2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

100 Жени на Пелистер за 8-ми Март

 
По повод Меѓународниот ден на жената – 8-ми Март, ве покануваме на посебен настан на Пелистер, посветен на женската сила, природата и заедништвото.
 
Настанот „100 Жени на Пелистер“ има за цел да ги поврзе жените со природата, да поттикне движење и активност, како и да создаде простор за инспирација, дружење и позитивна енергија.
 
За сите учеснички е обезбеден бесплатен превоз од Битола, како и бесплатна храна и пијалоци. IMG 187f810ad21ff5fb208041487b787ab7 V
 
Програма на настанот
 
09:00 – Поаѓање од Битола
 
10:00 – Пристигнување пред Хотел Молика
 
Пешачка тура од Хотел Молика до Инфо Центарот преку Историската патека
 
12:00 – Презентација во Инфо Центарот
 
Во рамките на настанот ќе се одржи кратко инспиративно предавање посветено на потребата жената да се движи и да се поврзе со природата. Планината е простор на тишина, сила и саморефлексија – место каде жената може да се врати кон себе и да ги пронајде одговорите што веќе ги носи во себе.
 
13:00 – Забава со НАЛА Бенд, бесплатна храна и пијалоци во Инфо Центарот, бесплатен превоз.
 
? Пријавување на телефон: 078 348 062
 
✨ Овој 8-ми Март – освој го својот врв!

Демант на последните јавни напади на странски инвеститори во Индустриска зона Жабени Битола 

 
Почитувани сограѓани,
Во врска со последните јавни напади, чувствуваме должност одговорно и достоинствено да се обратиме.
Индустриската зона Жабени претставува срцето на битолската и пелагониската економија. Во неа се вработени речиси 6.000 наши сограѓани од регионот, што ја прави најголем работодавач во државата и столб на економската стабилност на Пелагонија. Зад овие бројки стојат семејства, домови и реални животни приказни.
Особено е срамно и неосновано да се напаѓа странски инвеститор од особена важност за регионот, кој со години вложува, отвора работни места и придонесува кон економскиот раст. Ваквите изјави не само што не се во интерес на граѓаните, туку испраќаат лоша порака до сите потенцијални идни инвеститори.
Просечната плата во зоната за 2025 година изнесува 48.344 денари, што е повисока од државниот просек и речиси двојно повисока од минималната плата. Тоа се конкретни показатели дека станува збор за сериозни компании кои обезбедуваат достоинствени услови и сигурна егзистенција.
Во моментов се градат две нови фабрики – процес кој неминовно носи зголемено движење на механизација и привремено валкање на просторот. Тоа е преодна фаза на развој. Истовремено, редовно се врши миење на улиците во понеделник и среда, а надлежните служби континуирано постапуваат со цел одржување на редот и хигиената.
Наместо политизација и создавање негативна клима, потребна ни е зрелост, одговорност и поддршка за инвестициите што носат работни места и економска сигурност.
Индустриската зона Жабени останува симбол на труд, развој и економска сила на Битола и Пелагонија. IMG 13fe4cc97767633a242541d39c52884a V
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА ВО ОБЛАСТА НА ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ
Општина Битола, објавува јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани/ фондации кои работат во областа на еднаквите можности.
Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на еднаквите можности.
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 год. согласно Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2026 год. во вкупна вредност од 300.000 ден. во следните области: Родовата еднаквост преку образование, родовата еднаквост преку медиуми, родовата еднаквост преку здравство, родовата еднаквост преку социјалната заштита, родова еднаквост преку активности против родово основано насилство и трговија со луѓе, родова еднаквост и економското јакнење на жената.
Пријавувањето е во рок од 15 дена од денот на објавување на овој повик 05.03.2026 година заклучно со 19.03.2026година.
За критериумите за аплицирање и бодување, временската рамка за спроведување на проектите, висината на финансиските средства, поднесокот на апликациите, потребната документација на следниот линик: https://www.bitola.gov.mk/ednakvi-moznosti/

РАКОМЕТНАТА ГОРДОСТ НА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА: НОВА ПЛАТФОРМА, НОВИ ПОБЕДИ

 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на РК „Еурофарм Пелистер“ Зоран Стерјев, денеска ставија потписи на договорот со кој продолжува платформата за ракометна Битола.
 
Нема поголемо задоволство и чест заедно да продолжиме една успешна платформа која во изминатите шест години во три наврати ја продолжуваме, рече на денешното потпишување на платформата градоначалникот Коњановски. FB IMG 1772636088025
 
„Отвараме нов период на обострано задоволство. Јас секаде тоа го потенцирам дека ова треба да биде мотив за сите како треба спортот, бизнисот, градот да опстојуваат заедно во една платформа. Голема благодарност и за поддршката од спортската јавност, на новинарите, на медиумите, на граѓаните на Битола, секако и на Чкембарите. Сите задоволни да продолжиме во еден  многу светол период со истите и поголеми амбиции понатму, во периодот кој ќе отвори нови врати на ракометот. Овој спортски храм треба да живее и натаму. Ние знаете имаме иницијативи и  огромни вложувања во спортот, така што резултатите се видливи и ќе бидат уште подобри“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Претседателот на клубот Зоран Стерјев изрази благодарност во општината, до градоначалникот за досегашната соработка, за периодот во кој како што рече, ја обликуваа натамошната соработка за комплетниот ангажман.
 
„Оваа платформа можеби ќе биде малку поразлична, од аспект што и досега беше платформа на обединување, меѓутоа овој период покажа дека тоа обединување станува уште поголемо. Кон платформата очекуваме дека ќе се приклучат и други стопански субјекти кои што веќе го најавуваат своето присуство на платформата и тоа е она што посебно радува, што платформата и со својата успешност покажа, докажа дека тоа е, како што кажа и градоначалникот е патот кој треба да го трасираме и патот по кој што треба да се движиме за успех и во спортот и во градот“ рече Стерјев.
 
Кажа дека амбициите се големи, дека секога година се подигнуваат за одреден степен. Таргетите, како што вели тој, се освојување на сите титули во нашата држава, достојно и квалитетно претставување во европските купови и дека е убеден дека тоа повторно ќе биде Лига на шампиони затоа што овој град, оваа публика, момците кои што се дел од екипата и на крајот сите ние, заслужуваме да останеме еден од 16-те градови каде што се игра најквалитетниот ракомет во Европа, а со тоа и во светот.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „СТРЕЛИШТЕ“

 
Започнаа градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во битолската населба „Стрелишта“ кое ќе има кошаркарско и ракометно игралиште според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари.
 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска беа на локацијата каде што започнаа градежните работи.
 
Ракометното игралиште ( мал фудбал) ќе биде со димнензии 40 на 20 метри, а кошаркарското игралиште со димензии 30 на 15 метри. 
 
Освен тоа ќе има и мини атлетста патека во рамките на фудбалското игралиште и патека за пристап до игралиштата од бехатон плочки.
 
Ќе се изврши целосно отстранување на посточекиот асфалт, а ќе биде поставен нов асфалт со еластична подлога од тартан.
Околу спортските терени ќе биде заменета постоечката ограда со нова метална транспарентна, висока 4 метри.
 
Вредноста на овој проект е 26.470.435 денари, а средствата се од министерството за спорт, кои Општина Битола ги доби од вториот владин повик.

ВО ПОСЕТА НА ГРАДИНКАТА „РОСИЦА 1“ КАДЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ИНВЕСТИРАНИ СЕ НАД 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска ја посети детската градинка „Росица 1“ во Бистрица, која е дел од установата „Естреја Овадија Мара“ Битола.
 
Беше информиран дека во текот на изминатиот период активностите на раководството на детската градинка беа насочени кон континуирано унапредување на условите за престој, воспитно-образовна работа и безбедност на децата, како и кон подобрување на условите за работа при што посебен акцент беше ставен на инвестиции во инфраструктурата, безбедносните системи и работната средина.
 
Во Детска градинка „Росица 1“ Бистрица со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за децата, извршена е поправка и санација на покривната конструкција, поставена е громобранска инсталација, реализирани се ѕидарски и фасадерски работи, извршени се столарски интервенции, спроведени се молерофарбарски работи, како и водоводни и електричарски интервенции и инсталација на хидрантска мрежа и поставување на хидрант, а беше спроведено и чистење на густата вегетација околу градинката.
 
Вкупна вредност на инвестицијата е 3.785.359 денари.
 
Со овие зафати значително се подобрени безбедносните и хигиенските услови, како и функционалноста на објектот, беше истекнато за време на посетата.

На 02.03.2026 во 01:45 часoт во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул.„Филип Втори Македонски”, М.С.(38) од Битола го нарушил јавниот ред и мир, при што со метален предмет оштетил апарат за игри на среќа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани