2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 КИНО ПОД ЅВЕЗДИТЕ за зимските празници!

 
Има Варшава…
А сега ќе има и Битола.
Ова е и прво зимско кино во Македонија, објави организаторот на Зимската приказна Општина Битола најавувајќи зимско кино на Плоштадот "Магнолија" во Битола под ведро небо.
 
-Зимата во Битола годинава добива своја кино-сцена под отворено небо со светилки над плоштадот Магнолија, столици под ѕвездите
и филмови што се дел од нашата празнична меморија.
 
Оваа година светот слави и јубилеј:
 „Home Alone“ – 35 години филм што стана празничен ритуал па еве и два наслови од франшизата
  Кино програмата ќе трае 5 денови од 20-25 декември на плоштадот Магнолија, а почетокот на проекциите е 17.00ч. 1000010586
 
Репертоар ▪️
• Home Alone
• Home Alone 2
• Elf
• Grinch
• Die Hard (да, и ова е божиќен филм)
 
Битола не глуми зимска приказна.
Таа ја живее.
 
Кино под ѕвездите | Зимска приказна – Битола 25/26
Бесплатен влез, седишта за оние кои ќе дојдат по принципот • прв дојден/прв услужен, објави организаторот. 

ЈП Стрежево Битола известува дека секој викенд чајџилницата ќе биде отворена од 08:00 до 15:00 часот.

-Повелете - уживајте во планинскиот мир, топол чај и чист воздух што освежува. 
Природата е секогаш најдобро место за мал одмор, порачуваат од ЈП Стрежево. 1000010584

БИТОЛА СЕ СЕЌАВА – ДЕТСКИ ХИТОВИ ОД 90-ТИТЕ 

 
На 17.12 во 20:00 часот, голем концерт на БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР за сите генерации – носталгија за возрасните, радост за најмалите! 
 
Драги битолчани, време е да се вратиме во годините кога животот беше поедноставен, кога пеевме искрено, гласно и од срце.
 
Овој концерт е создаден токму за таа генерација — за луѓето кои пораснаа во 90-тите, но истовремено концертот е и прекрасна можност да ги запознаеме денешните деца со музиката со која пораснавме ние — музика која носи топлина, спомени и ведрина. 
 1000010580
Битолскиот дувачки оркестар ги оживува легендарните детски хитови:
 
– Визба стара и гитара
– Како ли јас да пораснам
– Софи Софија
– Боби баш ми е гајле и уште многу други хитови.
 
Специјални гости кои ќе ја збогатат вечерта:
 
• Детски хор „Ѕвончиња“
• Тинејџерски хор „Попрoкет“
• Младински мандолински оркестар КУД „Стив Наумов“
 
Донесете ги вашите деца, внуци, пријатели, колеги, соседите од маало…
Концертот е создаден за сите кои сакаат да се потсетат колку беше убаво да се биде дете во 90-тите.
 
 Среда – 17.12.2025
Почеток: 20:00 часот
Центар за култура – Битола
 Влезница: 300 ден.
 
Влезници можете да набавите на билетарницата во Центар за култура Битола (пон–саб од 16:00 до 21:00),
а можете и да резервирате во приватна порака на нашите ФБ и Инстаграм профили.

СВР Битола соопшти На 14.12.2025, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(35) и О.Н.(40), двајцата од Битола. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот К.Б.(35) од Битола, каде бил затекнат О.Н., пронајдени се дигитална вага и други предмети со остатоци од прашкаста материја. Подоцна, исто така, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на О.Н., при што се пронајдени и одземени повеќе дигитални ваги. По документирање на настанот, против двајцата ќе следува соодветна пријава.

Како се гради лидерска комуникација и што навистина комуницираме кога зборуваме? 

 
Утре, 16 декември, Utopia Academy го отвора својот најинтензивен и најсеопфатен комуникациски тренинг досега THE COMMUNICATION CODE & SPEAK TO LEAD, еднодневна програма наменета за лидери, менаџери и професионалци кои сакаат да комуницираат со јасност, да водат со присуство и да создадат здрава и функционална организациска култура.
 
Обуката обединува два паралелни концепти во една стратегија:
   •   THE COMMUNICATION CODE – комуникациски стилови што градат доверба и резултати
   •   SPEAK TO LEAD – науката зад стиловите на комуникација и лидерското влијание
 
Во текот на еден ден, учесниците ќе добијат психолошка длабочина, практични техники и искуствени вежби, дизајнирани да ја променат секојдневната комуникација во тимови и лидерски позиции.
 
Пет психотерапевти еден заеднички пристап
 
Обуката ја водат пет психотерапевти од центарот „Свесност“, професионалци со силен академски, клинички и организациски бекграунд:
   •   Рената Димановска – LEAD WITH STYLE
Стратегии за пасивен, пасивно-агресивен, агресивен и асертивен стил
   •   Доц. д-р Марина Кузмановска – WHAT LEADERS REALLY SAY
Психологија на стиловите зад тишината, зборот и тонот
   •   М-р Љупчо Кимовски – THE HIDDEN DYNAMICS OF TEAMS
Како комуникацијата создава или руши култура
   •   Викторија Тодоровска – SAY IT RIGHT
Асертивна комуникација и здрави граници во тимови
   •   Катерина Крстевска Ристески – COMMUNICATION MASTERY 360°
Практични техники за јасна и стабилна лидерска комуникација
 
Што добиваат учесниците?
   •   Препознавање на четирите комуникациски стилови во реални ситуации
   •   Разбирање како стресот го менува стилот на комуникација
   •   Практични вежби водени од психотерапевти
   •   Алатки за појасна, посмирена и поефикасна комуникација
   •   Подобра тимска динамика и лидерско влијание

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и член на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер Дејан Манасков, синоќа бил приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен.

„На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој,  по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала ‘Биљанини Извори’ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, потврдил портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Македонскиот културно-информативен центар во Софија веќе дваесет години е чувар на македонската културна меморија надвор од границите на државата. Тој е простор каде што уметноста не се претставува формално, туку се живее, како дијалог, како средба и како мост меѓу култури, генерации и идеи. Во таа мисија, се случи музички настан што одамна ги надмина рамките на обичен концерт, тоа беше настапот на бендот КОД 369, кој воедно беше и 95-тиот културен настан реализиран во 2025 година (до 12 декември) во програмата на Македонскиот КИЦ во Софија.1000010567

Овој податок има особена тежина ако се има предвид дека во периодот пред назначувањето на сегашниот директор, годишно во Центарот се реализирале по дваесетина културни настани, додека денес, само во текот на една календарска година, бројот достигнува над деведесет. Тоа јасно сведочи за новата енергија, визија и динамика со која Македонскиот КИЦ во Софија се позиционира како еден од најактивните и најживи македонски културни простори надвор од татковината.

Вечерта свечено ја отвори директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, а на публиката ѝ се обрати и македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска. Со тоа, концертот доби и симболична рамка, како културен чин што ги спојува институционалната поддршка и слободниот уметнички израз.

КОД 369 се бенд што веќе дваесет години создава музика која одбива да биде затворена во жанровски граници. Нивниот звук е истовремено мост и револуција, спомен и иднина. Во него се вкрстуваат фанк-ритми со урбан пулс, џез-импровизации што ја отвораат вратата кон непредвидливото, класични елементи што внесуваат длабочина и достоинственост, и рок-енергија која е и двигател и јасна декларација на идентитет. Тоа е музика што живее во постојана креативна напнатост.

Од алтернативниот рок ја носат слободата и уметничката храброст, а од поп и рок традицијата – ретката способност да бидат блиски до публиката без компромис со квалитетот. Во нивните текстови се препознава универзалната хуманост: љубовта како движечка сила, сомнежот како учител, храброста како суштина и индивидуалната моќ како најсилна алатка за создавање подобро утре. Секоја песна е мала приказна, секој стих е исповед, а секој рефрен е заедничко чувство што се дели меѓу бендот и слушателите.

Енергијата на КОД 369 ја носат четири исклучителни музичари: Ирена Димовска, вокал со редок спој на сила и кревкост, светлина и сенка; Даниел Митревски, гитарист со препознатлив мелодиски печат; Иле Лулевски, тапанар што го диктира пулсот и создава ритми што остануваат; и Гоце Јованоски, басист со длабок, стабилен тон кој го држи целиот музички универзум во рамнотежа.

Силата на овој бенд е закотвена и во богатото наследство на Памперс – четири албуми, настапи на сите релевантни фестивали во Македонија и регионот, концерти на „MTV“ сцени во Лондон, Копенхаген и Загреб, присуство на меѓународни топ-листи и соработки со светски продуценти. Тоа наследство е темелот, а КОД 369 се доказ дека секоја голема приказна може да продолжи со нова зрелост и нова визија.

Настапот во Софија беше искрен и енергичен музички дијалог со публиката, концерт што ја отвори архивата на дваесетгодишното творештво, но и јасно најави иднина исполнета со уште поголема креативна храброст. Македонскиот КИЦ во Софија таа вечер стана место каде што музиката се издигна над времето, а културата повторно ја покажа својата најважна улога, а таа е, да поврзува, да гради и да останува.

На самиот крај, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, им ги врачи благодарниците „Мостови на културата“ на членовите на КОД 369, по повод јубилејот – 20 години од постоењето на Македонскиот КИЦ во Софија.

Ова беше концерт што не се мери само со аплаузи, туку со сведоштва што ги остава во меморијата, во емоцијата и во културната историја што се пишува токму овде, чекор по чекор.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани