
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поетот и преведувач Тихомир Јанчовски почина денеска во Скопје, потврди семејството во објава на социјалните мрежи. Имаше 58 години. Тихо беше голем пријател на битолчани и во есента учествуваше на книжевна вечер посветена на неговото творештво во Книжевниот клуб УТОПИА Битола.
Јанчовски, кој беше и професор, музичар и издавач, е автор на над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010). На 23 јануари на својот профил на Фејсбук објави дека излезе книгата „60 икони на Мајката Божја“ од Аријан де Сен-Марк чиј уредник и преведувач е Јанчовски и најави промоција за еден месец.
Во 2024 одбележа 25 години творештво, а истата година со Бранислав Николов го создава поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.
Простувајќи се од Јанчовски, од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) кажаа дека тој „со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата ‘Орце Николов’, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје“.
Јанчовски е дипломец на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во 1991. Специјализирал во Будимпешта, на Катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010.
Куќата што се сруши зад зградата "ЈАТ" во центарот на Битола е во сопственост на познати битолски бизнисмени од градот што работат и угостителство, дознава АПЛА. Правниот застапник на сопствениците, битолскиот адвокат Вања Атанасов вели дека на објектот имало предупредување од можност од одрони. Рушењето на голем дел од куќата се случи денеска по 14 часот и оштети неколку паркирани автомобили. Адвокатот Атанасов за AПЛА потврди дека објектот е во приватна сопственост и во моментов е со вешто лице на местото на настанот со цел да се направи стручен увид на состојбата. "Објектот е во приватна сопственост, беше во лоша состојба за што сопствениците имаа ставено предупредување на табла закачена на ѕидот да не се паркира во тој дел. Сега со вешто лице ќе мора да се утврди состојбата и да се вештачи причината за рушењето. Дали има дополнителни причини за нарушување на стабилноста на објектот, изјави за АПЛА адвокатот Вања Атанасов, кој ни испрати фотографии од состојбата на објектот пред да се сруши.
Текст Анета Блажевска 
Ексклузивни фотографии на АПЛА! Се сруши приватен објект позади зградата викана ЈАТ во Битолa! Оштетени се неколку автомобили.Полицијата е на терен со инспектори од Општина Битола, чекаме официјални информации за материјална штета Текст и фото АПЛА.мк
АЛЕН РУСТЕМОВСКИ ОД БИТОЛА СПОРТИСТ НА ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Своевидно координативно тело ќе ја води општинската организација на СДСМ и вечерва не се избра вршител на должност. Во Битола дојде генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитриевиќ и се сретна со дел од функционерите на ОО на СДСМ Битола. Неофицијално дознаваме дека наместо вршител на должност до изборот на претседател со општинската ќе раководи тело составено од членот на ИО Драган Крајовски, од членовите на Централниот одбор- Зоран Стојчевски, Елизабета Ивановска, Методија Илиевски и Андреј Стојановски, советниците на СДСМ во Советот на Општина Битола- Софија Ристевска-Петрушева, Петар Николовски, Александар Дракуловски и Јадранка Павловска, координаторите на 8 реони, членови на други високи партиски тела. Наши извори велат дека Димитриевиќ постапил сосема исправно и статутарно што не поддржал ОО на СДСМ Битола да ја води времен раководител по оставката на Методија Куновски, туку одговорноста да ја сносат сите актуелни партиски функционери на локално и централно ниво, па дел и од делегатите на Конгресот. Инаку генералниот секретар на социјалните мрежи објави за средбата во Битола иако не даде конкретни информации. -Од Битола, заедно со најактивните членови, се обраќам до вас – смирено, јасно и одговорно.

Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравмe“, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во Зоолошката градина во Битола угина нилскиот коњ Берта што беше донесен од Скопската зоолошка градина.
