2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Известување од ЈП Паркинзи Битола 

 
Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг кај Домот на културата, Ве известуваме дека утре 19.12.2025 делот од паркингот по должина на улицата Виенска во периодот од 07 до 13 часот ќе биде затворен за комерцијално работење. 
Останатиот дел од паркингот ќе работи како и вообичаено. 
Апелираме до сите корисници на услугите во посочениот термин да побараат алтернативно решение за паркинг. 
 
Ви благодариме на разбирањето и соработката 
 
Со почит
ЈППЈЛП БИТОЛА

Утрово е најстудено во Берово минус 5 степени, Скопје, Струмица и Битола минус 4 степени, минус 3 во Куманово, Штип, Велес и Тетово

 
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла.
Можно е да е слика од текст

 

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.

Можно е да е слика од текст кој вели „AeH neToK (19.12) Bpeme Ca6oTa (20.12) (20. 12) HeAeлa (21.12) BeTep noHeAeлHиK (22.12) BTopHиK (23.12) (23. 12) MиH.Tem. (°C) -3Ao2 Ao Mak.TeM. Mak.T (℃) 2Ao3 3 K 7Ao14 7Ao 14 -1AO4 K 6 Ao 12 Ao 5 5 Ao 12 0 0Ao 5 5Ao 11 4Ao10 Ao 10“

Методија Куновски попднесе оставка од претседател на ОО на СДСМ Битола. Образложението ви го пренесуваме во целост.
Оставката доаѓа само еден ден по влегувањето на Драган Крајовски во Извршниот одбор на СДСМ.  https://nezavisen.mk/liderot-na-socijaldemokratite-vo-bitola-si-podnese-ostavka/
 
Почитувани сопартијци и граѓани,
Со ова мое писмено обраќање, сакам да ве известам дека денес до претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја поднесов мојата ОСТАВКА од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Битола.
Одлуката ја донесов по темелна и одговорна лична и политичка проценка. Таа е резултат на подолг процес во кој, како претседател, се соочував со сериозна дилема помеѓу чувството на обврска и одговорност кон организацијата и впечатокот дека принципите што јавно ги застапуваме, во пракса сѐ потешко се остваруваат. Социјалдемократијата во која верувам, не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност.
Функцијата ја прифатив со искрена и чесна намера да придонесам во јакнењето на организацијата, нејзино отворање кон членството и враќање на довербата кај граѓаните. За жал, во текот на изминатиот период сѐ поизразени станаа практики кои не се во согласност со моите лични принципи, како и со вредностите на социјалдемократијата.
Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор, особено кон членството и кон граѓаните на Битола.
Изразувам искрена благодарност до сите членови, активисти и поддржувачи кои со посветеност и интегритет веруваа дека СДСМ може и мора подобро. Тие луѓе се вистинскиот темел на организацијата и заслужуваат партија што ќе ги слуша, ќе ги почитува и ќе им служи.
Мојата оставка не претставува откажување од социјалдемократската идеја, туку обид да се зачува нејзиниот интегритет и кредибилитет. Останувам член на СДСМ и активен граѓанин кој ќе продолжи јавно да се залага за вредностите поради кои воопшто влегов во политиката.
Историјата нè учи дека партиите не ги губат изборите тогаш кога губат власт, туку тогаш кога ќе ја изгубат храброста да се погледнат себеси во очи.
До некои подобри времиња во кои чо(в)екот ќе биде пред сѐ,
Со почит,
Методија Куновски
17.12.2025 година
Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани