2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

 
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.  
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии  и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование. На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање - доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

Обид за убиство во Битола, татко посегнал по животот на синот - На 19.02.2026 во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.В.(41) од Битола поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“, односно затоа што на 18.02.2026 физички го нападнал неговиот син, при што употребил и секира. Додека со него се водел службен разговор во Полициксата станица Битола, тој нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот. За настанот е известен јавен обвините и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.

Прифатилиштето Хачико Битола со ДЕМАНТ до ЈАВНОСТА. Демантот ви го пренесуваме во целост. 

Во врска со објавата која се шири на социјалните мрежи, а се однесува на наводно труење на кучиња и инволвираност на прифатилиштето „Хачико“, најодговорно ја информираме јавноста дека:
Прифатилиштето „Хачико“ НЕ е вклучено, ниту има било каква поврзаност со труење на кучиња.
Работиме исклучиво согласно законските прописи и стандардите за хумано постапување и благосостојба на бездомните животни.
Секое наше постапување е транспарентно и во интерес на заштита и грижа за кучињата.
Апелираме да не се шират непроверени информации и дезинформации кои нанесуваат штета и создаваат непотребна вознемиреност во јавноста.
⚖️ Воедно, ја информираме јавноста дека против лицата кои шират невистини, клевети и неосновани обвинувања кон прифатилиштето „Хачико“ ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
Доколку некој располага со докази за незаконско постапување, ги охрабруваме истите да ги пријави до надлежните институции, со цел вистината да се утврди по службен пат.
Нашата мисија останува иста — заштита, грижа и хуман третман  на секое бездомно куче.
Со почит,
Тимот на прифатилиштето „Хачико“
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до
сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на
законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и
негова регистрација во модулот за домашни миленици на
Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за
што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на
микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до
крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на
сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и
квалитетна здравствена заштита на животните и поголема
безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на
заразните болести од животните на луѓето.
Сопствениците кои ги имаат микрочипирано домашните миленици
ги потсетуваме дека имаат законска обврска секоја промена во
однос на податоците за животното, или сопственикот да ја пријават
до надлежното ветеринарно друштво кое треба да изврши промена
во електронската база на податоци. Во базата на податоци треба да
се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на
животните.
Микрочипирањето на милениците има за цел трајна идентификација
на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на
нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на
губење или кражба.
Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани