обезбедува континуирана финансиска поддршка од 1 милион денари за советувалишниот центар за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, се со цел непречено функционирање на центарот, каде што жртвата добива психолошка поддршка, кариерно советување и правна помош.
Националната мрежа „Глас против насиство“ ја има обврската за раководење со советувалишниот центар согласно стандардите за работа на советувалишните центри за жртви на семејно насилство усвоени од Министерството за труд и социјална политика.
649276307 957031950013020 4454337701503479948 n
 
Денеска го посетија овој центар кој има нова локација на улицата „Пеце Матичевски“ 77/1.
Инаку Општина Битола има програми за спречување на родово-базирано насилство, како дел од пошироките иницијативи за заштита на жените и децата. Главните мерки вклучуваат едукација и сензибилизација на јавноста, обуки за службениците, како и соработка со НВО и други институции за обезбедување помош и поддршка на жртвите.

Да се исчисти Битола од улични кучиња во рок од 7 дена, и да се однесат на соодветно место, бараат граѓаните кои денеска се собраа пред Општина Битола на мирен протест по инцидентот кога деца од населбата Баир беа каснати од напуштени кучиња со непознати сопственици. На протести беа и членови на семејствата. 

Мукерем Бајрамова, баба на искасаното четиригодишно девојче од инцидентот во петокот раскажа дека кучето само влегло во нивниот двор, девојчето си играло со сестрата кога кучето ја нападанало на лицето, на раката.

„Девојчето има уплав се плаши, раните отворени со крв. Двете девојчиња си играа, кучето го нападна едното дете. Ќе ја тужам општината“, рече бабата.  

Севги Веселовски татко на двегодишното момче кое беше искасано на 6 февруари рече дека  двете деца му настадале од каснување од кучиња скитници, едното лани, другото годинава.

„Детето  за малку ќе умреше, вчера си дојдовме од Скопје бевме на контрола. Детето е искинато на лицето, на врато на ушето... сега е на домашно лекување“, рече таткото.  

Самедин Канановски од невладина организација на Ромите од Битола,  реагира дека општината треба да го реши проблемот со кучињата скитници.

„Поводот за денешниот собир е поради она што се случи во два наврати во Битола. Истото куче нападна две малолетни деца. Комуналец демантира дека не било истото куче, јас ќе кажам од каде знаат кога ние знаеме за кое куче станува збор. Истото куче ги нападна двете дечиња. Денес сме тука да дадеме ултиматум од седум работни дека да ги однесе кучињата на соодветно место. Во спротивно тука ќе застанеме на булевар и ќе донесеме луѓе да јадат ифтар, тука ќе поставиме шатори и нема да можат да влезат вработените на работа, бидејќи не сме сигурни во самите дворови“, рече Канановски.  

Тој реагираше и на коментарите на социјалните мрежи дека намерно се предизвикуваат кучињата за родителите да земат оштета од општината, наратив што го оцени за штетен за Ромите. Апелираше дека кучиња се напуштаа и се оставаат на обиколницата над Битола каде претежно живеат Роми.

Од прифатилиштето за бездомни кучиња во Битола „Хачико“ велат дека - Лага е дека истото куче ги касна двете деца во населбата Баир во Битола.

„Во врска со немилиот настан од петок кога беше каснато малолетно лице, во јавноста се појавија невистинити информации дека станува збор за истото куче кое каснало пред еден месец. Сакаме јасно да потенцираме дека за овој настан постојат сведоци – семејството на детето, кои го посочија кучето инволвирано во случајот. Апелираме до јавноста и до поединци на социјалните мрежи да не шират непроверени и неточни информации. Дезинформациите создаваат непотребна паника и можат да предизвикаат штета и за луѓето и за животните.“

Малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за 14,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа изнесува 85,5 денари за литар, објави Регулаторната комисја за енергетика.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемуваат за 5 денари за литар и ќе изнесуваат 79,5 денари, додека на БС-98 изнесува 81,5 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 12,5 денари и изнесува 82,5 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 7,044 денари за килограм.
Оваа одлука ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 10.03.2026 година.

На 08.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола е пријавно дека во Казнено поправната установа Затвор Битола настанала физичка пресметка помеѓу затворениците  Н.П.  и М.М., при што биле употребени и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Битолчанки слават 8 Март на Пелистер! 

Настанот „100 Жени на Пелистер“ се одржува денеска по втор пат и има за цел да ги поврзе жените со природата, да поттикне движење и активност, како и да создаде простор за инспирација, дружење и позитивна енергија.
 IMG 20c60226c8633453f093a80a3458511c V
За сите учеснички е обезбеден бесплатен превоз од Битола, како и бесплатна храна и пијалоци, во организација на Националниот парк Пелистер Битола.
 
Во рамките на настанот се одржа кратко инспиративно предавање посветено на потребата жената да се движи и да се поврзе со природата. Планината е простор на тишина, сила и саморефлексија – место каде жената може да се врати кон себе и да ги пронајде одговорите што веќе ги носи во себе. Забава со НАЛА Бенд, бесплатна храна и пијалоци во Инфо Центарот IMG d867f952ef09c2fea033bd5a2561ce66 V

Средношколката Јана Китановска победник на ораторската вечер на Црвен Крст Битола! Китановска е ученичка во Гимназијата "Јосоп Броз-Тито" Битола.  Синоќа во просториите на НУ Завод и музеј Битола се одржа ораторска вечер со симболичен наслов ,,Револуцијата на една хероина" по повод светскиот ден на жената - празникот 8-ми Март. Настанот беше организиран од страна на Општинската организација на Црвен крст Битола. Воодушевувачки ораторски настапи со свои авторски текстови прикажаа десетина млади автори. За особена автентичност на пишаниот збор и ораторска вештина беа доделени три награди:

 Messenger creation 32C94545 5EC8 4DDF A974 F0BBE9C224C3
Прва награда - Јана Китановска, Битола
Втора награда - Ива Додевска, Куманово
Трета награда - Марија Јовев, Битола  

Соопштение од "Хачико"- Лага е дека истото куче ги касна двете деца во населбата Баир во Битола 

 
Во врска со немилиот настан од петок, 06.03.2026 година, кога беше каснато малолетно лице, во јавноста се појавија невистинити информации дека станува збор за истото куче кое каснало пред еден месец.
Сакаме јасно да потенцираме дека за овој настан постојат сведоци – семејството на детето, кои го посочија кучето инволвирано во случајот.
Апелираме до јавноста и до поединци на социјалните мрежи да не шират непроверени и неточни информации. Дезинформациите создаваат непотребна паника и можат да предизвикаат штета и за луѓето и за животните.
Да бидеме одговорни и да се водиме од факти, а не од шпекулации.
 
Со почит,
Тимот на Хачико

Прва меѓународна победа за АК Олимп: Димитар Петровски триумфираше во Ниш

 
Атлетскиот клуб Олимп од Битола го забележа својот прв меѓународен триумф по новиот почеток на клубот, откако Димитар Петровски победи на полумаратонот во рамки на маратонот „Самопревaзилажење“, кој се одржа во Ниш, Србија.
 
Петровски настапи на полумаратонската дистанца и убедливо го освои првото место со време од 1:18:40, покажувајќи сигурност, одлично темпо и целосна контрола во текот на целата трка.
 
Оваа победа има дополнителна тежина и затоа што настапот беше дел од неговиот редовен тренинг циклус, што укажува на одлична форма и подготвеност во пресрет на пролетната натпреварувачка сезона.
 
За Атлетскиот клуб Олимп, кој во последниот период започна ново поглавје со нов тренерски тим и засилувања во составот, овој резултат претставува важен сигнал дека клубот повторно се позиционира на атлетската сцена и надвор од границите на Македонија.
 
Победата на Петровски во Ниш е првиот меѓународен триумф за клубот во овој нов циклус, резултат што носи дополнителна мотивација и за атлетичарите и за стручниот тим во продолжението на сезоната.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани