
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП Комуналец Битола итно го санира дрвото на ул."Партизанска" во Битола, кое рано сабајлево беше откоранато од удар од возило во тешка сообраќајка. Директорот на ЈП Комуналец Горан Степановски по објавата на фотографии во Апла итно испрати екипа да го отстрани откорнатото од корен дрво со цел да не се дозволи дополнителна штета. Дрвото беше откорнато и надвиснато над тревникот пешачката патека и претставуваше опасност за минувачите. Текст А.Б
Фото Апла Мк 
СВР Битола информира за сообраќајна незгода меѓу четири автомобили. Едно лице е тешко повредено. На 31.01.2026 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Битола во близина на с.Галичани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(31) од Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(38) од с.Горно Оризари, битолско, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(18) од с.Крклино, битолско и патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Сообраќајката кај "Ракометното" во Битола кога автомобил удрил во дрво, дознаваме неофицијално дека ја предизвикал битолчанец кој живеел во Скопје, познат стопанственик во градежниот сектор. Според полицијата возачот од ударот се здобил со тешки телесни повреди и е во животозагрозувачка состојба. СВР официјално известува - На 01.02.2026 во 04:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Партизанска" во Битола, патничко возило ,,мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво. Б.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола., информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. Јп Комуналец е на терен да го санира проблемот со општетеното дрво. Текст Анета Блажевска Обновено во 15 часот
Од удар од сообраќајка од корен е откорнато дрво кај "Ракометното" во Битола. Дрвото може во секој момент да падне. Директорот на ЈП Комуналец Горљн Степановски, за Апла изјави дека досега не добиле пријава од СВР Битола, но веќе испратил екипи да го решат проблемот со оштетеното дрво. А.Б
фото АПЛА.мк
Се расчитува терен од локацијата каде вчера се сруши стара приватна куќа во центарот на Битола, зад зградата викана "ЈАТ" . Оштетените автомобили се отстранети а сега се расчитуваат и рушевините. Допрва ќе се знае дали оштетениот објект ќе биде целосно рушен. Објектот е на познати угостители од Битола. Видео од терен https://www.facebook.com/share/v/1KSBimvVfW/ Текст и фото Анета Блажевска

