2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Снежна идила на Пелистер! Снегот трупа!  Патеките околу ,,Бегова Чешма" се безбедни за пешачење со соодветна зимска опрема! "На околу 1600 метри надморска височина формирана е снежна покривка од дваесеттина сантиметри. Патеките на оваа надморска височина, околу локалитетот ,,Бегова" се безбедни за пешачење со соодветна зимска опрема. Утрешниот ден убаво би било битолчани да го искористат за  посета на Националниот парк Пелистер, изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски, директор на НП Пелистер Битола. Видео Иванчо Тошевски за АПЛА.мк .https://www.facebook.com/share/v/17wGQ47s6B/

СВР Битола информира  - На 09.01.2026 во 10:00 часот во  ОВР  Прилеп, Г.П.(50) од с.Кравари ,битолско пријави дека  на крстосница од ул.„Тризла“ со ул.„Горан Миноски“ во Прилеп поради недоразбирање во сообраќајот, тој и неговиот син А.П.(19) биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Центарот за управување со кризи објави информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на Република Северна Македонија до 9 часот.  
(состојба до 09:00 часот)
 
Битола
Во населбата Стрчин КЈП Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја.
Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река.
Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
Нивото на водата во реките е во опаѓање.
 
Ресен
Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП Пролетер Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.
 
Крушево
Поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена.
Екипи од ЈП Комуна, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.
Демир Хисар
Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево издаде вонредно соопштение за состојбата со водостоите во државата, предупредувајќи дека во текот на 9 и 10 јануари постои сериозна можност за нагло покачување на нивото на реките и нивно излевање од коритата. Според најновата хидролошка карта, речиси целата територија на Македонија се наоѓа во таканаречена „жолта фаза“, која означува потенцијално опасна состојба. Во оваа зона се вклучени сливот на реката Вардар и поголемиот дел од западниот, источниот и централниот дел на земјата. Единствено југоисточниот регион, односно подрачјето околу сливот на Струмица и Дојран, засега останува во зелена зона, што значи дека таму нема индикации за опасност.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, особено оние кои живеат или се движат во близина на реки, потоци и суводолници. Се препорачува избегнување на непотребни движења покрај водотеците и внимателно следење на состојбата на терен.

Предупредувањето доаѓа во период на нестабилни временски услови, кои можат брзо да предизвикаат промени во водостоите. Надлежните институции најавуваат дека ќе ја следат состојбата и во наредните денови, а граѓаните се повикуваат редовно да ги следат официјалните информации и навреме да ги почитуваат препораките.

Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег.

-Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.

Во Скопје утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер.

На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Под вода е цел атар на село Меџитлија, битолско! Граешка река и помали канали се излеаја и направи голема штета на земјоделските имоти на жителите. Состојбата е тешка, велат мештаните од Меџитлија за Апла.мк, се што имаа посадено во есенската сеидба го однесе водата. Фото А.Б за  АПЛА.мк received 3330602347087838 received 1190383436586390 received 1948709602693599 

Црна Река надојде и се заканува да го поплави селото Бучин. На терен вечерва се екипи на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. На лице место е и градоначалникот на Крушево Нико Чонески, командирот на Полициската станица Крушево и помошникот началник на СВР Битола. Ситуација е критична, се преземаат мерки за надминување на состојбата.  IMG ecd0721c7aeaaf6f7749051878685c40 V и фото Анета Блажевска IMG b1db9d20b9ac9a5afe03e3818674cad3 V IMG 2bb53b5f681dcf24a9a2d89244517887 V IMG 1eb1b3df76ef30aaf07ede7b9ef48047 V 

По вчерашните поплави на улиците, меѓите и дворовите во битолското село Кравари, ситуацијата денеска се нормализира, водата се повлече. Со механизација до доцна во ноќта и денеска интервенираа јавните претпријатија од Битола. received 1942837603282970 received 921515560308248 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани