2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Синоќа…еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот бенд Западни колодвор, дојде во Битола на концерт кој донесе вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања. 

 FB IMG 1769377992265
Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот,
поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички настапи, тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата, носталгијата и човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина. FB IMG 1769377974038
Раде Шербеџија ја воодушеви битолската публика со концерт кој го надмина класичниот музички настап. 
 FB IMG 1769378035727
Ќе биде концерт запаметен по песните и стиховите кои зборуваа тивко,
но погодуваа длабоко…за љубовта, минливоста, сеќавањето и слободата. Неговиот препознатлив глас и ненаметлива сценска присутност создадоа интимна атмосфера во која публиката стана дел од приказната. FB IMG 1769377976396
 
Специјални гости на вечерта беа CODE 369
 
 
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа

 
На 25.01.2026 година, СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик. 
 
На 11.11.2025 година, 72-годишна жителка на с. Буково била телефонски измамена од лице кое се претставило како полициски инспектор и лажно ја информирало дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување, оштетената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на договорена локација во Битола. 
Откако утврдила дека настанот не е вистинит, случајот бил пријавен во полиција. 
 
На 24.01.2026 година, осомничениот бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан и во целост го признал делото.

СКИ ТЕРЕНИТЕ НА КОПАНКИ СВЕТНАА, А КОЊАНОВСКИ КАЖА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА И ПАТОТ КОЈ ВОДИ ДОТАМУ 

 
Ведро и студено, но осветлено и топло со планински чај.
 
Има снег, но не доволно за скијање, а во наредните денови се очекуваат врнежи од снег, вака директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков го пречека на осветлената патека за скијање, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
 
Коњановски пак го информираше директорот на ЕСМ Молика, дека Општина Битола е пред реализација на пречистителната станица која со години се одолговлекувала.
 
„Има ревизија на основниот проект и продолжуваме во насока да ја изградиме под вашиот хотел, која ќе ги собира и прочистува сите отпадни води“ рече Коњановски.
 
Кажа и дека патот кој води дотука, во претходниот мандат делницата е направена до Трново, се продолжува на потегот Трново-Магарево и до влезот на Националниот парк „Пелистер“.
 
Исков искажа голема благодарност до локалната самоуправа која што ги водеше низ процесите за вадење дозволи за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и за останатите проекти кои се од витално значење за развој на туризмот во потпелистерието.

Книжевниот клуб УТОПИЈА со вечер посветена на творештвото на Драги Михајловски

 
„Јазикот што останува“
Сеќавања на Јана Михајловска за нејзиниот татко Драги Михајловски
 
Книжевниот клуб Утопија вечерва, 24 јануари, организира специјална книжевна средба посветена на животот и делото на Драги Михајловски – еден од најзначајните македонски писатели и преведувачи, автор чиј придонес кон македонскиот јазик и книжевност има трајна, трајна вредност.
 
Оваа вечер не е комеморација, туку жива средба со едно дело што продолжува да зборува. Разговор за јазикот како одговорност, за преводот како авторски чин и за книжевноста како тивка, но длабока работа што остава трага далеку подолго од моментот во кој е создадена.
 
Во фокусот на вечерта ќе бидат преводите на Шекспир на Михајловски – капитални, дисциплинирани и стилски бескомпромисни – како основа за поширока дискусија за неговиот начин на творење, јазичната етика и авторската одговорност.
 
Гостинка на вечерта е Јана Михајловска – доктор на филолошки науки, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија и долгогодишен професионалец во областа на културата, библиотекарството и јазикот.
Низ нејзините лични и професионални сеќавања, публиката ќе добие редок увид во процесот на создавање, односот на Михајловски кон зборот и преводот, но и во неговата човечка страна – тивка, принципиелна и доследна.
 
 
Специјални гостинки на вечерта
 
На настанот ќе се вклучат и две битолчанки кои лично го познаваа Драги Михајловски и соработуваа со него во различни професионални и културни контексти:
• Јелена Петровска – магистер по библиотекарство, познат библиотекар и советник, со долгогодишно искуство во меѓународни културни и едукативни проекти. Нејзиниот придонес ќе ја отвори темата за улогата на библиотеките, културната меморија и преводот како живо наследство.
 
• Лилјана Спировска –активна учесничка во културни проекти поврзани со Шекспир, таа беше меѓу оние што го донесоа Драги Михајловски во Битола, работејќи со него на книжевни и културни иницијативи и сведочејќи одблизу за неговиот однос кон Шекспир, преводот и јазикот.
 
 
Концепт на вечерта
 
Настанот е замислен како разговорна книжевна средба со читања и дискусија, посветена на:
• односот меѓу автор и преведувач
• преводот како креативен и етички процес
• местото на Михајловски во современата македонска книжевност
• улогата на личната, семејната и културната меморија во зачувувањето на едно дело
 
Оваа вечер е наменета за читатели, преведувачи, студенти по филологија, библиотекари и културни работници – но и за сите што веруваат дека јазикот не е алатка, туку одговорност.
 
Локација: Книжевен клуб Утопија
Датум: 24 јануари 2026
Почеток: 19:00
Влез: слободен

Филипче на Конгресот порача дека партијата влегува во фаза на мобилизација, без простор за внатрешни поделби, со директна критика кон власта и повик за излез на терен и борба за државата.

„Знам дека во минатото имаше турбуленции. Некои останаа, а некои си заминаа. Но сега сакам да порачам нешто: вратите на СДСМ се ширум отворени за секој социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата. Денеска ставаме точка на раздорите“. Ова, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го изјави на воведното обраќање на денешниот Конгрес на СДСМ кој се одржува во хотелот „Александар Палас“.  -"Кој мисли да биде Тројански коњ на ВМРО-ДПМНЕ, нека си замине веднаш. Немаме луксуз за суети. Нема седење. Нема веќе пишување статуси на Фејсбук. СДСМ излегува на терен. Ќе чукнеме на секоја врата за да ја разбудиме Македонија. Пред нас е борба, со знаење, чесност и со срце. СДСМ е силата која носи промени. Немаме време за страв, туку само за храброст. Надежта има име и се вика – СДСМ“, порача Филипче.

Кривична пријава против управител на правно лице, со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола. Имено, тој извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен, на тој начин што извршил промена на количината, односно ги преправил првичните појдовни барања кои како документи биле изготвени и таквите фалсификувани барања ги употребил како доказ во правен сообраќај за набавка на гумени прстени.

На Пелистер се остава храна за дивечот! ЈУ НП Пелистер денес изврши прихрана на дивечот на повеќе локации во рамки на паркот. Овие редовни мерки се со цел подобрување на условите за заштита и грижа на дивечеот за преживување во зимски услови.

 IMG 8ed3252af89c67d55f275c1e43748503 V
На хранилки беше поставена следната храна:
сено,  крупна сол и минерали, пченица, пченка.
 
Активноста е дел од редовните мерки за заштита и одржување на биодиверзитетот и грижата за дивечот во Националниот парк. IMG 0ec6be5b415d7b3e283887f3424767d5 V IMG bac949b8c3e02b83a86d69bd51995694 V IMG 93e3d31d4aebfcbe9a0caf277e348c3a V

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани