2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација спуштање на Светиот Крст , која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод Богојавление Водици.
16 годишниот Христијан Бошевски кој е ученик во Спортската академија раскажа за своето прекрасно искуство од учеството во фаќањето на Светиот крст.
Коњановски, посакувајќи му многу здравје, среќа и успех, го награди младиот Бошевски со парична награда во износ од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА И НА „НИСКОГРАДБА“
 
Градоначалникот на Битола денеска беше и во работна посета на ЈП „Нискоградба“ каде оствари средба со директорот Зоран Талевски.
На работната средба се разговараше за тековното работење на претпријатието, особено подготвеноста на Зимската служба, нејзината екипираност и техничката исправност на возниот парк.
Директорот Талевски го информираше и за почнатите подготовки за претстојната градежна сезона каде ќе работат на дел општински, дел од проектите со средства од Владата на Македонија.
На средбата беше отворена и темата за корекција на цената на услугите кои ги дава ова јавно претпријатие, а што е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА ВО ЈП „ПАРКИНЗИ“
За работата на јавното претпријатие „Паркинзи“ денеска средба на директорот на ова јавно претпријатие Зоран Михајловски кој беше домаќин на градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Михајловски го информираше градоначалникот на Битола за работата на ова јавно претпријатие во текот на 2025 година, како и за плановите и предизвиците во оваа 2026 година.
Се разговараше за обезбедување нови паркинг места во градот, за услугите кои ги дава ова јавно претпријатие на постоечките паркинзи и за корекција на цената на услугата.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба.

На 17 јануари, откако претходно ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, со рацете ја удирал жената по главата и телото се додека не паднала во бессознание.
Со ударите и нанел повеќе тешки телесни повреди, крварења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски, со кои и е доведен во опасност животот на жртвата.

По настанот, осомничениот се дал во бегство, но за кратко време бил приведен. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоци или да изврши друго дело.

Воедно искази на дел од сведоците укажуваат на неодамнешни промени во однесувањето и психичката состојба на осомничениот, од кои произлегува сомневање дека тој би можел да боледува од некаква душевна болест. Бидејќи со стручно мислење се предлага понатамошна опсервација на осомничениот, со цел да се изврши негова медицинска проценка и психијатриско вештачење, јавниот обвинител предложи судот со посебно решение, по определување на мерката притвор, да го испрати осомничениот на опсервација и вештачење во ЈЗУ Психијатриска болница Демир  Хисар за период од најмалку 1 месец.

 

СВР Битола соопшти - На 17.01.2026 во 19:00 часот  во казино лоцирано на ул. „Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Р. (28) од Битола поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди. Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

ПРОЕКТИ КОИ ГИ ПОДОБРУВААТ УСЛОВИТЕ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА, 2026 Е ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ
Голем дел од проектите кои се работеа ланската година, Општина Битола ги заврши, останатите продолжуваат според фазата на реализација согласно проектираните активности.
Општината останува посветена на барањата на граѓаните за подобра и побезбедна патна инфраструктура.
Еден од проектите кои се сработи ланската година е целосното завршување на проектот за „Доградба на коловоз на локален пат за село Буково“, што беше барање и на локалните жители и населението кое го користи локалниот пат.
Со извршеното асфалтирање се реализира проектната ширина на асфалтниот дел од коловозот кој изнесува 5,50 м. Вкупната инвестиција изнесуваше 19.690.365 денари.
2025 година ќе остане забележана и по новата енергетска фасада на ОУ „Стив Наумов“ во Битола.
Вредноста на овој зафат беше 6.298.291 денари.
Со претходната реконструкција на покривот и поставувањето на фотонапонска електрична централа, ова училиште станува едно од најенергетски ефикасните училишта во градот, со што се потврдува заложбата на градоначалникот Коњановски и локалната самоуправа, за зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина во општинските јавни објекти.
16 проекти од првиот повик на Владата со пари од унгарскиот кредит и дури 65 проекти од вториот повик со што Општина Битола беше рекордер во добиени проекти.
Еден од нив од првиот повик беше и целосното завршување на реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди во должина од 6 километри, со што ЈКП „Водовод “ Битола ги заменети досегашните азбестно – цементните со полиетиленски „HDPE“ водоводни цевки и нови приклучоци за домаќинствата.
Со ова се доби комплетно нова водоводна мрежа која ги реши долгогодишните проблеми на граѓаните и ги подобри квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето.
Вкупната сума на проектот изнесуваше 29.349.605 денари.
Оваа 2026 година како што вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски е значајна година за Општина Битола и граѓаните, во која освен проектите со парите од централната власт, Општина Битола и со средства од својот буџет влегува во градежна експанзија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани