2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Верица Недеска и Игор Ангелов со „Љубовни писма“ во интимна театарска вечер во UTOPIA

 
Во среда, на 18 март со почеток во 19:00 часот, во просторот на UTOPIA Private Business Club, ќе се одржи театарска вечер посветена на камерната дуо-драма „Љубовни писма“, во изведба на двајца исклучителни актери, Верица Недеска и Игор Ангелов.
 
Оваа топла, суптилна и духовита претстава ја следи животната приказна на Томас и Алис, раскажана преку нивната долга преписка која трае речиси педесет години. Низ писмата, двајцата ликови го откриваат својот свет – соништата што ги имале, изборите што ги направиле, амбициите што ги воделе, но и грешките, пропаднатите бракови, воспитувањето на децата и тивките разочарувања што ги носи животот.
 
Иако нивните патишта често се разминуваат, писмата остануваат нивниот заеднички простор – место на искреност, нежност и понекогаш иронија, каде што времето не успева целосно да ја избрише длабоката врска што ги поврзува.
 
„Љубовни писма“ е пример за театар во неговата најчиста форма, претстава во која една маса, две столици и двајца актери се доволни за да се создаде силна емоционална сцена што публиката ја носи со себе долго по завршувањето.
 
По изведбата, вечерта продолжува со неформално коктел-дружење со актерите, во атмосферата на UTOPIA, која во последниот период се позиционира како простор за камерни културни настани и блиска средба меѓу сцената и публиката.
 
Билетите се по цена од 500 денари.
 
UTOPIA Private Business Club продолжува со програмата на интимни театарски вечери, кои ја носат сценската уметност во поинаков, поблизок формат, каде публиката не е само гледач, туку дел од самата атмосфера на претставата.

СВР Битола извести - На 15.03.2026 во 19:20 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Т.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 15.03.2026 во 19:10часот пред спортска сала „Боро Чурлевски” на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.А.(27) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани